Правна помош и совети

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Нема, нотарски акт е со печат од град скопје
Исто е, солемн. и нотарскиот акт имаат иста вредност. Печатот од Град Скопје ти е дека се ослободува од данок. Однеси го во катастар да го спроведат, ако те одбијат барај адвокат, ке мора да се оспори тестаментот па во постапка ке се докаже дека тој имот не е оставина туку е на татко ти.... Во секој случај тој имот ке го добиеш, но не работи на своја рака туку земи си адвокат. Не е тоа некој тежок случај, било кој адвокат ке го добие.
 
Член од
5 март 2023
Мислења
9
Поени од реакции
5

Благодарам на одговорот, тестаментот сеуште не е спроведен не е почната оставинската постапка, само е прогласен тестаментот, имотот во катастар си стои во целост како во договорот за дар. Затоа ме интересира дали истиот можам да го спроведам во катастар пред да се прави оставинска постапка.
 
Пробај. Ама итно барај и адвокат.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
507
Поени од реакции
509
Благодарам на одговорот, тестаментот сеуште не е спроведен не е почната оставинската постапка, само е прогласен тестаментот, имотот во катастар си стои во целост како во договорот за дар. Затоа ме интересира дали истиот можам да го спроведам во катастар пред да се прави оставинска постапка.
Пробај во Катастар ако не дозволат, тогаш преку нотар, иако искрено не верувам да го спроведат затоа што стекнувачот (даропримачот) е починат, а починато лице не може да стекнува право на сопственост, а договорот за дар е правен основ за стекнување на право на сопственост, е сега ако успееш тестаменталниот наследник ќе дознае и тоа е основ за поништување на запишувањето, али пробај мк и сè е можно.

Најдобро е поднеси предлог за времена мерка да не може врз недвижността предмет на договорот да се воспостави право на сопственост, и веднаш поведи оставинска постапка за татко ти, кога ќе те прогласат за наследник со нотарското решение и договорот за дар ќе бараш дарот да биде запишан на твое име, спроведен во Катастар доколку не успееш директно да го спроведеш претходнп договорот.
Ако чекаш оставинска постапка каде што ќе се разгледува тестаментот возможно е да не го признае нотарот договорот и да ве упати на парница, затоа што во конкретниот случај договорот е правен основ за запишување но се додека не се спроведе во Катастар сопственоста на дарот е се уште на дарувачот/оставителот, а кој во момент на составување на тестаментот тој бил сопственик на недвижниот имот прдмет на договорот за дар.

Значи пробај директно да го спроведеш ако не успееш само тоа што ти пишав погоре е решение, и обавезно ангажирај адвокат.
 
Член од
13 септември 2023
Мислења
6
Поени од реакции
0
Совет,ми стигна покана од основен суд за казна која не сум ја платил т.е неносење возачка дозвола
Проблемот е во тоа што не можам да присуствувам на суд поради тоа што сум во странство и нема бргу да се вратам
На поканата пишува ако не присуствувам ќе ме приведуваат
Ве молам некој совет
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
16
Поени од реакции
1
Здраво, ве молам за совет.
Живеам во куќа, која од една страна нема ограда, не ми е заграден дворот, има простор околу 6 метри слободен до зграда.
Мој простор по имотен лист имам 1 метар од куќата, каде и планирам да поставам ограда.
Прашањето ми е дали е потребно да поднесувам некое барање, има ли некоја процедура, или почнувам со мало темелче и си поставувам ограда?
Ве молам за некој совет
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.691
Поени од реакции
6.019

Tocno pravno, neznam....
Ako ti pomogne sovet kako jas postapiv za ograda na vikendica - viknav geodetsko biro, tie dojdoa, izmerija po GPS koordinati, oznacija i postavija kolcinja na tocno mesto. Posle jas si mestev ograda....
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.388
Здраво, ве молам за совет.
Живеам во куќа, која од една страна нема ограда, не ми е заграден дворот, има простор околу 6 метри слободен до зграда.
Мој простор по имотен лист имам 1 метар од куќата, каде и планирам да поставам ограда.
Прашањето ми е дали е потребно да поднесувам некое барање, има ли некоја процедура, или почнувам со мало темелче и си поставувам ограда?
Ве молам за некој совет
У твое место можеш и кинески ѕид да си ставеш не е проблем,
законот вика ако неќе некој од комшијата да учествува можеш да си поставиш ограда во твојот дел и да не навлегуваш во сопственоста на комшијата, ако се договорите идеално е да биде на средина и да се поделат трошоците, ама никој не може да ти забрани во твоето место да си поставиш ограда.

Ти имаш предност што граничиш со зграда и да си го прошириш дворот, можеш да си продолжиш некој метар плус, ако некој од зградата се побуни, речи му да викне геометр да измери ако мисле дека не е така оти ти си знаел дека е вака, пред некоја година зимаа 100 евра сега сигурно е поскапо и нема шанси да се погодат кој да плати и никој нема да викне геометар, ако некогаш дојде ред да се мере и видат дека си влегол можат да ти ја бутнат оградата, затоа ќе си ставеш помало ѕидче 20цм максимум ширина и мала висина, со мало темелче и ако дојде ред да ти бутаат си ја вадеш оградата и после пак ќе си ја искористиш за новата ограда, значи махер прва класа, во оваа дива лига држава не гледам зошто да не искористиш малку.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Пред повеќе од шес месеци ангажирав столар со кого имаме потпишано договор за изработка на мебел. Првичниот рок за изработка на целокупниот мебел беше 50 работни денови, кои очигледно поминаа пред повеќе од 3 месеци. Иако имаме платено повеќе од 70%, а реално ништо не е до крај финализирано. Молам за правен совет дали тој договор потпишан меѓу мене и него, секако незаверен на нотра има некакво значење, и дали правно можам некако да го решам овој проблем, кога очигледно со убаво и со разговор не може ништо до крај да се реши
 
Ти преостанува само да тужиш за раскинување на договор заради неисполнување и враќање на парите со законска казнена камата, и дополнително можеш да истакнеш барање за надомест на штета, доколку со неисполнување на обврската од негова страна ти е сторена штета, исто да бараш пенали за задоцнување само доколку е таква одредба предвидена во договорот.
Првично може со една опомена можеби ќе се вразуми али во краен случај е тужба инаку тешко парите да си ги вратиш назад, е сега клучно е како си му плаќал дали на рака или на трансакциска, ако сакаш пиши ми во порака.
 
Член од
11 јуни 2016
Мислења
22
Поени од реакции
1
Zdravo na automobil u dvizenje kuca go udrilo i ne može da ja najde predna tablica ,sto može da prevzeme
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.752
Поени од реакции
12.214
Дали адвокат (со или без мое полномошно, не знам) може да има увид во постапката до кај е Увидна полиција при МВР со записник од сообраќајна незгода во која сум оштетен? Од април (пишав и претходно) досега се поминати седум месеци (двапати проверв лично, оти на телефон не одговараат...наводно сеуште се подготвува) па се сомневам во тоа да не е интервенирано воопшто и да не се направи записник од странката која ме оштети мене и уште еден учесник во истата сообраќајка.
И доколку може, колку би ме чинело тоа? Фала.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Дворот на мојот починат чичко се води на Р.Македонија ,куќата тој ја остави во наследство на татко ми, е сега во општина ми велат дека порано чичко ми поднесувал документи за легализација на дворот по принципот 1 евро за квадрат и сега треба да платам околу 22 иљади ден. за да го префрлам дворот да се води на име на татко ми, моето прашање е дали ако ги платам овие пари тоа ќе биде крајниот трошок? Да не ми бараат после уште пари да давам за некои други ставки?
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
159
Поени од реакции
49
Здраво!
Ве молам за одговор,
Се извинувам ако на погрешна тема пишувам,
Обично ми стига 1000ден месечно за вода. Но во за месец Август ми стигна сметка од 9,740 денари... нелогично. Бев и во Охрид скоро 20дена нема кој толку да потроши... немам ни базени ни фонтани во двор. Два пати бев да пријавам, ми зимаа број, цел месец чекам да дојдат да прочитаат водомер... ништо. Немам долгови кон Водовод. Само оваа сметка е чудна. На крај сама сликнав водомерот од шахтата и им пратив емајл. Викаат дека неможе да ја корегираат сметката :(
Тоа е така зашто 8-9 месеци не бил прочитан водомерот и е пресметано согласност со состојбата на водомерот.

Што да правам?
Искрено не можам да верувам дека е толку количина вода потрошено... сама живеам. Прв пат ваква сметка добивам.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.971
Поени од реакции
7.623

Pa procitaj si sama kolku m3 ti naplacaat i koja sotojba e kako aktuelna vnesena. Ako odgovaraat brojkite so taa a saatot togash ti naplajcale se meseci pomalku i mora da si platish. Mozhebi bi mozhela da se dogovorosh na Rati

Ako brojkata shto im e vnesena e povisoka od taa na saatot odi karaj se so toa odgovornite, tie na shater ne mozhat da ti pomognat.

Neznam shto se ti naplajchaat so taa smetka ( djubretarina,kanal ...)ama 1000denari sama da plajchash barem sprema prilepska smeta se i taka mnogu za samec.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom