Правна помош и совети

Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Затвара оти нема приход . Мора да плаќа доходи .

Ти си работел до средина јули . Месец дена поминува . Закани се со пријавување,блефирај .Дај му два месеца рок . Ако заебава ,барај си адвокат и пари назад и камата шо ти тече од неисплатена плата над 15ти законски рок на месецот неисплатено .До 15 во месец им е легално,над 15ти закаснување им тече камата казна +платата од месецот.
Ова си правете бош муабет. Ке го пријави во УЈП?! Па УЈП уште после 15ти во месецот знаат дека нема поминато плата и му ропаат блокада на сметката за наплата на неисплатените плати и придонеси. Шо друго ке му прават УЈП? Нема потреба ниту од суд, ако не се наплати по блокадата од УЈП тешко дека ке се наплати и по судска пресуда, сметката е таа истата а по се изгледа дека фирмата повеке не работи, па човекот само ке се изложи на судски трошоци кои ке треба да ги плати а на крај ке има книжуле на кое ке пишува дека има за земање а нема да земи никогаш.
Прво што треба да направи е да се информира дали фирмата сеуште работи, дали има некоја друга активност или била направена само за кафиќот кој повеке не го работи. Ако фирмата има други активности и има имот од кој може да се наплати, вториот чекор му е да провери во УЈП дали има поднесено декларација за платите и придонесите и дали истиот го има во декларацијата. ако го има во декларацијата а фирмата работи, тогаш може да процени дали веднаш да тужи или да почека да види дали ке се наплати по блокадата од УЈП. Ако не се наплаќа по блокадата од УЈП тогаш треба да поднесе тужба и да има во предвид дека по пресудата ке се наплати единствено ако фирмата има имот над кој може да се спроведе извршување.... ништо не се знае, многу варијанти се во игра.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619

Tоа е тоа, бев до трудова инспекција неможеле они ништо да направат ако не помини пари на сметката, освен да му пишат казна на управителот, ги прашувам дали фирмата има други активности ми вика немам поима.
Е сега на него објектот му е земен на повеќе сезони, и сега пример одгодина да сака пак да отвори, дали може друга фирма да отоври или мора пак на истата што е сега.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
Најпријателски совет - батали го. Нерви ќе искинеш за една плата која ништо нема да ти смени значајно, а ќе имаш нервози.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ф

Флеш

Гостин

Сепак пари негови се . Нека види правно со адвокат . Ќе му се направи со извршен акт на газдата плус и камата шо не враќал со каснење . Секоја пара не е бесплатна алтан .
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Tоа е тоа, бев до трудова инспекција неможеле они ништо да направат ако не помини пари на сметката, освен да му пишат казна на управителот, ги прашувам дали фирмата има други активности ми вика немам поима.
Е сега на него објектот му е земен на повеќе сезони, и сега пример одгодина да сака пак да отвори, дали може друга фирма да отоври или мора пак на истата што е сега.
Imas dobar sovet od clenot pogore. Ne se nerviraj mnogu I bidi spremen da ne si gi dobies pariti. Pomiri se so toa, Ima nacini gubreto da se izvlece I drugata sezona povtorno da si raboti.
Ona sto mozes da napravis -
Prvo izvadi dokaz deka si bil vraboten I prijaven vo taa firma vo naveden period. Potoa izvadi tekovna (Centralen register, 280 denari) da vidis dali firmata seuste e aktivna. Ako ne e aktivna, toa e toa, zavrsena prikazna... Ako e aktivna- pusti preporacano pismo so opomena pred tuzba kade baras vo nekoj rok da ti se isplati plata. Posle toa, ako ne dobies pari, pusti dopis do Trudova inspekcija. Toa e toa...
Mozes da odis I so tuzba, sekako, ama racunaj deka ke platis I advokat, I sudski trosoci, a mozno e nikakvi pari da ne vidis nikogas
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.493
Дали после завршување на породилно отсуство газдата може да ти даде отказ?
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280
Дали после завршување на породилно отсуство газдата може да ти даде отказ?
На определено или неопределено?

Ако си на определено, може да одлучи да не ти го продолжи договорот за вработување.
Исто и додека си на породилно, ако си на определено време, може да одлучи да не ти го продолжи договорот за вработување.

Ако си на неопределено, не може да ти даде отказ од денес за утре освен ако не направиш некој тежок дисциплински прекршок (украдеш од фирма, се појавиш на работа во алкохолизирана или издрогирана состојба, не се појавиш на работа повеќе од 3 дена без никакво оправдување).

Меѓутоа за да ти даде отказ, мора прво да поведе дисциплинска постапка, доколку нема Правилник за работен ред и дисциплина тогаш ќе мора да се води според Законот за работни односи.
Дисциплинска постапка е долг процес, каде што треба да ги има нотирано сите прекршоци за кои ти дал писмена опомена во последните 3 месеци (се порано од тоа се смета за застарено и не може да се користи во дисциплинска постапка) и како резултат од дисциплинската постапка да ти даде отказ со или без отказен рок.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Колку пари смееш да носиш во себе, без да ти бараат покритие?
При контрола/претрес од полиција.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Ај да не отвараме посебна тема, овде да продискутираме за искуства со примената на последните измени на ЗОО и ЗИ, а кои се однесуваат на лимитирањето на казнената камата и застареноста во извршувањето. Општ хаос е со примената на измените, па да видиме има ли веке некоја пракса.
Со каматата веке имам искуство, извршителот ја примени измената па должникот си плати камата во висина на главниот долг, спаси некои 500 евра. Но уште не е јасно што со оние предмети за кои има блокада во банка, дали извршителите ке треба да ги заменат тие налози, или оние што се со налози на плата или пензија...?
За застареноста имам поднесено барање кај тројца извршители и тројцата барањето го отфрлија како ненадлежни да решаваат за застареност. Приговор не поднесов оти странката не сака да ризикува да плати судски такси за приговор оти правел муабет со судија кој му рекол дека ке ги одбиваат таквите приговори....
Па да видиме има ли некој некое искуство на оваа тема.
 
Член од
30 ноември 2010
Мислења
120
Поени од реакции
66

Веќе има 3-4 решенија од суд по приговор за застареност и сите се одбиени со образложение дека иако по ЗОО со измените треба да застаруваат извршувања, според истиот не е одредено кој треба да утврди дека се застарени. Извршителите работат по ЗИ и по обрасци кои ги одредува мин. за правда и во нив не постои образец за застареност. Во петокот слушнав дека е донесено решение (позитивно по барање за застареност) ама ќе го постирам кога ќе го видам.

Sent from my SM-M315F using Tapatalk
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Ај да не отвараме посебна тема, овде да продискутираме за искуства со примената на последните измени на ЗОО и ЗИ, а кои се однесуваат на лимитирањето на казнената камата и застареноста во извршувањето. Општ хаос е со примената на измените, па да видиме има ли веке некоја пракса.
Со каматата веке имам искуство, извршителот ја примени измената па должникот си плати камата во висина на главниот долг, спаси некои 500 евра. Но уште не е јасно што со оние предмети за кои има блокада во банка, дали извршителите ке треба да ги заменат тие налози, или оние што се со налози на плата или пензија...?
За застареноста имам поднесено барање кај тројца извршители и тројцата барањето го отфрлија како ненадлежни да решаваат за застареност. Приговор не поднесов оти странката не сака да ризикува да плати судски такси за приговор оти правел муабет со судија кој му рекол дека ке ги одбиваат таквите приговори....
Па да видиме има ли некој некое искуство на оваа тема.
На судот ќе ја префрлаат топката како што пиша членот погоре дека е по ЗОО, а во Прилеп нема уште пракса, чекаат да видат другите судови каков терк ќе фатат. Мене ова на крај ми мириса на селска политичка финта. Дека нема да има пракса ни од судот позитивна (ама да исчекаме), па владата ќе излезе со некој „отпис на долгови" и ќе бувни некое милионче во таа насока, онака предизборно, кај одредена категорија.
 
Член од
30 ноември 2010
Мислења
120
Поени од реакции
66
Веќе има решенија од суд во прилеп, во охрид и во куманово со кое што се уважуваат приговорите на должници за застареност, ама со една правна финта, само ги укинуваат заклучоците на извршителите за одбивање на барањето за застареност на долговите, останатите акти од извршителот не ги чепкаат, а и во образложението не даваат насоки што понатаму, затоа што и они не знаат, па сега ќе се чека некоја одлука од апелација, па можда и врховен суд да се вклучи, а се дотогаш ќе биде некоја лимбо ситуација. Никоја не сака да превземе одговорност се додека уставен не пресече дали измените на ЗОО се согласни со уставот, а веќе се поведени две иницијативи за оценка на уставност ( од Адвокатска комора и од комора на извршители) со предлог времена мерка да се стопира спроведување на законот од конечна одлука.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: X3m

Kajgana Shop

На врв Bottom