Пракса во фирми

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Викаат дека сликата вреди 1000 зборови. Тогаш, еден испланиран ден поминат во фирма вреди еден месец предавања на факултет.

Фирмите кои се отворени за студенти-практиканти придонесуваат кон заедницата на повеќе нивоа. Тие се непроценливо школо за практикантите. Тие се мрестилиште на контакти. Перспектива за вработување и огледало на теориите кои се слушаат по предавалните.

Се поголем број фирми се интересираат за развој на програми за стажанти и практиканти. Покрај „ќарот“ кој го имаат оние во потрага по искуство, корист од праксата имаат и самите фирми кои одделуваат дел од скапоценото време на своите вработени - менторите кои ги закрилуваат практикантите. Овие фирми добиваат можност да запознаат и проверат млади, ентузијастични идни професионалци без ризикот кој е секогаш присутен при новите вработувања. Добиваат единствена можност за кревање на свесноста за својот бренд овозможувајќи директни искуства во реална деловна средина кои понатаму ќе бидат споделувани со кругот на пријатели на студентот-практикант.

Праксата е win-win ситуација за сите во кругот - бизниси, идни професионалци и образовни институции.

Еве неколку прашања за муабет:

Што мислите, што е добра пракса?

Дали би оделе на пракса?

Дали, ако сте вработени, би биле ментор на студент-практикант?

Во кои и какви фирми во земјава сметате дека вреди да се оди на пракса?
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.696
Поени од реакции
288
Јас сум бил на пракса во една наша голема компанија, али морам да кажам дека иако научив доста, повеќе беше тоа рашетување него што ми дадоа нешто да работам, пошто они пред мене немале практикант 10 години.

Треба и они да научат како се праи пракса (за тие компании што незнаат) - тоа ќе биде подобро и за нив и за практикантите.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Сум бил на пракса во една од големите банки, сето тоа беше лошо конципирано и направено само зашто мора.
Јесда мене ми паднаа фини "менторки", па навистина научив нешто иако пак беше теорија (за акредитација), но колегите кои беа таму буквално ги трансформираа во заморчиња.
Ископирај ова, однеси она, купи кафе итн...
Разбрав дека во ниедна друга банка не е подобро.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да... зезнато е све што се прави ради форма.

Добро скоцкана програма за пракса може чуда да направи, ама ништо не може да зезне работа толку како несериозен ментор.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога го видов насловот помислив дека си оставил понуди од фирми кои бараат практиканти.Дали веруваш дека е речиси невозможно некаде да влзеш како практикант подолго од еден месец?
Може прво да ме убеди некој дека има фирми кои обучуваат речиси завршени дипломци?Или се е тоа ради реда (тутунска каде редиш налози по цел ден) или некаде каде што вариш кафе (пракса од факултет пред се).
Ајде нека се јави заинтересирана фирма има луѓе кои сакаат да работат без пари и да научат нешто,за да пишат во св барем нешто инаку никаде нема да ги примат.На сто теми напишав на некој да не му треба практикант по сметководство и ревизија,помина речиси година,а никој не се јави да каже позитивен одговор.
Има можеби илјадници млади дипломци без ни еден ден работно искуство,но нема ни барем две фирми кои би викнале макар по еден да го научат како се работи.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ние за студентиве договараме со фирми, ама пеколно е тешко да стигнеш од муабет до фактичка пракса. Затоа и ја стаив темава. Ваљда некој ќе пише „еве ја ќе примам“ :) Па ќе му се закачам :D
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Преку Моја кариера која што е проект на УСАИД за вработување и практицирање на студентите од факултети си бев 2 месеци на пракса и јас и неколку мои колешки сите во различни фирми.
Јас работев 2 месеци со полно работно време и научив многу, пред се си стекнав една работна навика, работев во границите на возможното. Студирам право така да не можеа да ми дадат предмети да водам нормално, но затоа помагав одоколу, одев во суд, спремав доказни материјали итн.
Така да се на се сум задоволна ептен од праксата и од овој проект на УСАИД. Пред се Моја кариера ни врши обуки за како да направиме CV, мотивационо писмо, како да се однесуваме на интервју и комуникација со работодавачот. На овие обуки што бев сум презадоволна, се учи премногу. Потоа е добро што бараат барем основни трошоци да ни се исплатат на нас практикантите (што останатите практиканти не ги добиваат во глобала). Исто така и нашите ментори одат на обука за како да се однесуваат со практикантите. Јас бев презадоволна од односот на вработените со мене, во огромна фирма каде сите се одлично квалификувани и со големо искуство тие мене ме гледаа како колега а не како обичен практикант дојден кафе да вари. По оваа програма на УСАИД пак би сакала да одам на пракса дефинитивно.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Пракса едино каде што фирмата ти дава некои обврски поврзани со работата, ти плаќа трошоци + плата, ем те мотивира тебе со кеш ем фирмата мора да го искористи твојот потенцијал затоа што те плаќа. Значи немаш права и обврски како редовно вработените меѓутоа сепак се осеќаш како дел од таа компанија и треба нешто да сработиш а не со раце у џеб да дремеш и да идеш по бурек и јогурт
Времетраење од 6 месеци па нагоре, она месец-два тури му пепел.
Штета што ретки се фирмиве кои овозможуваат ваква пракса/тренинг.
 
Договор за пракса може да трае до 6 месеци максимум.
Тоа е пракса пред се за студенти да стекнат едно искуство. Така и треба да се свати праксата стекнување работна навика и запознавање практично со она што се изучува на факултет. И плата ниеден практикант не добива. Може само трошоци храна и превоз. И тоа ретко кој ги зима.
И во глобала фирмите не се заинтересира за практиканти точно. Ама затоа секој оглас за работа во 99% од фирмите без разлика мали или големи (тоа и за сендвичари бараат 2 годишно искуство :ubijam: ) се бара искуство никој не сака почетник. А од некаде мора да се почне... па убиј се од барање врски за нешто да се најде.

Тоа што ти погоре напиша над 6 месеци, плата да даваат, да имаш големи обврски е невозможно. Прво не ни смее тој договор да е над 6 месеци (законски) и едно е пракса да се разграничи, а тоа што ти кажа е веќе договор за работа на ограничено време.
 
Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Јас летово бев на пракса во Exploring Macedonia, фирма на Nextsense, што се занимава со промоција на туристичките понуди и културни настани во Македонија.Работев 4 часа во денот,два месеца.Моите работни задолженија беа процесирање на барањата за букинг на соби во сместувачките капацитети и хотели во државава.Додека бев таму,дечките од Nextsense работеа на тендерот за зонско паркирање,па имав можност да видам како функционира целата постапка.
Праксата ми беше понудена откако на факултет имавме задача да изработиме маркетинг план за нив.
Научив многу,пред се видов дека тоа што го учам на факултет може да се примени во реалниот свет,дека онлине компанија може успешно да работи во Македонија.

Презадоволен сум како поминав таму,вработените беа многу љубезни и од голема помош.Тие во било кое време од годината имаат практиканти и многу добро го имаат разработено системот.
 
Супер! и ја бев во Некст Сенс и, стварно, фирмата е супер организирана, вработените се млади, способни и релаксирани. Имаат обучени компаниски ментори, исо-мисо и све остало. Отворени се, транспарантни и фер. Камо среќа да има повеќе вакви кај нас.

Ако некој знае друга фирма што работи отприлика вака, стварно ќе ми значи ако напишете.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Договор за пракса може да трае до 6 месеци максимум.
Тоа е пракса пред се за студенти да стекнат едно искуство. Така и треба да се свати праксата стекнување работна навика и запознавање практично со она што се изучува на факултет. И плата ниеден практикант не добива. Може само трошоци храна и превоз. И тоа ретко кој ги зима.
И во глобала фирмите не се заинтересира за практиканти точно. Ама затоа секој оглас за работа во 99% од фирмите без разлика мали или големи (тоа и за сендвичари бараат 2 годишно искуство :ubijam: ) се бара искуство никој не сака почетник. А од некаде мора да се почне... па убиј се од барање врски за нешто да се најде.

Тоа што ти погоре напиша над 6 месеци, плата да даваат, да имаш големи обврски е невозможно. Прво не ни смее тој договор да е над 6 месеци (законски) и едно е пракса да се разграничи, а тоа што ти кажа е веќе договор за работа на ограничено време.
Да не го ограничуваме терминот пракса фиксно како што пишувало во некој закон(??)
Се согласувам дека тоа е договор за работа на ограничено време, формално правно тоа стои така меѓутоа тука треба фирмата интерно да организира програма за тренинг/обука/пракса како сакаш наречи го.
Па што ќе научиш ти ако немаш никакви обврски и одговорности? Да стануваш во 7 сабајле? Која работна навика ако не работиш ништо? Работна навика се стекнува со работа, а не со гледање, нели е така?
Моментално сум на таква “пракса“/“обука“/“тренинг“ со одредени задачи и одговорности таму, право на потпис и сл, но не комплетни обврски како редовно вработените. Обезбедена плата, храна, превоз, осигурување....ж
После сево ова добивам оценка која ќе покаже дали јас може да останам таму да продолжам со работа или да ја искористам како некое практично искуство за понатаму, да ја приложам и на факултет како документ со кој се докажува дека имам поминато некој вид на практична работа(ЕКТС го бара тоа) итн.

Што сакам да кажам, не мора зборот пракса да се ограничи на она што го напишал некој туку практично да се примени, да се долови суштината на практичната работа.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Супер! и ја бев во Некст Сенс и, стварно, фирмата е супер организирана, вработените се млади, способни и релаксирани. Имаат обучени компаниски ментори, исо-мисо и све остало. Отворени се, транспарантни и фер. Камо среќа да има повеќе вакви кај нас.

Ако некој знае друга фирма што работи отприлика вака, стварно ќе ми значи ако напишете.
Сум била во осигурителни компании што по пракса во факултет,што после неа.немој да им се обраќаш:smir:
А за друга фирма,поим немам,можеш да пробаш кај странскиве организации,таму сигурно ќе те дочекаат со отворени раце и пдоршка.(УСАИД,УНДП,ОБСЕ,...)
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Некој да не дава пракса од индустријата за прехрана или контрола на квалитет на храна и слично?

Знам дека шансите да ми даде некој шанса за пракса или вработување ми се како да сум фатил џек пот на лото... ама ај да пробам :)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Некој да не дава пракса од индустријата за прехрана или контрола на квалитет на храна и слично?

Знам дека шансите да ми даде некој шанса за пракса или вработување ми се како да сум фатил џек пот на лото... ама ај да пробам :)
Ние имаме пракса во Промес и во Жито Лукс, само проблем е да влезеш во фактичко производство ради HACCP стандардот. Ти треба санитарна книшка со потврда дека си здрав (физички, мислам :)).
Ако сакаш, ко ќе идам следниот пат (а тоа е у вторник) да се распрашам за луѓе од страна? Што профил бркаш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom