Православието ерес или вистина?

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Израел била со висока стапка на наталитет и во времето на Содом, па сепак ти не толкуваш дека и бебињата отишле да ги силуваат гостите на Лот.

Кога сите жители на Содом, и стари и млади до последниот жител дошле да ги силуваат гостите на Лот, мора БАРЕМ во една од тие фамилии да се најдело ако не бебенце тогаш едно мало детенце нели? Каде е поголема веројатноста да се нашло бебе, во 3 фамилии или во целиот град Содом?

Да, години не се спомнати, а она што е спомнато (меѓу другото) е следново:

Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
А Филип му рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш."
(Дела 8:36-37, Библијата)

Да, Исус ги прекорил учениците затоа што ги спречувале децата да доаѓаат при Него, но откако ги пуштиле Исус не ги крстил, туку само ги положил рацете на нив и си отишол.

Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија. А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.” ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму. (ев. Матеј 19:13-15, Библијата)

Ако Исус со горната изјава мислел на крштевањето тогаш зошто не ги крстил децата? Туку стихот вели "ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму".

Потенцирано е, цитирам:
"Уште не беа легнале, да одморат, кога жителите на градот, Содомците, млади и стари, целиот народ до последниот човек, ја опкружија куќата."
(Битие 19:4)

Значи стари и млади, целиот народ до последниот човек. Ти велиш бебето нема нагони, ниту пак знае што значи силување. Добро велиш. Но Светото Писмо вели и дека детето не го познава Христос, не знае што е тоа крштевање, не знае ни од колку букви се состои името Исус за да се крсти во Негово Име.

Ах не ми се верува до која лудост може да го доведе човека служењето на догмата. Бебињата верувале со сето срце во Исус :)
Што се однесува за Јован Крстителот, прочитај го внимателно следниов цитат:

„Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него. Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.” И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”“ (ев. Јован 1:32-24, Библијата)

Значи слегувањето на Светиот Дух во облик на гулаб врз Исус Христос било знакот по кој Јован го препознал и поверувал во Христос. Патем Јован Крстителот бил директно пратен од Бог со соодветна објава, за специфична и уникатна служба - да биде предвесник на Исус и да го подготви Неговиот пат. Затоа и вели „Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече“. Дали ти се сеќаваш некогаш Бог да ти рекол нешто такво? :)

Мрднувањето (заигрувањето) на неродениот Јован во утробата на Марија било Божји знак упатен до Елисавета, знак која таа веднаш го препознала. Бог е Тој Кој што направил Јован да клоцне (се изразувам со денешен речник) во утробата на Елисавета. Далеку од тоа дека неродениот Јован знел Кој и Што бил Исус пред да се роди. Ако било така, тогаш тој погоре немаше да рече „Јас не го познавав“ и немало да чека на Божјиот знак туку веднаш ќе го препознаел и тоа без гледање - нели како што тоа наводно "било" и во утробата на Елисавета.
Од 1000ци фамилии во Содом секако дека имало многу повеќе деца, отколку во 3 фамилии споменати во Светото Писмо. Но веројатноста содомските деца да се упатиле во куќата на Лот со цел да силуваат е 0. А веројатноста децата во чии куќи влегол Павле да бидет крстени е далеку далеку поголема.
Во тие фамилии со висок наталитет кои живееле во Содом имало и деца. Но децата и бебињата НЕ можат да силуваат. Тоа го кажав и во претходниот пост. Затоа пак деца во времето на апостолите кои живееле во Назарет, Капернаум и во други градови немало зошто да не бидат крстени. Ајде малку една хипотетичка ситуација да направиме: доаѓа еден од апостолите во некое јудејско селце или град и ги крштева само возрасните. Во тој случај кој го извршил крштевањето на детето кое по неколку години станало полнолетно ако се земе во предид дека во тоа време сите апостоли биле отидени на сите страни од светот да ја пренесуваат и на другите народи убавата вест? Тогаш ќе се дојде до заклучок дека апостолите поставиле некој да ја извршува таа должност. Што алудира на појава на свештенството а тоа не им оди во прилог на протестантите.

Цитатот со Етиопјанецот не ми е познат. А вака како што го читам „откорнат“ од целината и од контекстот не ми кажува ниту пак докажува нешто.
Уште не гледам цитат во кое е јасно и недвосмислено кажано дека детето не може воопшто да го познае Бог. Штом Јован Крстител нероден без да го види Исус Христос потскокнал тоа значи дека бебето ( а со тоа и детето) МОЖЕ да го познае. Не дека мора туку може да го познае. Може да го познае не е исто со не може да го познае.

Исус Христос полагал раце и на возрасни и на деца, исто така ниту крштевал возрасни ниту пак крштевал деца. Пак непотребна споредба.
{Ми се чини дека намерно некои буквално „бомбардираат“ со цитати и прават некои вратоломни споредби со цел да се збуни другиот. Но, еве, можеби и грешам.}

Никаков божји знак не бил упатен до Елисавета. Божји знак бил упатен до Јован за да физички го препознае изгледот на Месијата. Тоа значи дека тој го почувствувал уште како бебе со срцето. Сигурно дека тоа не бил некој негов вроден рефлекс што потскокнал. Јован Крстител кога бил возрасен, знаел за Христос, но не го познавал по надворешен изглед затоа е пратен голубот т.е. Светиот Дух. (воедно Господ Отецот го претставил Господ-Синот на насобраниот народ).Зарем тој би крштевал во нечиие име што не знаел што значи?
Тој познанието го добил уште како неродено бебе.
Неговата мајка пак, ВЕДНАШ и поверувала на Исусовата мајка дека таа ќе биде родилка на Месијата, а ПОТОА Јован потскокнал. На Елисавета всушност не и бил потребен никаков знак. Таа без знак и поверувала на Богородица.

Кон болдираното- и тебе да ти се заблагодарам за комплиментот ни малку ни многу туку дека сум луда. Кога некој мисли и/или верува во различно нешто од друга христијанска доминација тогаш тој е луд и е подлегнат на црковни догми. А тој што го упатува комплиментот е во апсолутно право и е ексклузивен припадник на изворната Христовата наука.
Браво! Баш христијански. И тоа најизворно христијански.
Ако толку сакате да си ги читате само вашите ставови и мислења, што не отворите (ако немате) ваш форум и таму фалете се и климајте со главите да-сите да или не- сите не. Ама изгледа требаат нови души за лов. Неинформирани.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Сериозно расправате за тоа кој колку пати е крстен? Кој колку пати го пикнале во вода? И дали му направиле траума како дете, или на старост влегувал "светиот дух" во него?

За грев сте. За жалење. Толку сте далеку од било какоб облик на духовност, што е напросто тажно. Се расправате за редактирани глупости на еден народ чија историја, менталитет и вредности немаат НИКАКВА врска со вас, и кои глупости со игра на случајот станале државна религија?

Оф леле...


:)

А бе, стварно сте за никаде. И едните и другите. Не знам дали е потрагично да се држиш за библијата ко пијан за плот, или пак да измислуваш нови лудории. Моментално главен топик ви е дали во некои три семејства имало бебе или немало бебе. Хелоооу!!! :)

Јас сум атеист ама јасно е дека крштевањето се врши на возрасни луѓе и подразбира покајание. Капењето деца е измислена работа како и многу други адети и тракатанци на православието, која сума сумарум во поглед на ритуалите е најлуда религија на планетава.

Али ако само вие продолжете јас одам по пуканки. :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Полека малку не вреѓај, покажи го тоа што православните го викаат Смирение :)
А шо велат то православнине идолопоклоничишта за поимот „смирение„. шо е тоа „смирение„? :sneaky:
 

Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
А шо велат то православнине идолопоклоничишта за поимот „смирение„. шо е тоа „смирение„? :sneaky:
Друже не се понашај како шо ти доликува. Ако ти се коментира коментирај на темата. Искрено и ми се смачи, скроз забегаа работите и се искриви насловот на темата. Ајт со здравје, не коментирам тука повеќе
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Убо, ај отвори си нова тема и таму продолжи со Твојте монолози, у стилот: „...А бе ти мене ќе ми кажеш, еве што пишува у Библијата!...„.

Поздрав и од мене.
 

Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
Убо, ај отвори си нова тема и таму продолжи со Твојте монолози, у стилот: „...А бе ти мене ќе ми кажеш, еве што пишува у Библијата!...„.

Поздрав и од мене.
Па за разлика од тебе јас не ја менувам Библијата ( одредени делови) за твоја информација ѓаволот се грижи за таа работа.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во ред, ајде, за да не ме обвинат за уништувач на забави, ајде продолжи со своите коментари и кажи што имаш да кажеш, оти темава е од Тебе отворена...
 

Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
Отворена е секој да каже што мисли. А еве ти како бранител на православната вера, доколку се нафаќаш да образложиш од каде се вметнати некои учења и дали се во согласност со Светото Писмо.
крштевање на бебиња - ок ова веќе и немора.
Митарствата ( Образложи )
свеките
празниците

повели објасни и сето да биде во поддршка со Светото Писмо.
А ако те мрзи пак да пишувавш бидејки го имаш веќе пишувано само copy/paste направи му. ;)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
повели објасни и сето да биде во поддршка со Светото Писмо.
Во ред, ме победи, ме надумдри, признавам, се повлекувам (и тн...).

Ајде сега за возврат, најди ми стих од Светото Писмо, во кој е даден рецепт за сарма од мелено свинско месо, завиткана во лозов лист.
 

Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
Во ред, ме победи, ме надумдри, признавам, се повлекувам (и тн...).

Ајде сега за возврат, најди ми стих од Светото Писмо, во кој е даден рецепт за сарма од мелено свинско месо, завиткана во лозов лист.
Ако ти се коментира да образложиш арно ако не бркај работа и не изигравај паметен.
за сарма нема да ти најдам, ама ако сакаш за гнасотиите вметнати во денешното христијанство нема да ми биде проблем. И ако коментираш коментирај на темата
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ај да не го тупам многу, ќе го речам следново:

1. Црквата Христова е востановена на Педестница, во 30-тата година од н.е.
2. Првата книга од Новиот Завет е пичувана 8 г. по Христовото воскресение.
3. Последната книга од Новиот Завет е пишувана околу 100-тата година од н.е.
4. Светото Писмо, во денешна форма, одредено е 680-та година од н.е.

Наградни прашања до Тебе:

1. Што е постаро: Црквата или Светото Писмо?
2. Што е постаро: Предането или Светото Писмо?
3. Дали Светото Писмо ја содржи Црквата или Црквата го содржи Светото Писмо (и Преданието)?
4. Што читаа/цитираа првопокрстените јудеи во периодот од 30-тата до 40-тата година од н.е.?
 

Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
Ај да не го тупам многу, ќе го речам следново:

1. Црквата Христова е востановена на Педестница, во 30-тата година од н.е.
2. Првата книга од Новиот Завет е пичувана 8 г. по Христовото воскресение.
3. Последната книга од Новиот Завет е пишувана околу 100-тата година од н.е.
4. Светото Писмо, во денешна форма, одредено е 680-та година од н.е.

Наградни прашања до Тебе:

1. Што е постаро: Црквата или Светото Писмо?
2. Што е постаро: Предането или Светото Писмо?
3. Дали Светото Писмо ја содржи Црквата или Црквата го содржи Светото Писмо (и Преданието)?
4. Што читаа/цитираа првопокрстените јудеи во периодот од 30-тата до 40-тата година од н.е.?
значи ја сврте окулу преданијата и писмото.
Океј...
1. зависи од кој агол гледаш.
Писмото го содржи Христос, Божиот карактер, суверинитет
Јован1:1,2,3
1 Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.
2 Тоа беше во почетокот во Бога.
3
Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.
Јован 1:14
14
И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со благодат и вистина
Одговор Светото Писмо постоеше пред Црквата, само не во целосен облик како што е денес, до тогаш имаа списи од Стариот завет, законот кој му беше даден на Мојесеј.
А 14тиот стих зборува сам по себе, доволно си паметен да си го протолкуваш.

2. Законот даден на Мојсеј го сметаш за предание или дел од Светото писмо, во мојата Библија е канонизиран како дел од Светото Писмо.

3. Писмото е дадено од Св. Дух за нас
2 Тимотеј
:
3:16
Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата,
И самиот Бог ја содржи Црквата а ако читаш погоре
Јован 1:1

А сега колку да знаеш дека ликовниот салон кој го нарекуваш Црква нема никаква допирна точка со Бог

Матеј: 15:3 А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание?
15:6 тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание.
Марко: 7:8 Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание.
7:9 Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!”
7:13 И така го укинувате Божјото слово со своето предание, што вие го воспоставивте, и правите многу други работи слични на ова.”
Колосјани: 2:8 Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа.

Малахија 2:3,4

3 И ќе ви ја скршам раката, ќе ви фрлам нечистота во лицето, нечистотата на вашите празници, и ќе ве отстранам заедно со нив.
4 По тоа ќе знаете: тоа беше Моја опомена, за да остане Мојот Завет со Левиј - зборува Господ над Војските.

Да не зборувам за паганизмите кои ги имате внесено уште во христијанството
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Nokia music,

барав Твои одговори, а не намерно одбрани цитати од стихови, кои ѓоамити нешто самите од себе докажуваат. Ќе испадне „онаа„ адвентистичката, каде Библијата сама себе се докажувала и сама себе се толкувала. Ех, да беша све тоа така едноставно...

Што се однесува до паганизмите кои Источната православна Црква ги воведе, на таа тема, можеш да продолжиш со Твојов моно-дијалог...Стануваш лесно предвидлив па како и случајот со еден член на форумов, напросто ми доаѓа да почнам да пишувам постови во Твое име.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Tие паганизми се оличје и печат на нашиот народ и култура. Ако ги откачиме нив - што ни останува во свет кога секој не прокламира дека сме нешто друго?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Зарем не се препознавате вие протестантите во следниов цитат од Лука 18-

15 Му донесуваа и мали деца, за да ги допре; а кога учениците го видоа тоа, им забрануваа.
16 Но Исус ги повика и рече: „Оставете ги дечињата да доаѓаат при Мене и не пречете им, зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство!
17 Вистина ви велам, кој не го прими Божјото Царство како дете, тој никако нема да влезе во него.”
 

Kajgana Shop

На врв Bottom