По осми пат се бара инвеститор кој за 14.000 евра ќе го купи ОХИС

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Постојат чуда. Можеби и ОХИС пак ке почне да произведува детерџенти и бои и лакови. Не верувам дека некој ќе сака да гради станбени објекти на ОХИС, зошто како што читаме земјиштето е карценогено и треба деконтаминација, која е прескапа. Само синтетички влакна не може да произведува ОХИСов, оти мислам погонот во Гостивар им е уништен.

Не можам да сватам како тој Јорго со неговата тајфа и нивниот политички принципал можеа ОХИС од гигант да го сведат на руина.

Па и да беше само ОХИС. Колку многу фирми се испоуништија со транзицијата 1993-1998 година.
 
H

HITCH

Гостин
Охис беше од ретките фабрики каде што имаше и да крадат и да остане. Срамота е што го раскрчмија вака. Самото земјиште кошта многу, 14 илјади евра се смешки, ама долгот што иде со Охис е преголем. Жалосно е што министрите за економија и финансии ни се катастрофа, а можат да направат чудо од фабрика. Државата ќе имаше многу корист.

Во Охис имаше многу дубари. Се сеќавам дека еднаш гонгот беше пакуван во крпи за бришење чинии и во секоја вреќа имаше литар сјај и една од овие обичниве гонг кеси од 3 кг. Сето тоа кошташе многу ефтино. Тоа всушност беше вратена пратка од странство, не можела да „премине“ граница, ама сите ќарија, оти гонгот беше високо квалитетен. Се продаваше `ко алва!!! :icon_lol:

Не знам што се случи со платината. Нели едно време ја заклучуваа некој да не ја украде, ама изгледа некој си ќари убави пари, се почасти некој. Знам дека имаше шпекулации дека платината кошта околу 10 милиони евра.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Не можам да сватам како тој Јорго со неговата тајфа и нивниот политички принципал можеа ОХИС од гигант да го сведат на руина.

Па и да беше само ОХИС. Колку многу фирми се испоуништија со транзицијата 1993-1998 година.

Можно е можно..талент + грб + глуп народ = милиони на сметка.

Сега ќе си одлежи некоја година,ама му е гајле..проживеал а ќе има што да им остави на поколенијата..
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Насловот на темата е срање молам модераторите да го поправат.
Долговите на ОХИС се преку 20 милиони евра така да оние 14 илјади евра се симболични се подразбира дека долговите се вкалкулирани во откупната цена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom