Правна помош и совети

Член од
4 март 2011
Мислења
670
Поени од реакции
607
Да не те навредам правно и јас, ама треба да ти приложам пресуда на Апелационен суд дека ги следува Нужен дел???
Вака сеа. Сум работел вакви предмети. Хипотетички, ако децава приговараат, можат да добијат законски нужен дел. Потврдено од суд ваква работа. Во однос на данокот и основата. Предмет е данок на промет на недвижности во ваква ситуација (а не данок на наследсво и подарок). Даночен обврзник е овој давателот на издршката (чичко им на децата), тој е ослободен само за наследен дел што би го следувал во прв наследен ред согласно ЗН. пример не постои договор, децава и давателот чичко им се наследници од прв ред, на 1/2 дел од станот овој ќе биде ослободен за 1/2, а основа за даночење е 1/2 делот на децата. Ќе си плати ко на поп и тоа тоа (потврдено од Управен суд и ова, ако сакаш пресуда???)
Е сеа, пошто иаме фактичка состојба во која децава ќе дадат негативна изјава, иако на своја одговорност наследникот поведувач на оставинската маса не го приложи договорот за доживотна издршка, тогаш целиот имот од децата по сила на закон ќе премине во негова сопственост. Кога ќе отиде во општина со правосилно наследно решение, ќе поднесе пријава за данок на наследство и подарок (читај различно од данок на промет на недвижности) и тогаш со негативните изјави нема третирање на префрлување од деца кон чичко, чии што татко е починат. Во ваква ситуација имаш наследување од прв наследен ред, а тогаш имаш и даночно ослободување од мајка спрема син. Енде.
Прашања?
Не следува нужен наследен дел кога има договор за доживотна издршка! И нема таква пресуда од Апелационен суд со која ќе се додели некому нужен наследен дел при постоење на договор за доживотна издршка. Постирај ако има!
За каков подарок упорно зборуваш? Кога другите наследници ќе дадат негативна наследна изјава, не станува збор за никаков подарок туку за НАСЛЕДСТВО! Кој ти е тој данок на наследство и на податок??? А наследници од прв наследен ред се ослободени од плаќање данок на промет. За каква пресуда од Управен суд зборуваш???
И не, немам никакви прашања за тебе! Тешко на тој кој ќе ги послуша твоите правни совети
Автоматски споено мислење:

Јас искрено би сакал да ја видам пресудата од Апелационен, каде им следува нужен дел, во случај и да има договор за доживотна издршка. Сем ако не се докажало дека давателот на издршката, не се придржувал кон договореното, па е побиван прво договорот, па тек потоа се бара нужен дел.
Така е колега, побивањето на договорот за доживотна издршка се води во друга судска постапка, не во оставинската постапка пред нотарот и реално е доста тешко во пракса да се докаже дека не е исполнет договорот за доживотна издршка поготово кога претходно не приговарал и не барал раскинување на ваквиот договор и самиот примател на издршката (секако освен кога има неспорни докази дека договорот не е испочитуван од страна на давателот на издршката).
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.140
Поени од реакции
30.549
Не следува нужен наследен дел кога има договор за доживотна издршка! И нема таква пресуда од Апелационен суд со која ќе се додели некому нужен наследен дел при постоење на договор за доживотна издршка. Постирај ако има!
За каков подарок упорно зборуваш? Кога другите наследници ќе дадат негативна наследна изјава, не станува збор за никаков подарок туку за НАСЛЕДСТВО! Кој ти е тој данок на наследство и на податок??? А наследници од прв наследен ред се ослободени од плаќање данок на промет. За каква пресуда од Управен суд зборуваш???
И не, немам никакви прашања за тебе! Тешко на тој кој ќе ги послуша твоите правни совети
И јас сум согласен во делот за негативната изјава. Може да се смета како подарок, доколку тие се прифатат за наследници, па изјават дека нивниот дел му го поклонуваат на чичкото пример (што мислам дека е возможно на записник и во решение). Тогаш да, може да се тумачи за подарок и да се плаќа данок. Ама со негативна изјава нема подарок. Едноставно не се прифаќаат за насленици и топтан оди кај тој со позитивна изјава.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
670
Поени од реакции
607
И јас сум согласен во делот за негативната изјава. Може да се смета како подарок, доколку тие се прифатат за наследници, па изјават дека нивниот дел му го поклонуваат на чичкото пример (што мислам дека е возможно на записник и во решение). Тогаш да, може да се тумачи за подарок и да се плаќа данок. Ама со негативна изјава нема подарок. Едноставно не се прифаќаат за насленици и топтан оди кај тој со позитивна изјава.
Многу јасно, кога постои негативна наследна изјава и не се прифаќаат за наследници не постои пренос на сопственоста (правен промет во форма на дар), туку и нивниот дел кој би го наследиле ќе го добие другиот наследник (син на оставителката) како дел од наследството. Како што сам нагласуваш целиот имот предмет на оставината топтан ќе го добие другиот наследник и завршена работа.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.708
Поени од реакции
4.232
Ај две скокотливи прашања шо ги дебатиравме денес со колегиве и сме на различни ставови.
Имаш куќа. 1/2 е на синот, другата 1/2 гласи на мајка му (која е почината) со која има договор за доживотна издршка. Татко му е починат одамна во 80-ти и го тргаме настрана.Исто така после мајка му, починат е и брат му на овој синов. Е сега во случај на оставинска постапка (како би се избегнало плаќањето данок и би коштало сето поевтино, без да се приложи договорот) како наследници дали ќе се јави едниов син и две деца по право на претставување на починатиот негов брат (согласни се негативна изјава да дадат тие), или ќе се јават двете деца плус сопругата од братот (за која не знаеме дали ќе даде негативна)?
Јас сум на мисла дека ќе се јават само двете деца по право на претставување за таткото, пошто е наследство, а не е имот стекнат во брак за да во тој случај би се јавила и неговата сопруга.
Друг колега мисли дека и сопругата на вториот починат син ќе се јави покрај децата за наследување што не се согласувам.
Каако што разбрав, после мајката починува и нејзиниот втор син, односно брат на овој со договор за доживотна издршка кој сака да избегне данок... во тој случај како наследници ке се јават и децата на починатиот брат и сопругата, сопругата нее би можела да се јави како наследник доколку починатиот брат починал пред да почине мајката... така да ако имате проблем најубаво да си плати данок и мирна глава.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
5.231
Поени од реакции
6.740
Вака. Кога постои договор за доживотна, тој се приложува во оставината и нотарот констатира дека постои ваков договор, при што тој кој ја давал издршката е наследник на делот согласно договорот, освен наследнициве од покојниов брат не влезат да приговараат за законски наследен дел. Е сеа околу данокот, кога постои договор за доживотна, ослоб удвањето се однесува само на прв наследен ред (нормално и правото на претставување е во прв наследен ред) само за делот кој би бил наследен по законски ред за наследување. Така, во конкретниот случај, пошто мајката дава дел со договорот за издршка, за 1/2 од станот на синот, тогаш синот е ослободен за својот дел 1/2 од 12 т.е 1/4 од станот, а за останатата 1/4 ќе пшлати данок на промет со стапка утврдена од Општината (најчесто 3%).
Варијанта 2 ако не го прилоат договорот и ако се тера по редовен ред, тогаш наследициве децава на покојниот ќе му го земат делот 50%, а ако одлучат да го продададат т.е поклонат на чичко им, тогаш пак има данок на промет/подарок (во зависност од формата).
Секако имаш данок во оваа ситуација од причина што постои договор за издршка, прашањето е по која стапка ќе го платиш и на која основа. Ако се исти стапките тогаш предлагам да се реазлизира издршката од причина што првиот момент е сопственоста, нема да имаат можност децава да “уценуваат“ ако не се во добри односи, а ако данокот е во прв план т.е како да се избегни или плати помалку мора да се внимва на стапките и да се води постапката како редовно наследување без договор.
Мој совет, да се тера договорот за издршка, од причина што тоа е волјата на оставителот, примател на издршката.
Малку имаш измешано тестамент и договор за доживотна издршка, ама ништо страшно не се замарај.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.140
Поени од реакции
30.549
Каако што разбрав, после мајката починува и нејзиниот втор син, односно брат на овој со договор за доживотна издршка кој сака да избегне данок... во тој случај како наследници ке се јават и децата на починатиот брат и сопругата, сопругата нее би можела да се јави како наследник доколку починатиот брат починал пред да почине мајката... така да ако имате проблем најубаво да си плати данок и мирна глава.
TОа беше дилемава. Зошто би се јавила и сопругата?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.708
Поени од реакции
4.232
TОа беше дилемава. Зошто би се јавила и сопругата?
Според Законот за наследување по право на претставување само децата на наследникот кој умрел пред оставителот го наследуваат, а во случаај да наследникот умрел по смрта на оставителот истиот се рачуна каако законски наследник во момент на смрта на оставителот и врз основа на тоа право на негов наследен дел аако умрел по оставителот имаат и сопругата и децата, односно како истиот тој да се наследува.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
670
Поени од реакции
607
Според Законот за наследување по право на претставување само децата на наследникот кој умрел пред оставителот го наследуваат, а во случаај да наследникот умрел по смрта на оставителот истиот се рачуна каако законски наследник во момент на смрта на оставителот и врз основа на тоа право на негов наследен дел аако умрел по оставителот имаат и сопругата и децата, односно како истиот тој да се наследува.
Ти ја разбирам логиката, но сеуште сум во дилема бидејќи не е сосема јасно како сопругата и децата (значи снаата и внуците на оставителката) ќе се јават како наследници од прв наследен ред заедно со другиот син кој законски е наследник од прв наследен ред, ако не по право на претставување. Ваква законска одредба нема во Законот за наследување, па е оставено само на толкување. А за жал не успеав да најдам судска пракса во слични случаи. Постои голема веројатност во пракда, различни нотари различно да ја толкуваат ваквата правна ситуација која е настаната како директна последица на тоа што навремено не е поведена оставинска постапка (додека двајцата синови биле живи).
 
Јас имав оставина во која по право на преставување се јавија две внуки (ќерки на починат син) и две нивни тетки, т.е сестри на синов. Беа некои движни ствари за наследување од нивни дедо, не многу опасно. Нивната мајка, односно сопругата на починатиов син не фигурираше никаде во оставината.
А имав слушнато и како што објаснува пикса, ист пример, кај друг нотар со вклучен брачен другар.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
5.231
Поени од реакции
6.740
... а во случаај да наследникот умрел по смрта на оставителот истиот се рачуна каако законски наследник во момент на смрта на оставителот и врз основа на тоа право на негов наследен дел аако умрел по оставителот имаат и сопругата и децата, односно како истиот тој да се наследува.
Грешно толкување ти е ова, и го нема ниту во ЗН а не верувам ни во пракса.

По оваа логика, под претпоставка наследникот кој починал да нема деца, сопругата ќе земе ист дел како и братот на починатиот, што е невозможно.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
670
Поени од реакции
607
Јас имав оставина во која по право на преставување се јавија две внуки (ќерки на починат син) и две нивни тетки, т.е сестри на синов. Беа некои движни ствари за наследување од нивни дедо, не многу опасно. Нивната мајка, односно сопругата на починатиов син не фигурираше никаде во оставината.
А имав слушнато и како што објаснува пикса, ист пример, кај друг нотар со вклучен брачен другар.
Првиот пример е класично наследување по право на претставување и до тука е се јасно, а во вториот случај всушност се работи за две оставински постапки (една за бабата, а друга за таткото/сопругот) кои би можеле да се решат со едно оставинско решение (јас сум имал повеќе пати такви случаи), но овде проблем е дали сопругата на починатиот син може да се јави како наследник на оставителката или не.
Автоматски споено мислење:

Грешно толкување ти е ова, и го нема ниту во ЗН а не верувам ни во пракса.

По оваа логика, под претпоставка наследникот кој починал да нема деца, сопругата ќе земе ист дел како и братот на починатиот, што е невозможно.
Се согласувам и со твоето размислување и тоа е она што ствара забуна и создава малку потешка правна ситуација. И навистина во ЗН дури и во Практикумот со коментари на ЗН нема нити судска пракса за ваков случај. Брачниот другар кога немале пород се јавува во втор наследен ред и затоа е изоставен од наследување по право на претставување и би било нон сенс да добие исто колку и другиот син, но овде не се работи за право на претставување со оглед дека синот ја надживеал оставитрлката. Меѓутоа овде има пород и сопругата заедно со децата би добиле онолку колку што би добил и починатиот син на оставителката кога оставинската постапка би се спровела додека тој бил жив.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.140
Поени од реакции
30.549
Првиот пример е класично наследување по право на претставување и до тука е се јасно, а во вториот случај всушност се работи за две оставински постапки (една за бабата, а друга за таткото/сопругот) кои би можеле да се решат со едно оставинско решение (јас сум имал повеќе пати такви случаи), но овде проблем е дали сопругата на починатиот син може да се јави како наследник на оставителката или не.
Автоматски споено мислење:

Се согласувам и со твоето размислување и тоа е она што ствара забуна и создава малку потешка правна ситуација. И навистина во ЗН дури и во Практикумот со коментари на ЗН нема нити судска пракса за ваков случај. Брачниот другар кога немале пород се јавува во втор наследен ред и затоа е изоставен од наследување по право на претставување и би било нон сенс да добие исто колку и другиот син, но овде не се работи за право на претставување со оглед дека синот ја надживеал оставитрлката. Меѓутоа овде има пород и сопругата заедно со децата би добиле онолку колку што би добил и починатиот син на оставителката кога оставинската постапка би се спровела додека тој бил жив.
Две оставински постапки водевме и во случајот кој го наведов. Една каде оставител беше таткото и наследуваа (две ќерки и сопругата), и потоа под О2 бројче (пошто порано воделе една) за дополнително пронајден имот каде оставителот беше дедото, во која оставинска се јавија двете внуки и двете тетки.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
5.231
Поени од реакции
6.740
Се согласувам и со твоето размислување и тоа е она што ствара забуна и создава малку потешка правна ситуација. И навистина во ЗН дури и во Практикумот со коментари на ЗН нема нити судска пракса за ваков случај. Брачниот другар кога немале пород се јавува во втор наследен ред и затоа е изоставен од наследување по право на претставување и би било нон сенс да добие исто колку и другиот син, но овде не се работи за право на претставување со оглед дека синот ја надживеал оставитрлката. Меѓутоа овде има пород и сопругата заедно со децата би добиле онолку колку што би добил и починатиот син на оставителката кога оставинската постапка би се спровела додека тој бил жив.
Тука е клучно да се прави разлика помеѓу класично наследување и наследување по пат на претставување.

Брачниот сопруг не може да наследи по пат на претставување се додека има наследник на оставителот по права линија.
Под претпоставка да немале пород, другиот брат го наследува имотот во целост.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
550
Поени од реакции
1.595
Здраво , да прашам која е постапката (дали постои воопшто начин) да се направи увид на трансакциска сметка на починато лице во Стопанска Банка , во случајот станува збор за дете на починатото лице , дали постои можност или не - фала ви однапред !
 
Член од
2 март 2016
Мислења
354
Поени од реакции
264
Здраво , да прашам која е постапката (дали постои воопшто начин) да се направи увид на трансакциска сметка на починато лице во Стопанска Банка , во случајот станува збор за дете на починатото лице , дали постои можност или не - фала ви однапред !
Без да им покажеш оставинско решение нема да дозволат увид во трансакциската сметка заради принципот на дискретност.
Освен ако имаш некој познат вработен па да ја провери трансакциската сметка и да ти ја каже состојбата, или ептен да налеташ на некој вработен - добар човек во душа па да ти каже, али тешко затоа што вработениот ќе ризикува работно место ако се открие. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom