- Член од
- 4 март 2011
- Мислења
- 699
- Поени од реакции
- 704
Не следува нужен наследен дел кога има договор за доживотна издршка! И нема таква пресуда од Апелационен суд со која ќе се додели некому нужен наследен дел при постоење на договор за доживотна издршка. Постирај ако има!Да не те навредам правно и јас, ама треба да ти приложам пресуда на Апелационен суд дека ги следува Нужен дел???
Вака сеа. Сум работел вакви предмети. Хипотетички, ако децава приговараат, можат да добијат законски нужен дел. Потврдено од суд ваква работа. Во однос на данокот и основата. Предмет е данок на промет на недвижности во ваква ситуација (а не данок на наследсво и подарок). Даночен обврзник е овој давателот на издршката (чичко им на децата), тој е ослободен само за наследен дел што би го следувал во прв наследен ред согласно ЗН. пример не постои договор, децава и давателот чичко им се наследници од прв ред, на 1/2 дел од станот овој ќе биде ослободен за 1/2, а основа за даночење е 1/2 делот на децата. Ќе си плати ко на поп и тоа тоа (потврдено од Управен суд и ова, ако сакаш пресуда???)
Е сеа, пошто иаме фактичка состојба во која децава ќе дадат негативна изјава, иако на своја одговорност наследникот поведувач на оставинската маса не го приложи договорот за доживотна издршка, тогаш целиот имот од децата по сила на закон ќе премине во негова сопственост. Кога ќе отиде во општина со правосилно наследно решение, ќе поднесе пријава за данок на наследство и подарок (читај различно од данок на промет на недвижности) и тогаш со негативните изјави нема третирање на префрлување од деца кон чичко, чии што татко е починат. Во ваква ситуација имаш наследување од прв наследен ред, а тогаш имаш и даночно ослободување од мајка спрема син. Енде.
Прашања?
За каков подарок упорно зборуваш? Кога другите наследници ќе дадат негативна наследна изјава, не станува збор за никаков подарок туку за НАСЛЕДСТВО! Кој ти е тој данок на наследство и на податок??? А наследници од прв наследен ред се ослободени од плаќање данок на промет. За каква пресуда од Управен суд зборуваш???
И не, немам никакви прашања за тебе! Тешко на тој кој ќе ги послуша твоите правни совети
Автоматски споено мислење:
Така е колега, побивањето на договорот за доживотна издршка се води во друга судска постапка, не во оставинската постапка пред нотарот и реално е доста тешко во пракса да се докаже дека не е исполнет договорот за доживотна издршка поготово кога претходно не приговарал и не барал раскинување на ваквиот договор и самиот примател на издршката (секако освен кога има неспорни докази дека договорот не е испочитуван од страна на давателот на издршката).Јас искрено би сакал да ја видам пресудата од Апелационен, каде им следува нужен дел, во случај и да има договор за доживотна издршка. Сем ако не се докажало дека давателот на издршката, не се придржувал кон договореното, па е побиван прво договорот, па тек потоа се бара нужен дел.
Последно уредено: