- Член од
- 24 јануари 2008
- Мислења
- 1.135
- Поени од реакции
- 140
По осми пат се бара инвеститор кој за 14.000 евра ќе го купи ОХИС
Токму од тендерската документација заинтересираните инвеститори ќе дознаат дека деконтаминацијата на земјиштето на Охис, богато со канцерогениот линдан, нема да биде обврска на инвеститорот. Заинтересираните имаат рок од месец и половина за да решат дали сакаат да го купат ОХИС и да дотават понуда до Министерството.
Осми обид на Владата да го продаде ОХИС. Хемискиот загубар се продава за 14.000 евра или еден евро цент за акција, плус долговите кон вработените за плати и придонеси, за тужбените барања и долгот кон доставувачите.
Се нудат 1.477.172 акции кои претставуваат 76,575% од главнината на ОХИС. Министерството за економија ја продава тендерската документација за ОХИС за 1.000 евра се до 29-ти овој месец. Токму од тендерската документација заинтересираните инвеститори ќе дознаат дека деконтаминацијата на земјиштето на Охис, богато со канцерогениот линдан, нема да биде обврска на инвеститорот. Заинтересираните имаат рок од месец и половина за да решат дали сакаат да го купат ОХИС и да дотават понуда до Министерството.
Државата овој пат ќе им дозволи на инвеститорите да ја прошират дејноста на хемиската фабрика, но со обврска да ги задржат на работа сите 805 работници.
Владата одново го огласува ОХИС само две недели откако пропадна и седмиот тендер за продажба на загубарот.
„Има ситни измени, но не отстапуваме во делот на бројот на вработени. Во тендерската документација утврдуваме дека деконтаминацијата на земјиштето нема да биде обврска на инвеститорот што за нив е многу олеснителна околност. Има и други технички работи, но тие не се дел од тендерската документација. Имам редовни контакти со инвеститорите и Сндикатот и заедно ќе вложиме напори да ги придвижиме случувањата во позитивна насока“, вели министерот за економија, Ваљон Сараќини.
Иако Сараќини уверуваше дека на последниот тендер за ОХИС се интересираа две бугарски, една македонска и една украинска фирма, како и три други инвеститори од Русија, Турција и Албанија, сепак ниту еден од нив не достави понуда за да го купи хемискиот загубар и од него да направи профитабилна компанија.
Од Синдикатот на ОХИС пак, бараат 200 вработени кои веќе се прогласени за технолошки вишок да примаат надоместок во период од пет години, а не 18 месеци пред да ги исполнат условите за пензија.
Загубарот остана и без генерален директор, откако Пеце Јовески пред две недели си поднесе оставка од функцијата. Од компанијата велат дека повлекувањето било најавено уште во декември лани, но Јовески чекал да се реши статусот на компанијата. Овој некогашен хемиски гигант, првиот квартал од годинава го заврши со загуба од 162.000 евра што е за 870% повеќе во однос на истиот период лани.
Извор