Правна помош и совети

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Ако добро те разбрав, тука, на форумов, постојат правила за кои постои соодветна професија која што не се остварува на форум туку во пракса. Значи „соодветната професија која не се остварува на форум“ мора да ги почитува правилата на форумов, меѓутоа во пракса. Господ да чува!
Ваквите мислења заслужуваат да бидат цитирани (а не законски членови нели), како и тоа дека си составила клаузула на извршност и тоа самата!
Ајде да видам колку време ќе ти треба да ми го банираш и третиот профил (и повторно без причина)
Се дур не купиш кинеска тастатура за да го напишеш јузерот на кинески.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456
Колеги,оладете малку....:свиркам:
Право на луѓето е да си одлучат дали ќе се раководат од советите давани на форумот,дали ќе се ангажираат бранител(доколку се во можност)...(за жал многумина бегаат од адвокатите како ѓавол од крст,до некаде и со право).....:cautious:
Наше е да дадаме свое мислење....не да решаваме предмети чукајки на тастатура,предметите се решаваат на терен....
...
 
Член од
7 април 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво на сите.Имам едно прашање,кој знае нека ми договори,или кој имал искуство...

какви докази,му требаат на некој за да пријави дека бил тепан/нападнат ? при тоа,да нема видни докази ? и да нема извадено лекарско уверение ?
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Пред некое време имав сообракајна незгода. Имено додека возев (едвај 25-30 км. на час) едно девојче онака ко теле некое ни лево ни десно да погледне нито пак на пешачки со телефонот во рака ми излета пред кола и ја удрив. Инаце пишуваше СМС на телефонот и си се занела малку. Ништо не и беше освен раката малку изгребана и помодрена. Не ни знаев шо да правам и веднаш ја качив во кола и ја однесов во болница каде што исто така ја снимаа и рекоа дека не и е ништо. Исто и во полиција послето рекоа дека се е ок и дека нема да има никаква пријава од нивна страна, што и е ок, немаше. У мегувреме наредниот ден ја однесовме колата во АМСМ да ја проверат и се беќе ок. Вецерта ме тестираа за алкохол да не сум пиел и таму се беше ок, алкохол немав пиено и покажа 0% итн итн итн.... Арно ама пред неколку дена ми стигна покана за на суд. Ја прочепкав малку работава и дознав дека е од татко и приватна тужба. И покрај тоа што од кога се случи незогдата ја однесо дома и она 100 пати му рече дека таа била крива и му објасни се како пто е идиотов пак ме тужи. Така да ме интересира пто да направам во овој случај? Дали може нешто да ми наштети и сл. Кои се казните за овакво нешто (мада воопшто не се осекјам крив) дали воопшто може да ме прогласат за крив и сл... Иначе имам сведок т.е. колгегата што го вракав со мене од работа кога ова се случи седеше до мене на предното седиште.
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Значи прашањево шо го пишам е дел од меѓународни (ЕУ) закони за образование.
Мал вовед: Живеам во студентски дом во Романија. Во соба од 24м2 седиме 4 студенти. Според некои европски закони на секој студент требало да му припаѓаат 8м2, додека ние имаме по 6м2. Неделава ќе идела комиција/инспекција од ЕУ за евалуација на мојов универзитет и доколку се било во ред ќе даеле некој дебел грант на Универзитетов. Е сега сношти адмистраторпв на интернатов ги собрал студентите (јас не бев тука) и се заканил дека кога ќе дојде комисијата да сме речеле (читај: лажиме) дека во собата сме по 3ца, додека 4тиот кревет е кауч. Доколку не сме „соработувале“ ќе сме летале од интернат.
Ве молам за помош што може да направам околу ова.
Јас се мислам да пишам отворено писмо, да повикам новинари или на крај да пуштам писмо до некоја комисија од ЕУ надлежна за ова или пак да контактирам амбасада на РМ во Букурешт.

Ми треба што побрз одговор за да реагирам поскоро зошто не би сакал да лажам официјални лица на ЕУ, ама и не би сакал да бидам избркан од интерантов...
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.242
Поени од реакции
21.570
Каде можам да се пожалам за корупција на судија и несоодветно однесувајна од страна на судија? Имено се работи за спор каде што едно друго лице при (дива) градба на ѕид е навлезен во друго место (околу 15см). Е сега на суд судијката ни не послуша ни ништо, еден човек од приватен катастар беше плус како сведок и лажно изјавил дека не е влезен иако има од општинската комисија мерено дека е влезен. Секако дека ќе дадеме жалба но не ми се верува дека за ваква банална работа може да се има проблеми :facepalm:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456
Каде можам да се пожалам за корупција на судија и несоодветно однесувајна од страна на судија? Имено се работи за спор каде што едно друго лице при (дива) градба на ѕид е навлезен во друго место (околу 15см). Е сега на суд судијката ни не послуша ни ништо, еден човек од приватен катастар беше плус како сведок и лажно изјавил дека не е влезен иако има од општинската комисија мерено дека е влезен. Секако дека ќе дадеме жалба но не ми се верува дека за ваква банална работа може да се има проблеми :facepalm:
До претседателот на основниот суд каде е воден предметот....(најчесто примаат странки во приемен ден,ќе мора да ве прими).....
Најчесто овај потег не решава многу(зависи од прецедникот)....,па странките одат со друга варијатнта,бараат изземање на судијата....(нормално доколку се исполнети условите за ова)....
 
Член од
12 април 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
sakam da prasam ako smetkata mi odbiva eden izvrsitel 30% od plata dali vo isto vreme moze drug izvrsitel da go napravi istoto?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
sakam da prasam ako smetkata mi odbiva eden izvrsitel 30% od plata dali vo isto vreme moze drug izvrsitel da go napravi istoto?
Зависи за што е извршувањето, према член 105 од закон за извршување до пола плата може да се задржува во случаеви на надокнада на штета при нарушување на здравје, намалена или изгубена работна способност. Се друго е 1 третина од плата.

Ограничување на извршувањето
Член 105
(1) Извршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок
наместо плата, за побарување врз основа на законска издршка,
надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или
намалување, односно губење на работната способност и надоместок на
штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката, може
да се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друга
основа - до износот од една третина на платата или пензијата.
 
Член од
12 април 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Зависи за што е извршувањето, према член 105 од закон за извршување до пола плата може да се задржува во случаеви на надокнада на штета при нарушување на здравје, намалена или изгубена работна способност. Се друго е 1 третина од плата.

Ограничување на извршувањето
Член 105
(1) Извршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок
наместо плата, за побарување врз основа на законска издршка,
надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или
намалување, односно губење на работната способност и надоместок на
штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката, може
да се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друга
основа - до износот од една третина на платата или пензијата.
bas i ne razbrav ubavo megjutoa mene veke mi odbivaat 30% od plata ,a sega i drug izvrsitel saka da mi odbie uste 30% dali moze toa da go napravi posto toa veke ke bide 60 i kusur %
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
bas i ne razbrav ubavo megjutoa mene veke mi odbivaat 30% od plata ,a sega i drug izvrsitel saka da mi odbie uste 30% dali moze toa da go napravi posto toa veke ke bide 60 i kusur %
Aко треба да му плаќаш на некој за нанесени повреди, намалена или изгубена работоспособност или мислам и алиментација дека е тука влезена али не сум сигурен, значи можи до 50% плата, то би значило дека тој другиот во тој случај би можел уште 20% да ти задржи.
Али ако е борчот од оние нашите стандардни (картици, кредити...) тогаш само 1 третина од плата. Другиот извршител ќе чека да ти се оспободи платата од сегашни задршки па тој да ти задржува. Најубо е од на работа да му пратат писмено или ти земи потврда од на работа дека имаш веќе една третина задршки и дека кога ќе завршат тие обврски ќе почнат неговите да се реализираат. Извршителите знат да бидат доста и агресивни и да се закануваат се со цел да си ги наплатат парите (тоа им е и работа) али си постои закон и се знае што и како може, се случува да задржуваат и повеќе онака ако налетаат кај шо не се разбира чоекот или дури и со притисоци на работодавецот. Али се е тоа нелегално и можеш и да ги тужиш и да бараш пари назат а во некои случаеви и да се жалиш во нивната комора па и лиценца да изгуби. Најчесто играат на карта на заборчен подисплашен граѓанин кој не го знае законот.
 
Член од
12 април 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
e fala ti mnogu bratce za sovetot jas vo princip znaev deka e taka ama ovoj vtoriot izvrsitel mi rece deka vo isto vreme mozel i toj da si zeme tretina od plata , a jas treba da se cudam od sto ke ziveam posle, ama toa niv ne gi interesira pa proba da se dogovori za sam da si plakam ama ne se moze.Fala uste ednas. poz.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Потребен ми е правен совет, во врска со мојата заложба да се спротивставам на наплатата на паркирање.
Овој пат се работи за наплата на паркирање во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.
Се работи за јавни паркиралишта кои според Законот за јавни патишта се добро во општа употреба
Меѓутоа Советот на Градот Скопје си донел одлука во која овие паркиралишта ги прогласил за ствари во соптственост на Градот и ги дал на користење ЈП Градски паркинг. Но овие паркиралшта се наоѓаат на територија на Општина центар и воопшто не се ствари
Еве како гласи таа одлука:
Година:2013Број:2Датум на издавање:01/10/2013

Општина:Совет на Град СкопјеТип:Одлука
Наслов:Одлука за давање на користење недвижни ствари на ЈП Градски Паркинг - СкопјеТекст:Врз основа на член 36, точка 10, од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ брoj 5/02), Советот на Град Скопје, на единаесеттата вонредна седница, одржана на 9 јануари 2013 година, донесе:

ОДЛУКАза давање на користење недвижни ствари на ЈП Градски Паркинг - Скопје
Член 1
Со оваа одлука Градот Скопје ги дава на користење на ЈП Градски Паркинг следниве недвижни ствари:
      • паркинг простор со површина од 2731 м2 со следните мери и граници: од северозапад во должина 98.70м, 2.50м, 1.65м и 15.30м, од југоисток во должина од 7.00м, од југозапад во должина од 65.10м, 18.80м, 36.65м, 13.95м, 32.50м, 5.75м и 23.40м и од северозапад во должина од 18.15м и 3.00м, лоциран на ул. „Водњанска“, Катастерска парцела бр. 429, Катастерска Општина Центар 2, евидентиран во Имотен лист бр. 15138 и
      • паркинг простор со површина од 1818 м2 со следните мери и граници: од североисток во должина од 9.20м, 6.70м, 6.30м, 4.05м и 4.00м од југоисток во должина од 7.80м, 21.40м, 5.60м, 6.80м, 18.40м и 10.00м, од југозапад во должина од 9.40м, 3.50м и 17.85м и од северозапад во должина од 62.80м, лоциран на ул. „Водњанска“, Катастерска парцела бр. 429, Катастерска Општина Центар 2, евидентиран во Имотен лист бр. 15186.
Член 2
ЈП Градски Паркинг има право да ги користи недвижните ствари од член 1 исклучиво со намена организирање на паркирање за потребите на Комплексот Клиники „Мајка Тереза“.
Член 3
ЈП Градски Паркинг од месечната добивка остварена од користење на недвижните ствари од член 1 во сооднос 2:1, два дела ќе задржи за сопствени потреби, а еден дел ќе му префрли на Министерството за здравство на РМ.
Член 4
Недвижните ствари од член 1 му се даваат на користење на ЈП Градски Паркинг за период од 10 (десет) години.
Член 5
Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје.
Број 07 – 150/19 јануари 2013 годинаСкопје
За слична работа, но во Охрид, се обратив со иницијатива на Уставниот суд, но тој ја отфрли со Решение У.Број:118/2012-0-0, со образложение дека се работи за поединечен акт.
Еве како е образложено:

Поаѓајќи од правните елементи кои го определуваат прописот, според кои тој треба да содржи општи норми на однесување, да уредува односи на субјектите во правото на општ начин и на неопределен број на субјекти во правото, Судот оцени дека во конкретниот случај, оспорената одлука нема карактер на пропис во смисла на член 110 од Уставот.

Оспорената одлука е донесена од страна на Советот на општина Охрид, на седницата одржана на 27 април 2012 година. Со наведената одлука, Советот одлучил петнаесет точно определени паркинг простори во општина Охрид да ги отстапи на користење на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ Охрид.

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ е основано со одлука на Советот на општина Охрид, бр.07-344/16 од 28 февруари 2008 година. Неговата основна дејност е одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори.

Од содржината на оспорената одлука произлегува дека истата не содржи општи норми на однесување и со неа не се регулираат на општ начин права и обврски за неопределен број на субјекти во правото, туку станува збор за поединечен, конкретен акт, со кој Советот на општина Охрид одлучува за отстапување на користење на конкретен имот– паркинг простори во сопственост на општината, на јавно претпријатие основано од општината за одржување и користење на јавни паркинг простори.

Според тоа, Судот оцени дека оспорената одлука не го задоволува критериумот за пропис подобен за уставно-судска оцена, поради што не се исполнети условите Судот да се впушта во анализа на основаноста на наводите во иницијативата и дека согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд, иницијативата треба да се отфрли.

.........
Ми треба Ваше мислење и совет што може друго да се превземе?
Дали Јавниот правобранител може да помогне околу ова?
 
Член од
10 февруари 2013
Мислења
26
Поени од реакции
0
дали знај некој дали работат нотарите во сабота ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom