Здраво, ме интересира ваше мислење на следнава тема:
Во потрага сум по стан. Агенција ми нуди стан што ми одговара. Одам да го видам, супер станче, вдовец го продава. Проверувам катастар, чист имотен лист. Ме чека вдовецот да ми одобрат кредит од банка, го купувам. Договор солемнизиран на нотар, си живеам во станот пет години. Јас се водам ко сопственик во катастар, редовно плаќан данок на имот.
Станот е купен во јануари 2019 година, во април 2024 ѕвони некој кај мене на работа, ме бараат по име и презиме, бара жената да потпишам нешто пред да ми даде плико, потпишувам, отворам плико - покана за суд.
Вдовецот од којшто го купив станот имал ќерка единка која не знаела дека го продал станот. Станот не бил предмет на оставинска постапка никогаш. Мајката е почината одамна, ќерката и таткото смртно скарани. Таткото ѝ има подарено голем стан на ќерката. Таткото сакал да продаде уште еден стан, но ќерката го осуетила и само што се склучил преддоговор за тој друг стан, поднела тужба, го раскинале преддоговорот и судот ѝ досудил 1/4 право на сопственост. Сега го бара истото и за мојот стан.
Јас живеам во мојот стан од 2019, значи пет години, договорот е исполнет во целост, имам хипотекарен кредит што редовно и ажурно си го подмирувам.
Рочиштето од мај го презакажаа за ноември. Првотужен е таткото, тој е 1935-6- некоја година роден, со изгубен говор, скоро и неподвижен. Јас сум второтужена, скроз не ми е јасно зошто ме мешаат во нивните приватни работи, јас сум купила стан, сум платила стан, немал никаков товар станот во моментот на склучување на договорот.
Што може да се случи? Што ако таткото почине?