Правна помош и совети

Член од
30 ноември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
66
Претходниот сопственик на станот си имал ставено кабелска телевизија со договор, не знам дали на една или две години. Јас како нов сопственик, со купопродажен договор и имотен лист, дали треба да се замарам да ги известувам во кабелскиот оператор дека сум нов сопственик и дека не сакам услуга од нив т.е не сакам кабелска и телефонија од тој оператор. И така не го користам, но во станот има пуштено кабли.
Бидејки јас немам нисто постписано со мое име, дали има можност и каква е праксата, они да си пракаат сметки на име на стариот сопственик, јас нормално нема да ги праќам, и потоа да ме дадат на извршител и сл.
Ќе ве молам за совет.
Ne mu se sekiraj , Ne si ti kriv sto kabelskata kompanija ne si e azurna:icon_lol:
--- надополнето: 30 декември 2011 во 20:24 ---
I kaj mene doma bese na dogovorot napisan dedo mi, ama toj si pocina, jas otidov da im kazam da me isklucat, a tie mi baraa da platam pretplata za sve nanazad, jas gi oterav vo p.m. i im kazav neka tuzat. Eve pominaa 5 godini aber nema nikakov za tuzba ili sl.
 
Bla4KRa1n

АДМИН
Член од
19 ноември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Ве молам за правен совет, мислење од некој што е запознаен со оваа проблематика.
Пред месец и неколку дена од МРВ ми го одземаа компјутерот под основано сомнение за извршено кривично дело од член 251, односно обид за навлегување на веб сајт. Јас такво нешто немам сторено и не се разбирам до толку што би требало да покаже и докаже вештачењето. Но проблемот е во тоа што веќе помина цел месец како компјутерот е на вештачење така што веќе тука почнуваат и нервите да играат. Дали некој имал слично искуство со ова, дали треба да почекам уште некој ден, дали треба да ангажирам адвокат и од ништо да ја правиме нешто работава со тоа што ќе поднесам жалба и т.н
Поздрав
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645

Во кое својство си ти у ситуацијава? Осомничен, помагач?
Логично ако си осомничен, почнува истражна постапка, и во секој случај ти треба адвокат.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549

Вака...
Доколку немаш примено обвинение (со уредна достава) не треба сеуште да се грижиш....
Нема потреба од адвокат сеуште.....(се додека не те осомничат официјално)....
Можеби го користат твојот компјутер во доказна постапка против друго лице....
Па ќе те повикаат во својство на сведок...
Како и да е,полицијата требаше со налог за влез во твојот дом,да те запознаат за причините за одмезењето на компјутерот...(не знам дали те запознаа со причините за одмеземниот имот)...?
Доколку не го сториле тоа,тоа е сериозен прекршок во истражната постапка...
Како и да е,се додека не е официјална работата со обвинелството нема потреба дополнителни грижи..
Нека се изјаснат официјално,па после ќе знаеш шо да правиш и да преземаш...
 
Bla4KRa1n

АДМИН
Член од
19 ноември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Во кое својство си ти у ситуацијава? Осомничен, помагач?
Логично ако си осомничен, почнува истражна постапка, и во секој случај ти треба адвокат.
Најверојатно како осомничен. Имам два документа. Записник за претрес на дом и потврда за привремено одземени предмети каде пишува дека основ по кој е извршено одземањето е постоење на основано сомнение за извршено кривично дело 251.

Ти благодарам..

Вака...
Доколку немаш примено обвинение (со уредна достава) не треба сеуште да се грижиш....
Нема потреба од адвокат сеуште.....(се додека не те осомничат официјално)....
Можеби го користат твојот компјутер во доказна постапка против друго лице....
Па ќе те повикаат во својство на сведок...
Како и да е,полицијата требаше со налог за влез во твојот дом,да те запознаат за причините за одмезењето на компјутерот...(не знам дали те запознаа со причините за одмеземниот имот)...?
Доколку не го сториле тоа,тоа е сериозен прекршок во истражната постапка...
Како и да е,се додека не е официјална работата со обвинелството нема потреба дополнителни грижи..
Нека се изјаснат официјално,па после ќе знаеш шо да правиш и да преземаш...
Ти благодарам..
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
П.С.
Мало до-објаснување...
Значи кажавме ,се додека не добиеш покана за на суд нема шо да се грижиш...
Работа на МВР е да оценат дали има доволно елементи за да поднесат официјален предлог до Јавното Обвинителство да покрени обвинение....
Значи Јавното Обвителство го презема гонењето во кривичната постапка и тие ја тераат постапката пред кривичен суд....
П.П.С...најлошото сценарио...
И да дојди до судење и да се донеси негативна пресуда за тебе,казните се поблаги...(во најлош случај,пу,пу скраја да е).....
Членот 251 од КЗ(кривичен закононик),има и два подчлена(251-,и 251-б) па се предвидени повеќе можности за делото комјутерска измама...
Како шо кажуваш ти овде се работи за став 1 од членот 251...
Упад во компјутерски систем...
Значи не е причинета никаква материјална штета,само обид да се влези во веб-сајт(или некој компјутерски систем шо е заштитен)......
Казната е или парична казна или казна затвор од 6 месеци до 3 години..
Доколку не си осудуван претходно,во најлош случај ќе поминиш со условна осуда...
Позз
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
115
Поени од реакции
15
Повторно им се обраќам на правниците коишто се расположени да се обидат да ми помогнат. Навистина не знам кому да му се обратам откако сфатив дека дел од семејството заедно со адвокатката (нивна лицна пријателка) намерно ме испуштиле од листата на баратели иако имам наследно решение и го предале барањето последниот ден пред истекот на рокот за да не можам да интервенирам.

Со Законот за денационализација се овозможува некои граѓани да бидат спречени да си ги остварат правата. Се остава простор дел од семејствата (наследници) да го сокријат постоењето на тапии, решенија и други потребни документи од некој член на семејството итн. Во вакви случаи изиграниот член на семејството (наследник) е токму од законите спречен да се бори против бесправните решенија.
Ќе го изложам својот случај и се надевам дека има и други со слични проблеми, а исто така дека некој правник, упатен во проблемот на денационализацијата, ќе може да ни помогне. Каде да се обратам? Има ли можност ова да се спречи?

Во постапката за денационализација, адвокатот што мислев дека застапува и мене (со полномошно) и другите наследници на правото на денационализација на имотот на дедо ми, не го напишал моето име во формуларот за листата на барателите, туку го додал дополнително, иако јас кај неа го покренав тоа истиот ден кога и останатите наследници (баратели). Една година пред истекот на рокот отидовме кај неа и таа влечкаше до последниот ден. Документите ги предае последниот ден. Подоцна сфатив дека очигледно ги предала ден пред истекот за да не можам на време да интервенирам кога видов дека не сум на листата за баратели. Кога за прв пат во првото решение забележев дека ме нема помеѓу барателите, адвокатката не ми дозволи да одам да прашам во комисијата во Карпош „да не ги изнервирам“. Сите останати документи (од кои повеќе прибавив и донесов токму јас), вклучувајќи го и решението за оставинската постапка (јас сум наследник на 1/4 од имотот на дедо ми, односно делот на мојата покојна мајка), се додавани дополнително и прифатени како валидни. Во сите решенија на првостепената комисија сум изоставена. Адвокатот што мислев дека ме застапува ми објаснуваше дека тоа е небитно, бидејќи на формуларот немало место за сите наследници, а меродавно е решението за оставинската расправа. Откако ме зачуди што и на подоцнешните решенија сум изоставена, поднесов жалба на првостепената комисија и ми беше одговорено дека, и покрај оставинското решение, сум “неовластено лице„. Претседателката на комисијата ми објасни дека никој што не е наведен во барањето не е барател без разлика на тоа што е прогласен за наследник. Така јас и мојот братучед сме во решението прогласени за неовластени лица. Но во истото решение нему му се доделуваат средствата. Тој само го носи името на дедо ни. Јас не сум крива што не можам да се викам Трајко, бидејќи сум женско. Така или на едно неовластено лице му се доделуваат средства, а на друго не (со исто решение) или му се доделуваат средтва на покојникот од кого наследниците го наследуваат правото на наследство. Второ: колку што ми е познато, секој го наследува само делот кој според оставинското решение му припаѓа. Комисијата во Карпош не го почитувало оставинското решение. Во овј случај претседателката на комисијата самоволно го поделила на три третини, спротивно од оставинското решение. Трето - предмет на ова решение е парцела која не била во владеење на дедо ми, туку на мајка ми, чиишто единствен наследник сум јас и имам оставинско решение. Парцелата е порано приватизирана и во тек е изложувањето. Напоменувам дека тоа спаѓа под Карпош, а во решението од Центар со истата постапка сум наведена уредно во листата на баратели и наследници со 1/4. Како е можно да се постапува различно во секоја комисија? Како е можно и судот да донесе решение според кое е нормално да се постапува различно во ист случај во исто решение, да се постапува спротивно на оставинското решение и да се доделуваат средства за надокнада на туѓо (во случајов само мое) земјиште секому, освен мене? Знам дека адвокатката која очигледно ги застапуваше интересите на дел од семејството (инаку лична пријателка на една од моите братучетки) чијашто цел беше да ме исфрлат, воопшто во тужбата не ги навела вистинските состојби. Сега е обжалено на Врховен суд, но сигурна сум дека адвокатката или не го запазила рокот или пак не се наведени вистинските состојби. Сфатив кога ми рече: „Па тоа и не е некој имот за кој вреди да се борите, секирате“ или така некако. Навистина не знам кому да му се обратам за помош. На овој начин законот дозволува и остава место за измами на еден од наследниците од страна на другите наследници. Може дел од наследниците едноставно да исфрлат еден од наследниците во договор со адвокатот? Лишена сум од мојот дел, доделен со судско решение и не сум се откажала од наследство. Освен тоа, приложив уверение за државјанство токму да го докажам правото да бидам барател. Адвокатката цело време ме спречуваше да одам сама во комисијата за „да не ги налутам“. Едноставно - комплетна измама! Има ли некаква можност во нашиот правен систем да се изборам против очигледна измама? За цело време ме задолжуваа да ги прибирам документите. Како да постапам? Кому да му се обратам за помош? Веројатно не сум единствена со сличен проблем. Има ли излез? Има ли адвокат кој би можел со совет или со застапување да ми помогне?

Ве молам за помош. Однапред сум Ви благодарна.
 
Прво,ако добро прочитав жалбата ја решавала првостепена комисија:eek:
Ова е недозволено....
Дали заседавал второстепен орган по твоето барање?
Доколку не....
Прво обрати се до народниот правобранител..
Обајсни му го случајот...
Кога тој ќе констатира нарушување на право на граѓанинот има право да ја запре правосилноста на решение донесено во прв степен,и случајот повторно да се врати на разгледување...
Значи да појаснам,тој нема право и овластување да го измени решението,но може да укаже на некои неправилности и пропусти при решавањето на предметот......
Па комисијата е должна да го врати предметот на повторно разгледување....
Трета работа...
Мој совет е да се бара повторување на постапката...
Доколку на заинтересирано лице му е оневозможено учество во постапка каде шо има права и интереси тоа е причина за повторување на постапката....
Ова е вонреден праавен лек...
Доколку е окончана постапката?
Доколку е,крајниот рок за преземање на овај правен лек е 5 години по правосилноста на пресудата...
Совет,барајте нов адвокат шо побрзо и преземете некои дејствија....
Не е само еден адвокат во Скопје.....
И совет доколку сметате дека таа адвокатка ви нанела штета во постапката ,можите да ја тужите и неа,и од неа да барате надомест за причинета штета....
Консултирајте се со адвокат....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VMP

Благодарам за советот. Можете ли да ми посочите адвокат ? Доколку можете да го сторите тоа, секако дека же имам респект кон Вашиот совет.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Благодарам за советот. Можете ли да ми посочите адвокат ? Доколку можете да го сторите тоа, секако дека же имам респект кон Вашиот совет.
Да беше случајот во Битола ќе ти дадев неколку добри предлози...
Ама вака,подобро е некој од скопските правници да посочи некој поспремен (граѓански)адвокат...
Позз
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Благодарам за советот. Можете ли да ми посочите адвокат ? Доколку можете да го сторите тоа, секако дека же имам респект кон Вашиот совет.
Има многу овде кои се цивилисти, но ајде, еве кој ќе ми текне ќе ти го набројам: Игнат Панчевски, Ѓорѓи Димитров, Ракочевич, појди во адвокатска улица имаш таму повеќе канцеларии исто така и во Скопјанка и карши Скопјанка имаш повеќе адвокатски канцеларии.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VMP
Член од
21 јуни 2009
Мислења
65
Поени од реакции
1
колеги,
ако има некој на форумов скоро што го полагал правосудниот испит, нека го подели тоа искуство со нас што немаме полагано. Дали ги има некаде сите материјали, дали има прашања или некои комбинации што се паѓаат, колку време го спремавте, што се паѓа по граѓанско и кривично на писмените тестови и се останато што мислите дека би можело да ни помогне нам.
ви благодарам
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Ве молам еднопрашање.добив дел од куќа,и ја имам на имотен лист 1/4.бевме на физичка делба со вешти лица,потоа судот ми ја додели истата 1/4 како што беше одредено од вештите лица .но во решението имаше и варијанта да ми се доделат пари ,затоа сто така сакаше противникот ,да ми дал пари ,но јас го сакам делот што ми припага.противникот се жалеше на донесеното решение до апелација.и жалбата се уважи и предметот е вратен на повторно разгледување.прашањето ми е дали мозат да ми го земат делот односно да ми го платат како тие што сакат или немаат право да ми го земат ако јас не сакам пари ,а јас го сакам делот сто ми припага .благодарам.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093

Не може да ти го земат делот во замена за пари доколку ти не сакаш. Меѓутоа, тоа ќе биде случај доколку не е возможна физичка делба, па мора да се продаде имотот и на секој соодветно со деловите да му се исплатат пари. Работата е дека твојата четвртина од куќата да речеме е една соба, за да може да е деллива мора да има посебен влез, доколку не може да има посебен влез, а не сакате сите сосопственици да живеете заеднички, мора да се продаде и да го добиеш соодветниот дел од парите.
Секако, бидејќи е вратен предметот на повторно одлучување, паметно би ти било да си земеш адвокат. :)
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Сакам да се надоврзам на горното прашање. Бидејќи куќата што ја делиме е сопственост на моите родители кои мајка ми е почината пред татко ми, а татко ми ја поклони цела куЌа на брат ми па на судот се докажа дека не може да го поклони делот на мајка ми што е градена во заедница, дел од куќата го делевме и добив 1/4. Но, еден спрат и подрум татко ми сега покоен го препишал на брат ми за доживотна издржавка, а тоа е истата куќа. Но за тоа не сме излегле на суд, така да тоа е нерасправена имовина. Дали би можела да тужам за тоа затоа што е доживотна издржавка, а истото е имот и на мојата мајка. Благодарам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom