Друже аман бе, не пишувај безвезе. Има тема се вика Професионализам на Кајгана. Ако си адвоакт најди си клиенти и советувај ги во целост. Овде нема да може.
Ајде одговори ми ти „друже“ што од моето однесување не во согласност со Професионализам на Кајгана? Составив некому некоја исправа или поднесок? Дадов образец за било што? Зарем Јас не давам свое мислење за правниот проблем на форумџиите или пак моето мислење ако е дадено професионално и со намера некому да му се помогне претставува повреда на правилата на форумот. Според тебе, доколку моето мислење е погрешно и нецелосно тогаш е во ред и нема да биде избришано, но доколку моето мислење е правно издржано тогаш веднаш треба да биде избришано и мојот профил баниран?
Самата имаш напишано - совет секако, а кога јас сум направил нешто повеќе од давање на совет? Но, некому очигледно дека егото му е повредено па бришењето на постовите му го лечи истото. Слободно врати се и поназад и избриши ги и претходните мои постови кога веќе не можеш да се вратиш во времето на твоите претци и идоли и да ги запалиш пишаните книги со кои не се согласуваш!
П.С.
Не може правник од форумот и да сака да изготви клаузула на извршност, туку и единствено може да состави само барање за ставање на клаузула на извршност.
ВАЖНО!
Со оглед на тоа што во изминатиов период, следејќи го овој подфорум за Право и правни совети, апелирам до сите оние кои ќе бараат совет- Поставувајте нормални ПРАШАЊА, а НЕ ДА БАРАТЕ УСЛУГИ од правниците на Форумов.
Не, не може
правник од форумов да ви изготвува клаузули за извршност, Договри за купопродажба, обрасци за било што или полномошна.
Правник од Кајгана може само ДА ДАДЕ СВОЕ МИСЛЕЊЕ за вашиот проблем, или прашање, а не да барате од него да ВИ ИЗВРШИ УСЛУГА.
Нормално, доколку некој работи како нотар, адвокат и сл, преку ПП може да си се договарате за услуги и вршење на гореспоменатите активности со одреден надомест.
Ова го пишувам за во иднина нашата правничка (правосудна) професија да биде заштитена и платена како што доликува, а не секому да се вршат услуги, за едно "благодарам".
Знам, сите чекаат на готово и сите сакаат безпари да си завршат работа, но овде нема да може. Приватни пораки да, надомст да, доколку некој е професионалец,
совет- секако, вршење услуга за без пари - никако.