Правна помош и совети

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Незнам дали е за тука баш прашањево:smir:
Ако се сомневаш во веродостојноста на потпис ставен на купопродажен договор,која институција врши вештачење на потписи и дали има приватни институции кои го работат ова?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
leandra напиша:

Пред суд, и од суд овластен вештак :)
 
Член од
13 јуни 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Mandrak напиша:
Ок, еве едно прашање кое верувам и многумина вработени форумџии ги мачи.
-Општо прифатен тренд кај најголем број работодавци во Македонија е кога вработуваат некого да договорат еден износ на личен доход (на пример 20.000 денари), а придонесите за истиот вработен да ги плаќаат како да е платата минимална во актуелната гранка. Ова мене ми се има случено кога пред година дена додека бев вработен кај работодавец, се обидов да извадам VISA кредитна картичка. Платата ми беше во износ од околу 32.000, а бев пријавен на 8.000 според документите кои ги добив од сметководството на фирмата во која работев. Нормално, не добив кредитна картичка.
-Би сакал да знам како и на кој начин можеме да се бориме против ваквите појави кои безмилосно не оштетуваат речиси сите, а главниот ефект ќе го видиме оној миг кога ќе се пензионираме и кога ќе добиеме најмала можна пензија.
За VISA од Стопанска Банка се бараше потврда од работодавецот за износот на твојот личен доход. Таму ќе кажеш да ти пишат повеќе и готово, никаде не даваш договор за работа.
Инаку не се секирај за пензијата. Догодина ќе почне да функционира 100 % приватен пензиски фонд и ќе си имаш пензија колкава сакаш, иако си пријавен на минималец. Ако не ти се чека речи му на работодавецот да ти скрати од платата и да те пријави на повисока стапка !!! (п.с. не се будали):nenene::salut:
 
Член од
13 јуни 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Покриен задник муви не го плукаат! Значи пред да потпишете договор, секогаш провери го идентитетот на лицето (лична карта) кое потпишува ако е физичко лице и ако е фирма регистрација на фирмата или по ново решение од Централен Регистар, во рубрика овластено лице или управител, само тој е потписник. Сево ова го верифицира нотар и ќе ви земе околу 500 денари.

leandra напиша:
Незнам дали е за тука баш прашањево:smir:
Ако се сомневаш во веродостојноста на потпис ставен на купопродажен договор,која институција врши вештачење на потписи и дали има приватни институции кои го работат ова?
 
dLt-Ed

молчењето е злато
Член од
29 јануари 2006
Мислења
126
Поени од реакции
3
leandra напиша:
Незнам дали е за тука баш прашањево:smir:
Ако се сомневаш во веродостојноста на потпис ставен на купопродажен договор,која институција врши вештачење на потписи и дали има приватни институции кои го работат ова?

Приватни институции во македонија нема, но можеш да побараш вештачење на потпис преку суд, МВР се надлежни за ова.
Има неколку што се овластени вештаци за на суд (а тебе таков ти треба) Еден од нив ми е добар познаник (сепак не пријател) и од тоа што он го кажува потпис никогаш не можат (смеат) да вештачат со 100% сигурност. Секогаш се дава мислење, а понатака ако е работата до суд дојдена, судот пресудува.

п.с. Жалам што покасно ја видов твојата порака.
 
Tanurovski

How you doin'
Член од
21 јуни 2007
Мислења
56
Поени од реакции
4
Не знам дали во оваа тема треба да пишувам, затоа што веќе има една такава тема, ама сепак, од областа на правната помош е. :) Вака, го читав овој новиов закон за сообраќај и една работа не ми е јасна, во законот пишува дека има ограничувања за возачите-почетници во однос на повеќе работи, меѓу кои и тоа дека не смеат да управуваат со моторни возила од 11:00 до 05:00, а никаде, ама баш никаде во законот не пишува колку ќе изнесува паричната казна, или казнени поени, доколку се фати возач-почетник во тој временски интервал.
 
duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
Tanurovski напиша:
Вака, го читав овој новиов закон за сообраќај и една работа не ми е јасна, во законот пишува дека има ограничувања за возачите-почетници во однос на повеќе работи, меѓу кои и тоа дека не смеат да управуваат со моторни возила од 11:00 до 05:00, а никаде, ама баш никаде во законот не пишува колку ќе изнесува паричната казна, или казнени поени, доколку се фати возач-почетник во тој временски интервал.
Законот за сообраќај или како што поточно се нарекува Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата е закон кој брои 159 страни и 433 члена.Мислам дека не си го прочитал цел или не онака како што треба.Истиот се наога на www.pravo.org.mk под овој вториот назив и во него точно се напишани сите казни било парични или казнени поени за секој прекршок од страна на возачот, овластеното лице или правното лице како и она правно лице кое врши регистрација на возилата.Прочитај во делот за прекршочни постапки или во одделот посебни мерки за безбедност каде се застапени сите овие работи.Во секој случај прочитај го убаво целиот закон.Поздрав:helou:
 
Z

zlaki

Гостин
pred 2-god.izdadov del.objekt, so koj dogovorot go potpisavme kaj advokat kako zakupodavec i zakupoprimac.no zakupoprimacot ne si ja izvrsi dolznosta kon ESM(neplatil struja a e obvrzan vo dogovorot),so sto toj kako zakupoprimac se obvrza so dogovor sklucen vo ESM deka ce go podmiri na rati vo celost.do denes nema nisto izmireno a dogovorot so ESM veke e istecen.sto ponatamu?...objektot ne raboti skoro 1.5 god.slusnav deka po osnov na zastarenost na dolg za del.objekt se brisele zaostanatite smetki?dali e toa tocno i mi treba HITNO sovet... sakam da ja isteram pravdata do kraj so sto ce go primoram da si ja plati strujata zatoa sto el.broilo e na moe ime..
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Злаки, вака:
1. Чим го потпишал договорот со ЕСМ, и како што разбрав, во негово име, во својство на закупопримач, тој е тој којшто ЕСМ ќе го гони.
2. Точно е дека периодичните побарувања според ЗОО (Закон за облигациони односи) во кои спаѓа и побарувањето по основ на испорачана електрична енергија застаруваат во рок од една година од денот на нивното доспевање, за сите оние кои се во таков однос, не само деловните објекти, но бидејќи е потпишан договор, ова паѓа во вода, бидејќи настанал нов облигационен однос, за кој важат други правни правила. И, сигурно, ЕСМ покренала тужба против потписникот на тој договор, т.е. закупопримачот.
3. Во меѓувреме, можеш да поднесеш една тужба против закупопримачот, со која ќе бараш од судот да се утврди дека договорот за закуп е раскинат, и ќе побараш да ти плати штетата која евентуално си ја трпел поради неисполнувањето на обврските на закупопримачот( меѓу која спаѓа и неплатената струја).
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
472
Поени од реакции
27

стручно т.е добро објаснето но сепак мислам дека застаруваат за 3 години но не сум сигурен.....
иначе струмикс само за адвокат или судија си :salut:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
стручно т.е добро објаснето но сепак мислам дека застаруваат за 3 години но не сум сигурен.....
иначе струмикс само за адвокат или судија си :salut:
Сигурно за една година. за нив течат посебни рокови, пократки од општите :smir:
 
Z

zlaki

Гостин
Благодарам Струмикс,ако може мало појаснување...:helou:

1.Договорот со кој го потпиша закуопримачот и ЕСМ има валидност 6-месеци(?)мислам.Досега не е побарано од ЕСМ да го реализира договорот со закупопримчот.
2.Доколку го тужам,закупопримачот може ли(?)да се повика на договорот со кој го има склучено со ЕСМ (кој е истечен)и со самото тоа да се изјасни дека тој е должник на ЕСМ а не на мене?
3.Дали и како да постапам по кој член да се повикам од ЗОО да доставам до ЕСМ за застареност на долг.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Благодарам Струмикс,ако може мало појаснување...:helou:

1.Договорот со кој го потпиша закуопримачот и ЕСМ има валидност 6-месеци(?)мислам.Досега не е побарано од ЕСМ да го реализира договорот со закупопримчот.
2.Доколку го тужам,закупопримачот може ли(?)да се повика на договорот со кој го има склучено со ЕСМ (кој е истечен)и со самото тоа да се изјасни дека тој е должник на ЕСМ а не на мене?
3.Дали и како да постапам по кој член да се повикам од ЗОО да доставам до ЕСМ за застареност на долг.
Ај да појаснам:
1. Договорот има РОК од 6 месеци, најверојатно, за исплата на долгот на 6 рати. и тоа не значи дека застарел, т.е. истечел. Договорот не е исполнет. Застарувањето е 5 години (мислам) од денот на доспевање на последната рата, и тоа е времето во кое ЕСМ во конкретниот случај, може да преземе правни мерки за присилно исполнување на договорот, т.е. тужби, барање за присилна наплата и сл.
2. Теоретски може, но поверојатно и посигурно ти е да играш на картата, ако ЕСМ не ти испорачува струја во објектот, да се повикаш на тој договор помеѓу закупопримачот и ЕСМ, и да им стегнеш тужба за утврдување на долгот (кој ти го немаш) и испорачување на ел. енергија, како и надомест на штета поради неиспорачување на истата против ЕСМ.
Евентуалната тужба против закупопримачот би се однесувала за штетата која си ја трпел поради неисполнувањето на неговите обврски од договорот (освен струјата на пр.) ако има такви. А доколку ЕСМ те тужи и тебе солидарно, како должник, секако ќе се повикаш на договорот за закуп кој си го правел со закупопримачот, и оној помеѓу закупопримачот и ЕСМ и со кои судот ќе го отфрли тужбеното барање кон тебе како неосновано.
3. Правната служба на ЕСМ не е толку глупа, па затоа и понудува такви договори со кои нема рок на застареност од 1 туку од 5 години, бидејќи тоа е сосема друг правен однос, а не испорака на ел. енергија. Така да, прочитај пак под 1. и не се надевај на застареност, штом закупопримачот потпишал со ЕСМ договор.
 
A

anaveno

Гостин
цитат..
pred 2-god.izdadov del.objekt, so koj dogovorot go potpisavme kaj advokat..
нели бре има НОТАРИ?...
1.колку е валиден тој договор така потпишан?..
1.А.си плаќал ли данок од добивката (киријата)?..(или затоа.. на адвокат?)
2.за струјата е потпишано со ЕСМ или со ЕВН?..
3.како гласи (членовите) на договорот за продажба на ЕСМ на ЕВН?..
како е регулирано тоа за претходните долгови?..
има ли ДУПКА во договорот?..
и т.н....
 
Z

zlaki

Гостин
okej Strumiks sega e pojasno- thanks-

ZA ANAVENO:
1.stom advokatot go izgotvi dogovorot i stavi negov pecat i vo dogovorot gi vmetna licnite podatoci na dvete stranki od dogovorot so koj ima nekolku tocki(clena)vo nego sigurno deka e validen(?)so sto i nie se obvrzavme da gi pocituvame dogovorenite tocki.
2.se raboti za 7-mesecen dogovor za koj zakupoprimacot napravi dolg kon elektrodistribucija P.E Kavadarci od 83.000.00den.(dali e EVN ili ESM ne znam)
3.se e izmireno od moja strana kon drzavata,sopstvenik sum na kafe-bar

od ANAVENO___________________________________________
3.како гласи (членовите) на договорот за продажба на ЕСМ на ЕВН?..
како е регулирано тоа за претходните долгови?..
има ли ДУПКА во договорот?..
и т.н....
________________________________________________________
------toa mi e nejasno............:nesvest:
------------------------------------------------------------
sekako deka barav pomos od moi prijateli koi se advokati,no sekogas dobivam razlicni mislenja(nemoj da go tuzis ne e vo raboten odnos i nema sto da mu zemat...e edno od mnogute odgovori)..(nema nisto na negovo ime)itn.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom