Имам прашање до сите правници, па и до тие кои можеби го имале истиот проблем.
Вака.. мислам дека беше Декември некаде, направив сообраќаен прекршок , на патарина , од Скопје накај Велес.. Ја закачив рампата, бев нешто расеан па имаше еден камион пред мене се задржа повеќе од обично и кога тој крена и јас по него и само шо поминувам ми текнува дека не платив , а само еден метар откако ја поминав рампата.. тој што напаќаше најверојатно не ме ни видел, па уште малку и врз мене ќе ја спуштел изгледа, и јас одма назад полека и не очекував дека толку брзо ќе ја спушти не погледнав уствари, малце ја искривив, и ајде таму направија компликации за ништо.. а им реков да си платам колку треба да не се замараме, не беше намерно.. Па тој шефот инсистираше на полиција да се јават , така му било наредено и така ме пишаа.. Сега ми стигна , дека сум направил прекршок при што сум нанен штета од 2000 денари и треба да се јавам на суд, на 4 Јуни а јас тогаш ќе бидам во Америка, па ќе ве молам за совет, што би можел да направам, може ли порано да одам? или да дадам полномоштво при што ќе пополнам писмена изјава итн. Знам дека ако одам на суд можеби и ќе ме ослободат.. но нема да бидам овде..
Благодарам однапред