Правна помош и совети

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Не друже не сакам да си играм ништо,туку така ме советуваат но сепак ми е страв да не го изгубам и тоа што ми е понудено, иако викаат дека тоа ми е сигурно a немам никаков трошок ако поднесам претставка до агенцијата
Ми се допаѓа што те обвинив за 2 работи а едната не ја негираше.
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
562
Поени од реакции
10
Здраво ме интересира нешто околу условната казна што има малку нејаснотии.
Дали условната казна е прекршена доколку за време на издржување е повторено делото, но новата кривична постапка е почната после истекот на условната казна, се надевам дека бев јасен.
 
Член од
2 ноември 2020
Мислења
454
Поени од реакции
633
Сакам да зборувам со народен правобранител. Може ли некој да сподели каков било вид на контакт?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Здраво.Во Јули месец имав повреда на работно место (скршена бутна коска на три места и напукнат колк) и сето тоа е навреме пријавено во сите институции,поткрепено со изјава од сведоци,записник од трудов инспекторат,полиција,медицинска документација...Од страна на осигурителната компанија ми беше понудена оштета која е примамлива сума на пари но ме поучија да поднесам приговор и поднесов но тој беше одбиен.Сега имам опција да поднесам претставка до агенцијата за супервизија за осигурување.Ако може да ми кажете дали понудената сума може да ми биде намалена или таа ми е загарантирана или е подобро да одам на суд и кои се трошкови ќе ги имам?Ви благодарам
Ако сумата е примамлива прифати ја, земи им пари, после направи вештачење и ако во тоа вештачење е наведено дека ти следува поголем износ, тогаш пушти им предлог да се доспогодите за разликата, ако нејќат, тужи ги за разликата која е наведено во вештачењето.
Вака ако се жалиш може утре да се предомислат па да ти речат тужи не, а има разлика кога еднаш прифатиле и исплатиле, и кога не прифатиле и не исплатиле, и кога вештачењето е за цел износ, и кога е за разлика, различна тежина е, а башка ако идиш на суд за цел износ трошоците ќе ти бидат изгор, додека за разликата ќе бидат веројатно мали, па макар да изгубиш за разликата нема да ти биде криво до толку си им земал пари, а ако тужиш за цел износ и изгубиш на суд, кај пари не си зел, кај пари си дал.
Ти кажувам најискрено, не зборам на памет. :)
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Здраво.Во Јули месец имав повреда на работно место (скршена бутна коска на три места и напукнат колк) и сето тоа е навреме пријавено во сите институции,поткрепено со изјава од сведоци,записник од трудов инспекторат,полиција,медицинска документација...Од страна на осигурителната компанија ми беше понудена оштета која е примамлива сума на пари но ме поучија да поднесам приговор и поднесов но тој беше одбиен.Сега имам опција да поднесам претставка до агенцијата за супервизија за осигурување.Ако може да ми кажете дали понудената сума може да ми биде намалена или таа ми е загарантирана или е подобро да одам на суд и кои се трошкови ќе ги имам?Ви благодарам
Не знам што би променило доколку поднесеш претставка до Агенцијата?
Само ќе изгубиш непотребно време.
Такви преставки обично се поднесуваат во случаи кога од страна на осигурителната компанија се пролонгира донесувањето на одлука по однос на барањето за надомест на штета од страна на осигурителната компанија.
Во случаи кога оштетените лица чекаат повеќе месеци да добијат било каква официјална повратна информација од осигурителната компанија како правен механизам кој им стои на располагање на оштетените лица е да поднесат претставка/поплака, во која ќе бидат образложени причините заради кои странката смета дека од страна на осигурувачот се одолговлекува решавањето на предметот.
Во твојот случај донеле одлука, утврдиле постоење на штета и ти определиле соодветен паричен надомест.
Исто така одлучено е и во второстепена постапка, по изјавениот приговор.
Според мене, нема основ за пролонгирање на постапкатаа.
Изборот е јасен, или прифаќаш надомест кој ти е понуден од соигурителната компанија.
Или пак, доколку сметаш дека ти следува повеќе ќе поднесеш тужба.
Мој совет, од пракса.
Собери ја целата медицинска документација од настанот.
Побарај мислење од судски вештак, доктор по судска медицина.
Нека ги разгледа сите извештаи, снимки.
Да ти даде мислење, во однос на тоа дали дадената понуда од осигурителната комапнија е соодветна на видот и степенот на повредите?
Од судска пракса, докторите по судска медицина можат да дадат најдобар одговор во однос на реалната сума која може да се добие на суд.
Па ќе знаеш на што си.
Во случај, доколку мислењето од докторот во однос на реалната висина на штета е повисоко од сумата која ти ја нуди осигурителната компанија тогаш треба да поднесеш тужба.
Преку ангажиран адвокат, со поднесено барање за вештачење до доктор од судска медицина.
Ќе изготви докторот вештачење, кое заедно со сите докази ќе биде доставено со тужбата.
При што судот ќе ја определи висината на штетата.
Околу трошоците, истите зависат од висината на штетата која ќе ја бараш со тужбата.
Олеснителна околност е дека во меѓувреме се намалија трошоците за судски такси.
При што максимален износ кој едно физичко лице треба да го плати за судска такса за тужба е 6000 денари.
За разлика од пред некој месец, кога сумите се движеа до 48000 денари.
Што ги одвраќаше луѓето да поднесуваат тужби со повисоки парични износи.
 
bongo

ЛИВЕРПУЛ
Член од
14 октомври 2008
Мислења
87
Поени од реакции
8
Ви благодарам за вашиот совет,не поднесов претставка бидејќи ме советуваа дека е само губење време а на суд не ми се оди,така да потпишав изјава и завршив со ова.Најбитно е што јас закрепнав
 
X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Ако сумата е примамлива прифати ја, земи им пари, после направи вештачење и ако во тоа вештачење е наведено дека ти следува поголем износ, тогаш пушти им предлог да се доспогодите за разликата, ако нејќат, тужи ги за разликата која е наведено во вештачењето.
Вака ако се жалиш може утре да се предомислат па да ти речат тужи не, а има разлика кога еднаш прифатиле и исплатиле, и кога не прифатиле и не исплатиле, и кога вештачењето е за цел износ, и кога е за разлика, различна тежина е, а башка ако идиш на суд за цел износ трошоците ќе ти бидат изгор, додека за разликата ќе бидат веројатно мали, па макар да изгубиш за разликата нема да ти биде криво до толку си им земал пари, а ако тужиш за цел износ и изгубиш на суд, кај пари не си зел, кај пари си дал.
Ти кажувам најискрено, не зборам на памет. :)
Нели ако прифатиш сума потпишуваш изјава-спогодба во која е наведено дека целосно е намирена штетата и дека се откажуваш од тужба (или на др. начин формулирано)?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Нели ако прифатиш сума потпишуваш изјава-спогодба во која е наведено дека целосно е намирена штетата и дека се откажуваш од тужба (или на др. начин формулирано)?
Од тужба не можеш да се откажеш, секогаш имаш право да поднесеш тужба, демек со таквата спогодба се откажуваш од други побарувања по тој основ, но ако се утврди поинаква фактичка состојба со вештачење, и за тоа е предвидено повисок износ за надомест на штета?
Законот предвидува дека штетата се надоместува во целост, во случајов со спогодбата ќе биде надоместена штетата но нема да биде во целост, затоа остатокот ќе се бара преку судот доколку доброволно не биде надоместена во целост.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Не знам што би променило доколку поднесеш претставка до Агенцијата?
Само ќе изгубиш непотребно време.
Такви преставки обично се поднесуваат во случаи кога од страна на осигурителната компанија се пролонгира донесувањето на одлука по однос на барањето за надомест на штета од страна на осигурителната компанија.
Во случаи кога оштетените лица чекаат повеќе месеци да добијат било каква официјална повратна информација од осигурителната компанија како правен механизам кој им стои на располагање на оштетените лица е да поднесат претставка/поплака, во која ќе бидат образложени причините заради кои странката смета дека од страна на осигурувачот се одолговлекува решавањето на предметот.
Во твојот случај донеле одлука, утврдиле постоење на штета и ти определиле соодветен паричен надомест.
Исто така одлучено е и во второстепена постапка, по изјавениот приговор.
Според мене, нема основ за пролонгирање на постапкатаа.
Изборот е јасен, или прифаќаш надомест кој ти е понуден од соигурителната компанија.
Или пак, доколку сметаш дека ти следува повеќе ќе поднесеш тужба.
Мој совет, од пракса.
Собери ја целата медицинска документација од настанот.
Побарај мислење од судски вештак, доктор по судска медицина.
Нека ги разгледа сите извештаи, снимки.
Да ти даде мислење, во однос на тоа дали дадената понуда од осигурителната комапнија е соодветна на видот и степенот на повредите?
Од судска пракса, докторите по судска медицина можат да дадат најдобар одговор во однос на реалната сума која може да се добие на суд.
Па ќе знаеш на што си.
Во случај, доколку мислењето од докторот во однос на реалната висина на штета е повисоко од сумата која ти ја нуди осигурителната компанија тогаш треба да поднесеш тужба.
Преку ангажиран адвокат, со поднесено барање за вештачење до доктор од судска медицина.
Ќе изготви докторот вештачење, кое заедно со сите докази ќе биде доставено со тужбата.
При што судот ќе ја определи висината на штетата.
Околу трошоците, истите зависат од висината на штетата која ќе ја бараш со тужбата.
Олеснителна околност е дека во меѓувреме се намалија трошоците за судски такси.
При што максимален износ кој едно физичко лице треба да го плати за судска такса за тужба е 6000 денари.
За разлика од пред некој месец, кога сумите се движеа до 48000 денари.
Што ги одвраќаше луѓето да поднесуваат тужби со повисоки парични износи.
Доктор по судка медицина? Лекар ќе ја одредува висината на штетата???
Автоматски споено мислење:

Од тужба не можеш да се откажеш, секогаш имаш право да поднесеш тужба, демек со таквата спогодба се откажуваш од други побарувања по тој основ, но ако се утврди поинаква фактичка состојба со вештачење, и за тоа е предвидено повисок износ за надомест на штета?
Законот предвидува дека штетата се надоместува во целост, во случајов со спогодбата ќе биде надоместена штетата но нема да биде во целост, затоа остатокот ќе се бара преку судот доколку доброволно не биде надоместена во целост.
Како бе не можеш да се откажеш од тужба? Дали воопшто си ја видел спогодбата па вака што кажуваш со сигурност дека ќе може да тужи и по потпишување на истата?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Доктор по судка медицина? Лекар ќе ја одредува висината на штетата???
Автоматски споено мислење:

Како бе не можеш да се откажеш од тужба? Дали воопшто си ја видел спогодбата па вака што кажуваш со сигурност дека ќе може да тужи и по потпишување на истата?
Добро, штом велиш така, така нека биде :)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Совет каде да најдам закон за градба, поконкретно обрврски на инвеститорот и обештетувањето како и соодносот на стан со паркинг/гаражно место итн.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178

ај види да ова овде ќе ти помогне
 
newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
271
Поени од реакции
104
здраво, татко ми почина пред 20 дена, ненадејна смрт, беше на работа до последен ден, ми кажаа дека го следуваат три просечни плати од фирмата, а газдата несака да ги исплати..доколку тужам дали добивам сигурно или само ке губам време.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
точно законски ви следува читај тука поточно на ст.23 точка 7 еве што пишува

"Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство се исплаќа износ од три просечни плати на државата. Во случај на смрт на брачен другар, дете или родител што живее во иста семејна заедница на работникот му се исплаќа износ од две просечни плати"
 
значи нема шанси да не ги исплати, на суд сигурно добивам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom