По осми пат се бара инвеститор кој за 14.000 евра ќе го купи ОХИС

Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Поради тој ОХИС, поради еден куп неисплатени плати, технолошки вишоци, милион нервози татко му заврши со инфаркт и 4 бајпаси, татко на другар почина и многу луѓе си закачијa дијабетес и разни болести... ОХИС е најтрагичната приказна на нашата транзиција која сеуште не е завршена. Секој ден принуден сум да ги гледам оградите на тој “гигант“ кој целосно не уништи! Никој не знае како е да се биде дете на родители кои пропаднаа поради тој гигант!!!
Што се однесува до мене пепел да се стори и ОХИС и сите кои уништија стотици животи!
Ова ме потсети на она пред некоја годиниа што коментираше еден во врска со женаму дека Бранко е крив што го оставила.. и ред други работи. :pos:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896









Мислам дека знаете кој е.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
На инвеститорите без разлика дали е домашен или странски ги заболе за Охис а уште помалку ги заболе, за вработените таму целата игра е што помалку пари да платат(државата да им ја продаде со што помал долг) инаку целата игра е околу земјиштето на Охис, зошто е голема површина , па кој и после да направи станбен или деловен простор ке се убие од пари заработување,Охис да се наогаше на друга локација понеатрактивна никој немаше да покаже интерес за него.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723









Мислам дека знаете кој е.
Пеце Ј. имаше шанса да го опорави охис НЕ САКАШЕ човекот одби сакаше наместо тоа да го доупропасти и тоа и го направи а можеше да ја поправи грешката на ќутуков од сликиве
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Ова ме потсети на она пред некоја годиниа што коментираше еден во врска со женаму дека Бранко е крив што го оставила.. и ред други работи. :pos:
Се очекував ама да бидам спореден на овој начин најмалку очекував... Што сакаш да постигнеш со постов? Очигледно немаш никаква допирна точка со човек од ОХИС па си даваш голема слобода да тераш мајтап. Тераш мајтап со судбина на многу луѓе. Тоа што го пишав е најискрено од моја страна и немам причина да се преправам. Ме били кур дали некој може да разбере или не. Ниту нагласив кој е виновен ниту се обидував да одберам страна.За мене сите се виновни, почнувјќи од моменталната Влада па враќајќи се наназад до 91. ОХИС не пропаѓаше денес или вчера, пропаѓа со години! И никој не мрдна со мало прсте.

Што всушност се случуваше во ОХИС.
Јорго Ќука доаѓа на место генерален директор некаде при крајот на 80-тите. Во тој период ОХИС е во огромен подем. Отворен е нов погон за производство на синтетичко влакно - Малонско влакно. Македонија со тоа влакно е најголем извозник во регионот! Се извезува во Германија, Русија и Блискиот Исток. Малон (погонот се вика Пан 3 мислам) е единственото нешто што го одржуваше ОХИС некаде до 2000 година. Потоа почнуваат да се јавуваат сериозни проблеми. Започнува кражбата. Цели шлепери со прашок се изнесуваат од фабриката како никогаш да не биле произведени. Мистериозно исчезнуват суровини а на пазарот се појавуваат нови детергенти со ист квалитет кко ОХИС-овскиот. Се работи во ноќни смени за да може да се постигне да се изнесе што е можно повеќе. Многу луѓе беа фатени, но освен суспензија не одговараа кривично. Долговите се натрупува еден преку друг. Додека работниците немаа земено плата, управниот одбор си делеше дури и по 100.000 денари секој месец! Повеќе и од собраниски пратеник! Секогаш кога ќе се обидеа да се кренат на штрајк добива закани дека на тој начин платата може да им доцни дополнително.
Здравственото осигурување/плавите картони за даден месец ги добиваа неколку дена до половина месец по истекување на тој месец!!!! Луѓе не можеа да одат на лекар зошто стравуваа од огромните суми кои ќе мораа да си ги подмират приватно!

Се тоа луѓе мои создава стрес! Не е стрес ако ми падне конекцијата па немам Интернет цел ден! Стрес се создава кога се плашиш да не дојде денот кога ќе немаш средства да му пружиш најосновни потреби на своето дете! Тој стрес создава болест! Најмалку сакам кога некој пробува да ја извлече на сеир целата работа. Јас кога дознав дека татко на другарче почина од срцев удар бев тотално шокиран... А веќе наредната година, во овој период татко ми заврши на кардиологија со иста дијагноза. Што можам јас тогаш да помислам? Човекот одеше на работа без пари! Беше викан во секое време, дури и во 3 саат по полноќ! Ама џабе зборам... синче на некое нафатирано бизнисменче или синче што не видело никаков пекол низ детството нема да разбере па колку и да се труди човек... Битно тебе А.М. нека ти служи на чест коментарот, одлично ги толкуваш работите. Браво!
 
V

Vollstandig

Гостин
Ми се сере од пропаднати, и што би било кога би било ситуации во Македонија. Па добро бе безкичмењаци едни никакви, имате ли вие мозок и глас? Знаете ли како да размислите и да ги согледате работите од вистинскиот агол па да го дигнете гласот против се она што се прави во државата а не му е во корист на народот?!

"Бранко е крив, Љупчо е крив, Грујо е крив" - ПИЧКА ТИ МАТЕР НЕПОСМЕНА ТИ СИ КРИВ ШТО ДОЈДОВМЕ ДО ОВОЈ СТЕПЕН! ТИ - НАРОДОТ ОВЦА, КОЈ Е СТРИЖЕН ОД СЕКОЈ ШТО ЌЕ СЕДНЕ НА ФОТЕЉА!

Ми се сере од народов и државава!
Испрани мозоци бе братче, шо да им правиш.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 14:31 ---
Ова ме потсети на она пред некоја годиниа што коментираше еден во врска со женаму дека Бранко е крив што го оставила.. и ред други работи. :pos:
Политички маркетинг беше, али од најниско ниво. И уште не можам да сфатам, владина реклама, ја даваат на македонска телевизија, а се користи толку ниска пропаганда, демек “Бранко ја донесе транзицијата, транзицијата ме остави без работа, а пошо немам пари жена ми ме остави“.
Бранко е крив оти се оставил со женаму.


 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Tешко да најдат купец ако им е услов сите работници да се задржат. Треба да го продаваат без обврски само со долгови. Вака работниците не се ни на небо ни на земја. Мора луѓето за без плата да работат. Незнаат дали да си дадат отказ или не...Требаа од дамна да го продадат и решат случајот.
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Треба да се продаде и да им се исплатат платите на вработените. Не треба да се инсистира на продолжување на дејноста нека се и ликвидира, а на тоа место нека се изградат други погони кои што ќе ги вработи луѓето
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Треба да се продаде и да им се исплатат платите на вработените. Не треба да се инсистира на продолжување на дејноста нека се и ликвидира, а на тоа место нека се изградат други погони кои што ќе ги вработи луѓето
Најрегуларен начин е да се продава со долгови кон доверители и вработени и преку берза. Па новиот сопственик/сопственци нека си одлучуваат што ќе работат и како. Но, владата сака да добие политички поени и да се покаже дека не како „Бранко“ и ги е.е сите во здрав мозок.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.302
Поени од реакции
26.198
Нека го дадат на некого само со услов да го деконтаминира земјиштето и да изгради згради на тоа место. Охис никогаш веќе нема да проработи. Вака е само грд споменик на една ужасна политика.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
кој будала сака да си купи долгови?? уште 14 000 евра го даваат. - јес да 14 000 евра се ништо ама долговите што ги има се огроооооооооомни....
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Факт е дека долговите се огромни и дека некој мора да ги плати - да ли купувачот кои што ќе ја пазари фирмата, да ли од биџет на државата кои што се полни од нашите пари или едноставно нека прогласат банкрот па од имотот што постои нека се подмират долговите
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
По осми пат се бара инвеститор кој за 14.000 евра ќе го купи ОХИС


Токму од тендерската документација заинтересираните инвеститори ќе дознаат дека деконтаминацијата на земјиштето на Охис, богато со канцерогениот линдан, нема да биде обврска на инвеститорот. Заинтересираните имаат рок од месец и половина за да решат дали сакаат да го купат ОХИС и да дотават понуда до Министерството.

Осми обид на Владата да го продаде ОХИС. Хемискиот загубар се продава за 14.000 евра или еден евро цент за акција, плус долговите кон вработените за плати и придонеси, за тужбените барања и долгот кон доставувачите.
Се нудат 1.477.172 акции кои претставуваат 76,575% од главнината на ОХИС. Министерството за економија ја продава тендерската документација за ОХИС за 1.000 евра се до 29-ти овој месец. Токму од тендерската документација заинтересираните инвеститори ќе дознаат дека деконтаминацијата на земјиштето на Охис, богато со канцерогениот линдан, нема да биде обврска на инвеститорот. Заинтересираните имаат рок од месец и половина за да решат дали сакаат да го купат ОХИС и да дотават понуда до Министерството.
Државата овој пат ќе им дозволи на инвеститорите да ја прошират дејноста на хемиската фабрика, но со обврска да ги задржат на работа сите 805 работници.
Владата одново го огласува ОХИС само две недели откако пропадна и седмиот тендер за продажба на загубарот.
„Има ситни измени, но не отстапуваме во делот на бројот на вработени. Во тендерската документација утврдуваме дека деконтаминацијата на земјиштето нема да биде обврска на инвеститорот што за нив е многу олеснителна околност. Има и други технички работи, но тие не се дел од тендерската документација. Имам редовни контакти со инвеститорите и Сндикатот и заедно ќе вложиме напори да ги придвижиме случувањата во позитивна насока“, вели министерот за економија, Ваљон Сараќини.
Иако Сараќини уверуваше дека на последниот тендер за ОХИС се интересираа две бугарски, една македонска и една украинска фирма, како и три други инвеститори од Русија, Турција и Албанија, сепак ниту еден од нив не достави понуда за да го купи хемискиот загубар и од него да направи профитабилна компанија.
Од Синдикатот на ОХИС пак, бараат 200 вработени кои веќе се прогласени за технолошки вишок да примаат надоместок во период од пет години, а не 18 месеци пред да ги исполнат условите за пензија.
Загубарот остана и без генерален директор, откако Пеце Јовески пред две недели си поднесе оставка од функцијата. Од компанијата велат дека повлекувањето било најавено уште во декември лани, но Јовески чекал да се реши статусот на компанијата. Овој некогашен хемиски гигант, првиот квартал од годинава го заврши со загуба од 162.000 евра што е за 870% повеќе во однос на истиот период лани.

Извор
Најверојатно страда од превработеност и додека не му дадат полна слобода на инвеститорот да отпушта и вработува нема да го продадат. Крајно што ако кадарот што е таму во моменетот е некфавлифкуван? Инвеститорот нема право да изгради сопствен тим за работа туку е принуден да го наследи постоечкиот кој бај д веј ја има донесено компанијата во загуба.
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
и за едно евро да ми го дадат не го земам. што ќе прави новиот сопственик со отровните остатоци од производството на вештачко ѓубриво кои се депонирани во кругот на фирмата на само 2-3 км од центарот на градот...направени се студии а никој не објавува што предизвикува понирањето на отровот во земјата, водата а и делумно во воздухот...пр. неплодност и промена на плодот кај жените итн.

скопје со охис има еден ненормално сериозен проблем кој можеби треба да се свати како регионален..се работи за тони на хемикалии.

властите сегашни и претходни го знаат тоа...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Оваа заебанција со ОХИС само покажува дека се случуваат работи кои ни сценарист со невидена фантазија не би можел да ги смисли за турска срцепарателна серија околу пропаста на еден нивни "холдинг"..индијците и шпанците од преку океан не ги ни спомнувам.
Таа приказна или се распредува со цел на крај некој да го лапне огромното земјиште на кое лежи мртвиот диносаурус.., на начин за кој после ќе праиме муабет : како бе само им текна....или незнам што е работава.
Работниците на ОХИС, онаа маса народ која во секоја смена полнеше четврт капацитет ЈСП во автобуси.., ја нема и нема да ја има... или е мртва или е тука негде.
Оние малку преостанати треба да си смислуваат начин како понатка, а не да пробаат да се фатат со заби за воздух..при падот кој се назира.
Смешна е понудата на владата, ако таа барем во некое ќушенце на својата свест искрено мисли на ОХИС и работниците на ОХИС, онака како ние мислиме дека мисли.
Наместо да се ломата наоколу со приказна за негово продавање за 14.000 со сите знаени и незнаени долгови, плус куп работници...треба да спастри едно мало буџетче и направи тим..ни по баби ни, по тетки, ни по чичковци.... на млади стручњаци и стари гуруи, кој ќе проба да го реши проблемот на еден иновативен начин, а давајќи му ги истите услови и бенифиции како што штедро го прави за било кој ојле-дојле од странски инвеститор.
Никој друг однадвор нема да го реши тој проблем...и таквите проблеми..без огромна штета за македонската држава и иста таква корист за својот џеб..и може некој тук-там, од џебовите на владетелите неважно кои се во моментот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom