По осми пат се бара инвеститор кој за 14.000 евра ќе го купи ОХИС

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
По осми пат се бара инвеститор кој за 14.000 евра ќе го купи ОХИС


Токму од тендерската документација заинтересираните инвеститори ќе дознаат дека деконтаминацијата на земјиштето на Охис, богато со канцерогениот линдан, нема да биде обврска на инвеститорот. Заинтересираните имаат рок од месец и половина за да решат дали сакаат да го купат ОХИС и да дотават понуда до Министерството.

Осми обид на Владата да го продаде ОХИС. Хемискиот загубар се продава за 14.000 евра или еден евро цент за акција, плус долговите кон вработените за плати и придонеси, за тужбените барања и долгот кон доставувачите.
Се нудат 1.477.172 акции кои претставуваат 76,575% од главнината на ОХИС. Министерството за економија ја продава тендерската документација за ОХИС за 1.000 евра се до 29-ти овој месец. Токму од тендерската документација заинтересираните инвеститори ќе дознаат дека деконтаминацијата на земјиштето на Охис, богато со канцерогениот линдан, нема да биде обврска на инвеститорот. Заинтересираните имаат рок од месец и половина за да решат дали сакаат да го купат ОХИС и да дотават понуда до Министерството.
Државата овој пат ќе им дозволи на инвеститорите да ја прошират дејноста на хемиската фабрика, но со обврска да ги задржат на работа сите 805 работници.
Владата одново го огласува ОХИС само две недели откако пропадна и седмиот тендер за продажба на загубарот.
„Има ситни измени, но не отстапуваме во делот на бројот на вработени. Во тендерската документација утврдуваме дека деконтаминацијата на земјиштето нема да биде обврска на инвеститорот што за нив е многу олеснителна околност. Има и други технички работи, но тие не се дел од тендерската документација. Имам редовни контакти со инвеститорите и Сндикатот и заедно ќе вложиме напори да ги придвижиме случувањата во позитивна насока“, вели министерот за економија, Ваљон Сараќини.
Иако Сараќини уверуваше дека на последниот тендер за ОХИС се интересираа две бугарски, една македонска и една украинска фирма, како и три други инвеститори од Русија, Турција и Албанија, сепак ниту еден од нив не достави понуда за да го купи хемискиот загубар и од него да направи профитабилна компанија.
Од Синдикатот на ОХИС пак, бараат 200 вработени кои веќе се прогласени за технолошки вишок да примаат надоместок во период од пет години, а не 18 месеци пред да ги исполнат условите за пензија.
Загубарот остана и без генерален директор, откако Пеце Јовески пред две недели си поднесе оставка од функцијата. Од компанијата велат дека повлекувањето било најавено уште во декември лани, но Јовески чекал да се реши статусот на компанијата. Овој некогашен хемиски гигант, првиот квартал од годинава го заврши со загуба од 162.000 евра што е за 870% повеќе во однос на истиот период лани.

Извор
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Каков гигант беше... :notworthy:
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
14 илјади евра пари ли се бе o_O
Гигантот за беспари отиде..осеќам дека ке биде во неквалитетни раце ;)
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Каков гигант беше... :notworthy:
Е ова цитро да си знаеш дека 99% се твојте криви односно не се 99% твојте криви ама имаа момците шанса да го оправат БУКВАЛНО не сакаа да го оправат ... немаа таква желба е сега од кој причини е тоа незнам си имаат они некое планче :)
14 илјади евра пари ли се бе o_O
Гигантот за беспари отиде..осеќам дека ке биде во неквалитетни раце ;)
Ни толку не вреди
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
119
Поени од реакции
19
Oу која финта е ова.14.000 илјади евра.Нека го кажат долгот што го напумпале од владата колкав е?А и да ова со линдан-от им е само уште една финта со која се вадат зашто не може да се продаде охис.И на крај си го поставувам прашањето.Зашто владата не вложи во ОХис и не го врати на поранешното ниво.Само еден споменик треба и да се отпише долгот.Но кога не се сака,не.На тоа место уште одамна си се планира уривање на фабриката и правење на зградички.Нека не се прави некој наудрен.Како и да е убеден сум дека охис ќе си ја доживее истата судбина како и алумина.Нова фабрика ќе си се бутне и на неа ќе си никнат згради,па може и некој трговски центар на Орце Камчев(n)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
14 илјади евра пари ли се бе o_O
Гигантот за беспари отиде..осеќам дека ке биде во неквалитетни раце ;)
A што е должен х 10 пати.Искрно и во пакет со поклон од 100 илјада евра не би го земал.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Oу која финта е ова.14.000 илјади евра.Нека го кажат долгот што го напумпале од владата колкав е?А и да ова со линдан-от им е само уште една финта со која се вадат зашто не може да се продаде охис.И на крај си го поставувам прашањето.Зашто владата не вложи во ОХис и не го врати на поранешното ниво.Само еден споменик треба и да се отпише долгот.Но кога не се сака,не.На тоа место уште одамна си се планира уривање на фабриката и правење на зградички.Нека не се прави некој наудрен.Како и да е убеден сум дека охис ќе си ја доживее истата судбина како и алумина.Нова фабрика ќе си се бутне и на неа ќе си никнат згради,па може и некој трговски центар на Орце Камчев(n)
Дечко ти да знаеш колку само имаа шанси да го опорават ОХИС ама НЕСАКАА значи од ТОЛКУ МНОГУ СИГУРНИ извори ти зборам што не би можеле да бидат посигурни несакам да кажувам кој што како ама знам дека имаа директна шанса да го опорават и да биде функционален ама несакаа не им беше тоа целта како што кажа целта им е трговски центар на Камчеви да изникне таму :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Поради тој ОХИС, поради еден куп неисплатени плати, технолошки вишоци, милион нервози татко му заврши со инфаркт и 4 бајпаси, татко на другар почина и многу луѓе си закачијa дијабетес и разни болести... ОХИС е најтрагичната приказна на нашата транзиција која сеуште не е завршена. Секој ден принуден сум да ги гледам оградите на тој “гигант“ кој целосно не уништи! Никој не знае како е да се биде дете на родители кои пропаднаа поради тој гигант!!!
Што се однесува до мене пепел да се стори и ОХИС и сите кои уништија стотици животи!
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ми се сере од пропаднати, и што би било кога би било ситуации во Македонија. Па добро бе безкичмењаци едни никакви, имате ли вие мозок и глас? Знаете ли како да размислите и да ги согледате работите од вистинскиот агол па да го дигнете гласот против се она што се прави во државата а не му е во корист на народот?!

"Бранко е крив, Љупчо е крив, Грујо е крив" - ПИЧКА ТИ МАТЕР НЕПОСМЕНА ТИ СИ КРИВ ШТО ДОЈДОВМЕ ДО ОВОЈ СТЕПЕН! ТИ - НАРОДОТ ОВЦА, КОЈ Е СТРИЖЕН ОД СЕКОЈ ШТО ЌЕ СЕДНЕ НА ФОТЕЉА!

Ми се сере од народов и државава!
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Ми се сере од пропаднати, и што би било кога би било ситуации во Македонија. Па добро бе безкичмењаци едни никакви, имате ли вие мозок и глас? Знаете ли како да размислите и да ги согледате работите од вистинскиот агол па да го дигнете гласот против се она што се прави во државата а не му е во корист на народот?!

"Бранко е крив, Љупчо е крив, Грујо е крив" - ПИЧКА ТИ МАТЕР НЕПОСМЕНА ТИ СИ КРИВ ШТО ДОЈДОВМЕ ДО ОВОЈ СТЕПЕН! ТИ - НАРОДОТ ОВЦА, КОЈ Е СТРИЖЕН ОД СЕКОЈ ШТО ЌЕ СЕДНЕ НА ФОТЕЉА!

Ми се сере од народов и државава!
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
A што е должен х 10 пати.Искрно и во пакет со поклон од 100 илјада евра не би го земал.
Со долга и напорна работа,добра стратегија ке се среди некако :)
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
пак нема ништо да се направи со охис, мало олеснување е ова со линдатот ама пак нема да се продаде и да го дадат за 1 евро нема да се продаде преголеми долгови, многу вработени и многу застарена механизација .....
прво никој нема да сака да ги задржи вработените зошто сите се во поодминати години и на никој нема да му се испалати да вложува во нивна обука

стварно е штета и жалосно за таков гигант ама државата е крива ...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Добро а зошто се форсира со задржување на вработените кога најголем дел од тие вработени се бескорисни.Одамна квалитетниот кадар во ОХИС беше избркан или си отиде.

Подобро нека го отпишат даночниот дел од долгот и нека вметнат за чистење на линдатот.

Или уште подобро нека дадат државен конкурс за директор кај што кој сака да конкурира можесо свој бизнис план ( има доста млади со идеи и желба за докажување ) и нека даде потик како 5% од профит за плата + ако се продаде годината со најголем профит да се даде како бонус.

Никој не сака да ти купи фабрика која не работела 10 години.Мора барем во мал плус или мал минус да е за да има заинтересирани.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
плус долговите кон вработените за плати и придонеси, за тужбените барања и долгот кон доставувачите.

Поради ова нема никогаш да биде купен. Ниту еден инвеститор нема да донесе феил одлука да купи фирма со наследени долгови со тужби во држава каде судскиот систем е хаварија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom