Правна помош и совети

Член од
12 март 2009
Мислења
20.195
Поени од реакции
16.334
Не мора да ја спамирате темата со коментари како за во кафич...:eek:
Ако можите помогнете,ако не не мора да си терате сеир врз нечија мака....без разлика кој е виновен за тоа шо се случило....
Ќе дадам мое мислење за случајот"силување"...
Госпоѓице,госпоѓо dirty angel...
Силувањето е едно доста сериозно кривично дело,и казните се доста високи.....
Но како шо рече членот погоре ова тешко се докажува...
Доколку го пријавите....
Прво,треба да бидат ислолнети елементите на кривичното дело силување...член 186 од Кривичен закон на РМ...
Значи дали имало присила со директна и сериозна закана од негова страна?
Второ доколку имало,треба да се изврши преглед од лекар специјалист,потоа вештак од судска медецина треба да изготви наод и мислење....
Па со ова се оди на суд...
Овие дела се доста тешки во целиот тек на постапката....,не само за жртвите туку и за судиите....зошто пред се се работи за повредување на интимата на некоја личност...
А и судиите имаат нималку лесна задача кога одлучуваат....
А и не ретко стигнуваат лажни пријави баш како шо рече dobro poznat...
Зошто љубовите врски,интимните односи се меч со две оштрици,мала е разликата помеѓу љубов и омраза....
Не ретко љубовни врски завршувале по судови,па станувало каша попара....да интервенира полиција во суд...
Да не должам мислам ме разбираш,значи ова не е едноставна работа...треба сите факти да се знаат,пред да се реши дали ќе се превзема некој потег или не...
Последиците не се едноставни,и за двете страни...
Ако мислиш деа преземаш нешто,преземај...но добро размисли...зошто ова е многу комплексна ситуација...и секако ќе има последици,без разлика на епилогот...
Има една интресна ситуација , ја приметив пред 2-3 години беше во хрватскиот печат, лице осудено на строга затворска казна поради сексуален однос (без никаква прислила) со лице во состојба на немоќ. Имено еден средовечен маж кој нудел некој сеанси за лекување на неплодност, сексуално искористил 30годишна жена од Словенија, но не во ординација ( ниту имал) туку во шума. А интересно што жената била на одмор во Хрватска со својот маж и била потполно нормална, не лице со посебни потреби или нешто друго.
Од друга страна во Германија постојат легални сексуални терапевти со ординации, кој употребуваат терапија со сексуално односи на пациенти , но мислам не тие со нив, туку со други лица -волонтери кој ги ангажира . терапевтот.
 
Член од
3 ноември 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Имам една правна дилема. Постои дуќан кој е во сопственост на две лица, односно истите се сосопственици на дуќанот, секој има по 1/2.
Прашањето ми е, до која мера едниот од сосопствениците може да располага со својот дел, односно конкретно дали може истиот да го подари некому со Договор за дар, а без притоа да треба да бара согласност од другиот сосопственик? За продажба на сосопственичкиот идеален дел знам сигурно дека согласно Закон за сопственост и други стварни права, мора да се бара прво да се понуди до другиот сосопственик, па откако тој ке даде изјава заверена на нотар дека е не го прифаќа понудениот дел, може да го продадеме на друг. Незнам дали истото важи и за договор за дар

Ви благодарам однапред.
 
Член од
14 септември 2012
Мислења
4
Поени од реакции
2

Мислам дека не постои таква обврска при договор за дар. Бидејќи во тој случај се ограничува правото на сопственост. Е сега пошто станува збор за сосопственост мислам дека имаш обврска да го известиш другиот сосопственик. Можно е да ти биде потребна и негова согласност.
 
Член од
6 ноември 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво!
Имам еден спор во врска со куќа.имам купопродажен договор кој е од 1986, потпишани се двете странки и е со печат од адвокат.продавачот на куќата е тужен во 2008 од син на купувачот и е донесена пресуда(во која пишува дека е склучен усмен договор помеѓу нив двајца).во пресудата не е појавен продавачот(не е потпишан).јас сум му син на купувачот(таткоми) на куката(брат на добиената пресуда).жена му(мајками) на купувачот е жива.одиме веќе 4 години по судеви нема никаков ефект.дали може во ваквиот случај да има повторување на постапката(со оглед што имаме купопродажен договор,мајками е жива и имам сведоци кои знаат кој ја купил куката).дали може да се поведе оставинска маса за да си го земе делот што ја следува од починатиот сопруг.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ми треба правен совет:
Јас сум исклучен и денес добив фактура од топлификација за 15 дена бараат 685,50 денари
Сакам да им ја вратам фактурата и да ги присилам да ме тужат, па на суд да се води расправа.
Дали треба да образложам зошто ја враќам фактурата или само да напишам, ви ја враќам фактурата - тужете ме. Па во одговорот на тужбата да образлагам.
 
A

Advokatisce

Гостин
нема потреба да ја враќаш фактурата . Ако не платиш ќе те тужат односно ќе пуштат платен налог кај нотар па после дај приговор и објаснувајте се на суд
 
Сакам што побргу да ме тужат. Тие пресметуваат камати ...
А и подготвувам жалба за Стразбур, па подобро да имам что повеќе прилози
Дали нешто може да ми нашкоди ако ја вратам фактурата со образложение дека не е точна и да ги повикам да ме тужат?
 
Член од
26 јули 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Имам прашање.. пред некое време фирмата во која работам доби покана за на суд (кривична) и се повикува „преставник“ на фирмата да се пијави пред суд.. Делото се води против друго лице, а ние се јавуваме во својство на сведок (барем така беше последниот пат).. Прашањето ми е - дали може на суд да отиде лице кое не е правник и не е вработено во фирмата - со уредно полномошно од фирмата??
 
Член од
16 април 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Koj moze da mi kaze nesto za clen 34 od ZPPJRM. Koj utvrduva zanemareno grizenje i kako?
Inaku dobiv pokana za na sud so baranje od policija za poveduvanje na prekrsocna postapka zatoa sto sin mi koj ima 10 godini go turnal so tocakot sinot na komsijata od 5 godini zatoa sto mu pretrcal. Za sreka pomina so mala grebnatinka od 1-2 santimetri. Komsijata tatko na deteto kazal deka moeto dete go udrilo so raka i turnalo na zemja, bev povikan vo policija i kazav deka moeto dete samo go turnalo so tocakot nisto drugo. Sega kazetemi kako utvrde policiskiot sluzbenik deka imalo zanemareno grizenje od moja strana, a kaj komsijata nemalo cii 4 deca se postojano na ulica, na vozrast 11g,7g,5g,5g, bidejki toj vozi taksi cel den, a soprugata od koja e razveden doaga samo vo nedela da gi vidi. Banalna rabota no vo clenot e predvidena kazna 600-800 evra zamislete.
Sega neznam dali baranjeto za poveduvanje prekrsocna prijava e poradi slucajot ili zatoa sto predmetniot inspektor inaku ucenik na tatkomi koj rabotese 40 godini vo policija e poradi toa - nekoj makedonski inaet.
Bi ve zamolil za odgovor. Pozdrav.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ме интересира,дете кое има 12 години, мајка Македонка,родено во Германија а живее во Грција,дали може да извади Македонско државјанство?;)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
imam edno prasanje ,kako moze da baram nuzen del od tatko mi koj sega e pocinat ,a kukata ja poklonil na brat mi .ednas vi pisav i mi odgovorivte deka moze da baram nuzen del ,bez razlika kolku dolgo e pocinat tatko mi .no jas prasav poveke advokati ,tie mi rekoa deka nuzen del mozam da baram samo 90 dena po smrtta na tatko mi .pa ve mola,m da mi kazete ako moze kade go ima toj zakon i koj clen e od zakonot .blagodaram
 
Член од
16 април 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Kako bi mozel da go ostvaram pravoto za nadomest za parcela nad koja vrvi dalekovod 110kv. Parcelata nad koja vrvi 110kv dalekovodot ne mozam ni da ja prodadam, a uste pomalku jas da gradam. Vo istata parcela stoi i bandera od dalekovodot, a vrvi i niskonaponska 220v linija i od nejze ima bandera Vaka mestoto isprekrsteno so zici i postaveni banderi skoro i da ne e upotreblivo. Na koj nacin da si go ostvaram moeto pravo.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.364
Поени од реакции
4.172
Имам прашање.. пред некое време фирмата во која работам доби покана за на суд (кривична) и се повикува „преставник“ на фирмата да се пијави пред суд.. Делото се води против друго лице, а ние се јавуваме во својство на сведок (барем така беше последниот пат).. Прашањето ми е - дали може на суд да отиде лице кое не е правник и не е вработено во фирмата - со уредно полномошно од фирмата??
Неможе.
--- надополнето: 20 ноември 2012 во 16:17 ---
Ми треба правен совет:
Јас сум исклучен и денес добив фактура од топлификација за 15 дена бараат 685,50 денари
Сакам да им ја вратам фактурата и да ги присилам да ме тужат, па на суд да се води расправа.
Дали треба да образложам зошто ја враќам фактурата или само да напишам, ви ја враќам фактурата - тужете ме. Па во одговорот на тужбата да образлагам.
Најдобро е да си платиш оти ке го загубиш спорот на суд па ке треба да платиш и парнични трошоци, камати.... А спорот ке го загубиш затоа што сметката која ти е пратена е во согласност со правилникот кој го донесе регулаторната комисија а во кој стои дека иако си исклучен треба да плаќаш (ми се чини 17% од цената која би ја плаќал доколку не си исклучен) поради тоа што станот се топлел од соседните станови. И доколку сакаш да се исклучиш а да не плакаш ке треба соседите да ти потпишат согласност и сметката која ти стигнала тебе да се подели на нив (кој сосед би прифатли такво нешто!?) Топлификација на судот само ке се повика на правилникот донесен од регулаторната комисија врз основа на кој ги прават сметките и спорот ти е загубен. Проблемот е во правилникот. Тие од ргулаторна се за ебење....
 
Се согласувам и мислам дека си наполно во право - ќе го изгубам спорот. Таа фактура представува „ веродостојна исправа “ и доволно е да до некој нотар достават предлог за донесување на решение да се дозволи извршување, нотарот да донесе решение и фактурата оди на извршување.
Убаво и корисно е твојот пост да го прочитаат оние кои погрешно мислат дека можат да речат не сакам да им платам или слично и се залажуваат дека немаат договор. Деновиве и Регулаторна ги лажеше граѓаните дека немаат договор демек нема да платат
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9A0451A29691474494106BDF4E0165EB
Срамота е како лажат а тие го донеле правилникот.
Фактурата е „ веродостојна исправа “ и тука нема помош.
Лично јас сум во посебна положба бидејќи подготвувам жалба за Стразбур. Мене ми одговара да изгубам ама да има судење. А се плашам дека Топлификација ќе оди дирекно на нотар, ( на пример, нотарот не ми доставил решение туку го огласил на огласна табла и ќе помине без судење ) Затоа им ја вратив фактурата за да можам да се жалам дека не ми е овозможено судење.
Тие од Топлификација и Регулаторна се злосторници и јас би ги обесил на сред плоштад, ама тоа е тоа....
 
нема некое големо значење тоа што си им ја вратил фактурата затоа што ако сакаш да одиш на суд доволно е кога ке ти стигне решението од нотар на истото да поднесеш приговор во кој случај нотарот целиот предмет ке го прати на судот и постапката ке продложи пред судот односно ке има судење. Фактурата е само документ со кој може постапката да се покрене кај нотар и доколку навистина некој не должи нешто иако има фактура на суд ке си докаже дека не должи. И тоа со договорот му е чиста глупост на регулаторна затоа што топлификација во било каков спор нема да се повикува на договор туку на правилникот и на законот кои се во нивна корист. Незнам како е решено ова прашање во странство во поцивилизираните држави па пред да покренеш постапка во Стразбур би било добро да провериш како е во светот, дали на пример и во Германија се плаќа ако си исклучен. По ова прашање има покренато иницијатива пред уставен суд но никако да ја стават точката на дневен ред. Ке биде интересно како ке реши уставниот суд. Ако тој дел од правилникот излезе дека е противуставен тогаш е супер и топлификација можат да се сликаат ама не верувам дека ке решат така. Ке биде пак некоја политичка одлука.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom