Правна помош и совети

Член од
4 март 2011
Мислења
670
Поени од реакции
607
Во случај на договор за закуп на деловен простор, меѓу физички лица (од кои закупопримачот ќе си отворал нешто како салон за мебел), кој е должен да го плаќа данокот на доход од закупнина на просторот? Закуподавачот или закупопримачот?
Кај становиве кога се физички лица знам дека закуподавачот си плаќа. Кај деловен простор ако закупопримачот е правно лице, закупопримачот си плаќа данок.
Ама што во ваков случај кога двете се физички лица, а станува збор за деловен? Пак ќе падне на товар на закупопримачот?
Кога двете странки се физички лица, ствар на договор (помеѓу нив) е кој ќе го плаќа данокот. Секако за УЈП е важно да биде платен данокот од закупнината на име на закуподавачот, а сосема е неважно кој во негово име и за негова сметка ќе ја изврши таквата уплата.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
354
Поени од реакции
264
Дали некој е запознаен со постапка за откуп на земјиште од АД кое е во стечај?
За ова подетално усмено или со допис треба да се обратиш до стечајниот управник.
Вака тешко некој да ти одговори, стечајните постапки се најкомплицирани.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
5.004
Поени од реакции
3.023
За ова подетално усмено или со допис треба да се обратиш до стечајниот управник.
Вака тешко некој да ти одговори, стечајните постапки се најкомплицирани.
Да се надовржам, каде може да се најде доделениот стечаен управник за одредено АД? Има нешто како регистар, датабаза или слично?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.140
Поени од реакции
30.549
Ај две скокотливи прашања шо ги дебатиравме денес со колегиве и сме на различни ставови.
Имаш куќа. 1/2 е на синот, другата 1/2 гласи на мајка му (која е почината) со која има договор за доживотна издршка. Татко му е починат одамна во 80-ти и го тргаме настрана.Исто така после мајка му, починат е и брат му на овој синов. Е сега во случај на оставинска постапка (како би се избегнало плаќањето данок и би коштало сето поевтино, без да се приложи договорот) како наследници дали ќе се јави едниов син и две деца по право на претставување на починатиот негов брат (согласни се негативна изјава да дадат тие), или ќе се јават двете деца плус сопругата од братот (за која не знаеме дали ќе даде негативна)?
Јас сум на мисла дека ќе се јават само двете деца по право на претставување за таткото, пошто е наследство, а не е имот стекнат во брак за да во тој случај би се јавила и неговата сопруга.
Друг колега мисли дека и сопругата на вториот починат син ќе се јави покрај децата за наследување што не се согласувам.

Друго прашање за искуство во Скопје. Има основен договор за купопродажба на стан. Продавачот има поднесено барање за легализација во 2018 со елаборати со све и уште не е одлучено по тоа барање, за некое мало делче од станот. Е сега во основниов договор имаше прво член дека му го пренесува и правото на барањето заведено под УП број тој и тој на купувачот како би ја продолжил купувачот постапката во свое име, арно ама од Град Скопје реагираа дека не можи такво право во договор да стои и рекоа да го тргниме па потоа со анекс договор на основниот да се додаде само тој став. Во Прилепов имаме пренесувано право на легализација или приватизација и немало проблем, ама во Ск еве се јави, демек ако воспоставеле таква пракса кај ќе им бил крајот. Ок, нејсе тоа.
Вчера еден нотар направи проблем околу анексот и не сакаше да го завери оти немало печат од Град Скопје како на основниот, па предложи со полномошно продавачот да го овластел купувачот да ја тера постапката во негово име, дрн дрн јариња што не ни одговара. Дали некој има вакво искуство или да предложи пофлексибилен Нотар, кој нема да ја тупи мн мн и ќе ја гледа целта на договорот, а не содржината и формата.
Нека се солемизира Анексот, па ако сакаат нека не и признаваат вакво право во Општината пред која се води легализацијата. Иако таму е зборнато и согласни се тие, на таков начин со договор, купувачот да ја преземи постапката во негово име до завршување.
 
Во Централен регистар таму може да се провери.
 
Првото прашање е правно сосема јасно. Само децата ќе се јават по право на претставување. Кој е оставител? Бабата на децата, мајка на починатиот, па оттука неговата сопруга не може да се јави како наследник, не е тоа оставина на починатиот сопруг, нема врска со имот стекнат во брак!
А за второто прашање не ми е јасно зошто град Скопје се меша и ви кажува што може, а што не може да стпи во договор за купоптодажба??? Договорот се носи таму само заради оданочување и тие нема што да се впуштаат во толкување на договорот, поготово што не се работи за противправни располагања (за што повторно тие не се надлежни, туку нотарот). Исто така тие не воспоставуваат никаква пракса како што ви осговориле, нити го составуваат нити пак го соленизираат договорот. Правилно сте постапиле вие кога сте го внеле тоа во член на договорот и не требало да го преправате без да добиете решение (или заклучок) со кое ќе ви го одбијат таквото право, а на кое ќе имате право на жалба. Исто така не гледам причина зошто нотарот да не сака да прифати таков анекс нити пак потреба на овој анекс да има печат од град Скопје. А неговиот совет за со полномошно продавачот да ја терал постапката за купувачот, не само што е економски неоправдан и нецелисходен туку е и бесмислен. Пробајте кај друг нотар, или пак наместо со анекс на договорот со нов посебен договор. Во секој случај за џабе нови трошоци ви се предизвикани.
 
Член од
30 септември 2015
Мислења
277
Поени од реакции
390
Ај две скокотливи прашања шо ги дебатиравме денес со колегиве и сме на различни ставови.
Имаш куќа. 1/2 е на синот, другата 1/2 гласи на мајка му (која е почината) со која има договор за доживотна издршка. Татко му е починат одамна во 80-ти и го тргаме настрана.Исто така после мајка му, починат е и брат му на овој синов. Е сега во случај на оставинска постапка (како би се избегнало плаќањето данок и би коштало сето поевтино, без да се приложи договорот) како наследници дали ќе се јави едниов син и две деца по право на претставување на починатиот негов брат (согласни се негативна изјава да дадат тие), или ќе се јават двете деца плус сопругата од братот (за која не знаеме дали ќе даде негативна)?
Јас сум на мисла дека ќе се јават само двете деца по право на претставување за таткото, пошто е наследство, а не е имот стекнат во брак за да во тој случај би се јавила и неговата сопруга.
Друг колега мисли дека и сопругата на вториот починат син ќе се јави покрај децата за наследување што не се согласувам.

Друго прашање за искуство во Скопје. Има основен договор за купопродажба на стан. Продавачот има поднесено барање за легализација во 2018 со елаборати со све и уште не е одлучено по тоа барање, за некое мало делче од станот. Е сега во основниов договор имаше прво член дека му го пренесува и правото на барањето заведено под УП број тој и тој на купувачот како би ја продолжил купувачот постапката во свое име, арно ама од Град Скопје реагираа дека не можи такво право во договор да стои и рекоа да го тргниме па потоа со анекс договор на основниот да се додаде само тој став. Во Прилепов имаме пренесувано право на легализација или приватизација и немало проблем, ама во Ск еве се јави, демек ако воспоставеле таква пракса кај ќе им бил крајот. Ок, нејсе тоа.
Вчера еден нотар направи проблем околу анексот и не сакаше да го завери оти немало печат од Град Скопје како на основниот, па предложи со полномошно продавачот да го овластел купувачот да ја тера постапката во негово име, дрн дрн јариња што не ни одговара. Дали некој има вакво искуство или да предложи пофлексибилен Нотар, кој нема да ја тупи мн мн и ќе ја гледа целта на договорот, а не содржината и формата.
Нека се солемизира Анексот, па ако сакаат нека не и признаваат вакво право во Општината пред која се води легализацијата. Иако таму е зборнато и согласни се тие, на таков начин со договор, купувачот да ја преземи постапката во негово име до завршување.
Вака. Кога постои договор за доживотна, тој се приложува во оставината и нотарот констатира дека постои ваков договор, при што тој кој ја давал издршката е наследник на делот согласно договорот, освен наследнициве од покојниов брат не влезат да приговараат за законски наследен дел. Е сеа околу данокот, кога постои договор за доживотна, ослоб удвањето се однесува само на прв наследен ред (нормално и правото на претставување е во прв наследен ред) само за делот кој би бил наследен по законски ред за наследување. Така, во конкретниот случај, пошто мајката дава дел со договорот за издршка, за 1/2 од станот на синот, тогаш синот е ослободен за својот дел 1/2 од 12 т.е 1/4 од станот, а за останатата 1/4 ќе пшлати данок на промет со стапка утврдена од Општината (најчесто 3%).
Варијанта 2 ако не го прилоат договорот и ако се тера по редовен ред, тогаш наследициве децава на покојниот ќе му го земат делот 50%, а ако одлучат да го продададат т.е поклонат на чичко им, тогаш пак има данок на промет/подарок (во зависност од формата).
Секако имаш данок во оваа ситуација од причина што постои договор за издршка, прашањето е по која стапка ќе го платиш и на која основа. Ако се исти стапките тогаш предлагам да се реазлизира издршката од причина што првиот момент е сопственоста, нема да имаат можност децава да “уценуваат“ ако не се во добри односи, а ако данокот е во прв план т.е како да се избегни или плати помалку мора да се внимва на стапките и да се води постапката како редовно наследување без договор.
Мој совет, да се тера договорот за издршка, од причина што тоа е волјата на оставителот, примател на издршката.
 
Согласни се негативна изјава да дадат внуците, т.е двете деца на починатиот им татко кој има право на наследување. Во таква ситуација, живиот син дава позитивна изјава со која се прифаќа за наследник, децата по право на претставување даваат негативна и накрај на таа 1/2 идеална половина станува сопственик синот, без да се плаќа данок или да има потреба да се приложува договорот за доживотна издршка.
 
Член од
17 ноември 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво.
Имам прашање и не знам кој има искуство со истото, и извинете ако го имате негде одговорено прашањето ама стварно барав и неможам да најдам.
Прашањето е следно.
На префрлување на имот ( стан ) како поклон на прво колено односно од татко на син спроведена е процедурата Во општина за ослободување од данок за наследство/дар. Станот се наоѓа во Охрид и случува следното. Се јавуваваат од општина и бараат слики од внатрешноста на станот за да стават печат на договорот.

Зошто им се потребни слики од ентериерот на станот ? Дали законски смеат да бараат такви слики ? Ако нема потреба да бараат кај да се обратам за да го добијам договорот ? Се консултирав и со другар адвокат и тој беше зачуден од барањето....Стварно не ми е јасно во догворот пиши квадратура итн..

Ви Благодарам
 
Член од
7 април 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали некој знае како се прекинува приправнички стаж? Немам потпишано писмен договор бидејќи процесот одеше преку посредување. Не си ги знам правата, ве молам за помош
 
Член од
30 септември 2015
Мислења
277
Поени од реакции
390
Согласни се негативна изјава да дадат внуците, т.е двете деца на починатиот им татко кој има право на наследување. Во таква ситуација, живиот син дава позитивна изјава со која се прифаќа за наследник, децата по право на претставување даваат негативна и накрај на таа 1/2 идеална половина станува сопственик синот, без да се плаќа данок или да има потреба да се приложува договорот за доживотна издршка.
Во таков случај нема потреба да се приложува договорот, само да не е поведена постапкта кај нотарот кој го имал заверено договорот за доживотна издршка. Во ваков случај со негативна изјава нема данок на наследство и подарок
Автоматски споено мислење:

Здраво.
Имам прашање и не знам кој има искуство со истото, и извинете ако го имате негде одговорено прашањето ама стварно барав и неможам да најдам.
Прашањето е следно.
На префрлување на имот ( стан ) како поклон на прво колено односно од татко на син спроведена е процедурата Во општина за ослободување од данок за наследство/дар. Станот се наоѓа во Охрид и случува следното. Се јавуваваат од општина и бараат слики од внатрешноста на станот за да стават печат на договорот.

Зошто им се потребни слики од ентериерот на станот ? Дали законски смеат да бараат такви слики ? Ако нема потреба да бараат кај да се обратам за да го добијам договорот ? Се консултирав и со другар адвокат и тој беше зачуден од барањето....Стварно не ми е јасно во догворот пиши квадратура итн..

Ви Благодарам
Ти бараат слики за да не излегуваат на терен и автоматски да ти направат пријава за данок на имот, во моментот кога ќе се стекнеш со имотен лист. Инако, за постапкта за ослободување не требаат слики од причина што не се прави проценка при ослободување.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
670
Поени од реакции
607
Вака. Кога постои договор за доживотна, тој се приложува во оставината и нотарот констатира дека постои ваков договор, при што тој кој ја давал издршката е наследник на делот согласно договорот, освен наследнициве од покојниов брат не влезат да приговараат за законски наследен дел. Е сеа околу данокот, кога постои договор за доживотна, ослоб удвањето се однесува само на прв наследен ред (нормално и правото на претставување е во прв наследен ред) само за делот кој би бил наследен по законски ред за наследување. Така, во конкретниот случај, пошто мајката дава дел со договорот за издршка, за 1/2 од станот на синот, тогаш синот е ослободен за својот дел 1/2 од 12 т.е 1/4 од станот, а за останатата 1/4 ќе пшлати данок на промет со стапка утврдена од Општината (најчесто 3%).
Варијанта 2 ако не го прилоат договорот и ако се тера по редовен ред, тогаш наследициве децава на покојниот ќе му го земат делот 50%, а ако одлучат да го продададат т.е поклонат на чичко им, тогаш пак има данок на промет/подарок (во зависност од формата).
Секако имаш данок во оваа ситуација од причина што постои договор за издршка, прашањето е по која стапка ќе го платиш и на која основа. Ако се исти стапките тогаш предлагам да се реазлизира издршката од причина што првиот момент е сопственоста, нема да имаат можност децава да “уценуваат“ ако не се во добри односи, а ако данокот е во прв план т.е како да се избегни или плати помалку мора да се внимва на стапките и да се води постапката како редовно наследување без договор.
Мој совет, да се тера договорот за издршка, од причина што тоа е волјата на оставителот, примател на издршката.
Без желба да те навредам, само со желба за покомплетен и правно поиздржан одговор, сметам дека целиот одговор ти е погрешен. Како што велиш во варијанта бр.1, ако се извади договорот за доживотна издршка, тогаш работата е чиста, единствен наследник ќе биде давателот на издршка, но ќе плати данок на промет за половината од оставината која законски би му припаднала на другиот син да бил жив и да не постоел договорот за доживотна издршка (кој се движи во висина од 2 до 5% зависно од општината, најчесто како што велиш 3%). Евентуалните други наследници не можат да приговараат и да бараат нужен наследен дел. Може да бараат само кога постои тестамент, а не и договор за доживотна издршка. Во овој случај договорот за доживотна издршка го исклучува правото на другите наследници на законскиот, односно нужниот наследен дел.
Во втората варијанта, без прикажување на договорот за доживотна издршка, нема да се плати данок на промет ако другите наследници дадат негативна наследна изјава, односно не се прифатат за наследници. Данок ќе се плати само ако се постапи како што велиш ти, да се прифатат за наследници, а потоа нивниот дел да му го поклонат на другиот наследник (што е сосема бесмислено).
Автоматски споено мислење:

Ај две скокотливи прашања шо ги дебатиравме денес со колегиве и сме на различни ставови.
Имаш куќа. 1/2 е на синот, другата 1/2 гласи на мајка му (која е почината) со која има договор за доживотна издршка. Татко му е починат одамна во 80-ти и го тргаме настрана.Исто така после мајка му, починат е и брат му на овој синов. Е сега во случај на оставинска постапка (како би се избегнало плаќањето данок и би коштало сето поевтино, без да се приложи договорот) како наследници дали ќе се јави едниов син и две деца по право на претставување на починатиот негов брат (согласни се негативна изјава да дадат тие), или ќе се јават двете деца плус сопругата од братот (за која не знаеме дали ќе даде негативна)?
Јас сум на мисла дека ќе се јават само двете деца по право на претставување за таткото, пошто е наследство, а не е имот стекнат во брак за да во тој случај би се јавила и неговата сопруга.
Друг колега мисли дека и сопругата на вториот починат син ќе се јави покрај децата за наследување што не се согласувам.

Друго прашање за искуство во Скопје. Има основен договор за купопродажба на стан. Продавачот има поднесено барање за легализација во 2018 со елаборати со све и уште не е одлучено по тоа барање, за некое мало делче од станот. Е сега во основниов договор имаше прво член дека му го пренесува и правото на барањето заведено под УП број тој и тој на купувачот како би ја продолжил купувачот постапката во свое име, арно ама од Град Скопје реагираа дека не можи такво право во договор да стои и рекоа да го тргниме па потоа со анекс договор на основниот да се додаде само тој став. Во Прилепов имаме пренесувано право на легализација или приватизација и немало проблем, ама во Ск еве се јави, демек ако воспоставеле таква пракса кај ќе им бил крајот. Ок, нејсе тоа.
Вчера еден нотар направи проблем околу анексот и не сакаше да го завери оти немало печат од Град Скопје како на основниот, па предложи со полномошно продавачот да го овластел купувачот да ја тера постапката во негово име, дрн дрн јариња што не ни одговара. Дали некој има вакво искуство или да предложи пофлексибилен Нотар, кој нема да ја тупи мн мн и ќе ја гледа целта на договорот, а не содржината и формата.
Нека се солемизира Анексот, па ако сакаат нека не и признаваат вакво право во Општината пред која се води легализацијата. Иако таму е зборнато и согласни се тие, на таков начин со договор, купувачот да ја преземи постапката во негово име до завршување.
Размислував за првото прашање и ми се јави дилема. Согласно Законот за наследување, конкретно според одредбата од чл.14 која се однесува на правото на претставување, делот од оставината што би му припаднал на умреното дете да го надживеало оставителот го наследуваат неговите деца, внуците на оставителот. Меѓутоа, ако добро те разбрав во конкретниот случај и другиот син ја надживеал оставителката, односно умрел после неа, само што не била спроведена оставинска постапка додека тој бил жив. Оттука, доколку оваа одредба рестриктивно се толкува не може да се јават внуците по право на претставување. Би било интересно да се чујат и други мислења на оваа тема, а и јас когабќе имам време ќе ја разгледам судската пракса и практикумот од др.Кирил Чавдар на оваа тема.
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Во таков случај нема потреба да се приложува договорот, само да не е поведена постапкта кај нотарот кој го имал заверено договорот за доживотна издршка. Во ваков случај со негативна изјава нема данок на наследство и подарок
Автоматски споено мислење:

Ти бараат слики за да не излегуваат на терен и автоматски да ти направат пријава за данок на имот, во моментот кога ќе се стекнеш со имотен лист. Инако, за постапкта за ослободување не требаат слики од причина што не се прави проценка при ослободување.
Благодарам
 
Член од
30 септември 2015
Мислења
277
Поени од реакции
390
Без желба да те навредам, само со желба за покомплетен и правно поиздржан одговор, сметам дека целиот одговор ти е погрешен. Како што велиш во варијанта бр.1, ако се извади договорот за доживотна издршка, тогаш работата е чиста, единствен наследник ќе биде давателот на издршка, но ќе плати данок на промет за половината од оставината која законски би му припаднала на другиот син да бил жив и да не постоел договорот за доживотна издршка (кој се движи во висина од 2 до 5% зависно од општината, најчесто како што велиш 3%). Евентуалните други наследници не можат да приговараат и да бараат нужен наследен дел. Може да бараат само кога постои тестамент, а не и договор за доживотна издршка. Во овој случај договорот за доживотна издршка го исклучува правото на другите наследници на законскиот, односно нужниот наследен дел.
Во втората варијанта, без прикажување на договорот за доживотна издршка, нема да се плати данок на промет ако другите наследници дадат негативна наследна изјава, односно не се прифатат за наследници. Данок ќе се плати само ако се постапи како што велиш ти, да се прифатат за наследници, а потоа нивниот дел да му го поклонат на другиот наследник (што е сосема бесмислено).
Автоматски споено мислење:

Размислував за првото прашање и ми се јави дилема. Согласно Законот за наследување, конкретно според одредбата од чл.14 која се однесува на правото на претставување, делот од оставината што би му припаднал на умреното дете да го надживеало оставителот го наследуваат неговите деца, внуците на оставителот. Меѓутоа, ако добро те разбрав во конкретниот случај и другиот син ја надживеал оставителката, односно умрел после неа, само што не била спроведена оставинска постапка додека тој бил жив. Оттука, доколку оваа одредба рестриктивно се толкува не може да се јават внуците по право на претставување. Би било интересно да се чујат и други мислења на оваа тема, а и јас когабќе имам време ќе ја разгледам судската пракса и практикумот од др.Кирил Чавдар на оваа тема.
Да не те навредам правно и јас, ама треба да ти приложам пресуда на Апелационен суд дека ги следува Нужен дел???
Вака сеа. Сум работел вакви предмети. Хипотетички, ако децава приговараат, можат да добијат законски нужен дел. Потврдено од суд ваква работа. Во однос на данокот и основата. Предмет е данок на промет на недвижности во ваква ситуација (а не данок на наследсво и подарок). Даночен обврзник е овој давателот на издршката (чичко им на децата), тој е ослободен само за наследен дел што би го следувал во прв наследен ред согласно ЗН. пример не постои договор, децава и давателот чичко им се наследници од прв ред, на 1/2 дел од станот овој ќе биде ослободен за 1/2, а основа за даночење е 1/2 делот на децата. Ќе си плати ко на поп и тоа тоа (потврдено од Управен суд и ова, ако сакаш пресуда???)
Е сеа, пошто иаме фактичка состојба во која децава ќе дадат негативна изјава, иако на своја одговорност наследникот поведувач на оставинската маса не го приложи договорот за доживотна издршка, тогаш целиот имот од децата по сила на закон ќе премине во негова сопственост. Кога ќе отиде во општина со правосилно наследно решение, ќе поднесе пријава за данок на наследство и подарок (читај различно од данок на промет на недвижности) и тогаш со негативните изјави нема третирање на префрлување од деца кон чичко, чии што татко е починат. Во ваква ситуација имаш наследување од прв наследен ред, а тогаш имаш и даночно ослободување од мајка спрема син. Енде.
Прашања?
 
Јас искрено би сакал да ја видам пресудата од Апелационен, каде им следува нужен дел, во случај и да има договор за доживотна издршка. Сем ако не се докажало дека давателот на издршката, не се придржувал кон договореното, па е побиван прво договорот, па тек потоа се бара нужен дел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom