Ке ве молам нечие лично искуство или правна помош, ситуацијата е ваква: имам долг во банка по основ на чекови од 2000 год.Долгот не е тужен, ми немаат побарано пари, во истата банка ми поминаа три плати пред некои 6 месеци и никој ништо не ми побара, ниту пак во банкарскиот извод ми стои дека банката има побарувања од мене, некое минусно салдо..и т.н. Работата е што они тој долг си го чуваат "во некоја фјока" и ме држат во народна банка како неплаќач и должник на 32000 ден. Тоа баш онака ми го објаснија пред некој ден, дека ако сакам да земам било каков производ од било која банка, ке морам прво да си го расчистам овој долг, кога ке можам-тогаш. Значи ако никогаш во животот немам потреба од кредит, неморам ни да им го платам тој долг. Дали ова што го прават е законски и дали постои начин да се поништи тој долг?