По кој критериум цениме дали еден маж е добар маж или не е?

Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
Домаќин човек кој ќе може да се носи со улогата глава на семејството, да пружи заштита секогаш кога ќе е потребно, да биде способен да заработи доволно за пристоен живот, да има свое ЈАС, да биде разумен и спремен да ги воспита децата во вистинска насока.
Да биде духовит, шармантен, стабилен и секогаш да можеме да се потпреме на него со децата.
Да знае да почитува и цени и да не е мамин син.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.503
Според тоа кој колку мозок има во главата :) (се зезам). Па според мене добар маж е оној кој умерено пие, не се тепа, не му шараат (многу) очите барем кога е со девојката. А најважно од се е никогаш да нема изневерено! Ова се мои критериуми.:pipi:
Ова некако најискрено досега после рефератите што ги прочитав.
--- надополнето: 12 јули 2012 во 13:38 ---
Ја сериозно не знам како да планирам иднина со некој што не знае да вози тенк!
:pos::pos::pos:
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
Добар маж за мене е одговорен маж, кој студира или има работа. Добро се однесува спрема сите и најважно, да те сака и почитува, па другите работи може да поминат низ прсти, зашто никој не е совршен.
 
Член од
6 август 2012
Мислења
123
Поени од реакции
39
koga mu e tesko da pusti solza,da ja otvori dusata,nikogas sam da ne donesuva odluki,da e vreden,da ne e pijanica,da e cesen,da ima sovest,da ne e samobendisan i da ne e( bogat-zosto?zatoa sto tie ziveat vo oblaci so mislata se sto ke posakam ke e moe...)
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Да е човек од збор, да знае да пресече, да не дава ветувања кои што не може да ги исполни, да е скромен, работлив, културен... да не е арогантен, горделив
.....
и да знае да ужива во малите нешта!
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
1. Изгледа уредно. Без разлика каков стил на облекување има, никогаш не се појавува со непеглани алишта, неуредна брада или фризура.
2. Редовно кажува благодарам и се интересира за другите, наместо да зборува само за себе. Искрен е и дава комплименти. Шири позитивна енергија и знае да направи луѓето да се чувствуваат посебно.
3. Секогаш е добар партнер. Нема ништо пошармантно од маж кој знае да ја почитува и цени жената што е до него.
4. Никогаш не ги омаловажува и озборува другите. Зборува со почит и внимава како се изразува.
5. Секогаш е точен. Неточноста до одреден степен значи и арогантност, затоа што на таков начин оној што доцни покажува дека неговото време е поважно од времето на оние кои чекаат.
Сега ти само што опиша геј.
Ништо чудно што машкиве во земјава целиот интернет го трошат на порно.
 
M

Macedonian-Sun

Гостин
http://www.femina.mk/

Мажите и жените се многу различни. Токму затоа понекогаш ни е многу тешко да го дешифрираме машкото однесување. За подобро да ги разберете постапките на мажите, има неколку интересни факти кои мора да ги знаете.
Мажите сакаат предизвик и обожаваат да се во улогата на ловци

Мажите сакаат возбуда, сакаат предизвик. Тие се создадени да бидат ловци и ја обожаваат таа улога, а жените често го забораваат или решаваат да го игнорираат тој факт. За да го освоите мажот што го посакувате, предизвикајте го да трча по вас. А тогаш кога ќе успее да ја стави неговата рака околу вас или да ви подари страстен бакнеж, направете да почувствува дека постигнал нешто многу значајно.

Мажите се создадени да бидат ловци и ја обожаваат таа улога.
Дури и да поминало многу време откако сте заедно, продолжете да го стимулирате да трча само и единствено по вас, затоа што кога ќе престане да го прави тоа, ќе го изгуби својот интерес.
Мажите се како големи деца

Во секој маж се крие дете. Ако мислите дека вашиот ја нема таа особина, погледнете го додека со своите пријатели гледа фудбал или игра нешто. Нема да имате ниту еден аргумент со кој ќе го оправдате нивното детско однесување.
Од друга страна, детето во нив излегува на виделина и кога сакаат да се грижите за нив, како што тоа го правела некогаш нивната мајка. Мажите обожаваат кога нивната сакана им го приготвува омиленото јадење само за да ги расположи, кога им закажува термин на заболекар и кога се грижи за домот. Мажите во текот на целиот живот остануваат деца.
Мажите радо би ве изневериле

Но, тоа не значи дека сите мажи изневеруваат. Едно е да посакуваат, друго е да го направат. Мажите обожаваат да фантазираат. Во нивниот идеален свет тие би можеле да бидат со различна жена секогаш кога ќе посакаат. Истражувањата покажуваат дека половина од мажите би изневериле ако се сигурни дека нивната партнерка нема да дознае за тоа.
Тие често се наоѓаат во ситуација да треба да се борат против своите сексуални нагони. За среќа, има и такви кои успеваат.
Машката верзија за романтика е поразлична од женската

Мажите сакаат милувања, нежни бакнежи и романтична вечера на свеќи, но многу поретко од жените. Тие си имаат малку поинаква претстава за романтиката и таа е дефинитивно поврзана повеќе со физички контакт отколку со емоционална блискост.
Ако маж треба да дефинира што е тоа романтика, тој ќе искористи многу различни зборови како сензуалност и страст, но сигурно нема да спомене ароматизирани свежи, ливчиња од рози и сл. Затоа, кога сакате да направите нешто романтично за него, ставете на вашиот список секси долна облека, вооружете се со комплименти за него или пак подарете му уникатен подарок којшто ќе му покаже дека ви значи доволно за да потрошите повеќе време за изборот.
Сите мажи сакаат порно

Пред неколку месеци се појави информација дека група научници се обидела да направи истражување за да ги спореди гледните точки на мажите кои барем еднаш во животот гледале порно и мажите кои никогаш не гледале. Истражувањето пропадна уште пред да започне. Зошто? Сигурно претпоставувате – не можеле да најдат ниту еден маж кој никогаш во животот не гледал порнографски материјал.
Мажите кои не се во врска гледаат порно во просек по 40 минути 3 пати неделно, а оние кои се во врска – по 20 минути во просек 1,7 пати неделно.
Мажите обожаваат орален секс

Не е тајна. Скоро сите мажи обожаваат орален секс, особено ако тие се оние кои го добиваат. На прашањето зошто се толкави фенови на фелацио, нема конкретен одговор. Размислете, мрзеливо можат да лежат, да не прават ништо, да не мислат дали користат правилна техника за да ве задоволат... во тие моменти се чувствуваат како господари кои заслужено го добиваат најголемото задоволство.
Многу жени се противнички и го избегнуваат оралниот секс, но добро е да знаете дека за мажите тоа е еден од најпосакуваните подароци.
Мажите сакаат директна комуникација

Ако сакате нешто од нив, кажете им го в лице. Не очекувајте дека ќе се обидуваат да откријат што се крие зад вашето лошо расположение или пак што значи насмевката којашто сте им ја упатиле.
Кога мажите се во друштво на своите пријатели, тие не комуницираат меѓу себе на ист начин како жените. Ние жените понекогаш не треба ниту да отвориме уста, а сепак можеме целосно да се разбереме меѓусебно, затоа што го читаме јазикот на телото и ѝ се доверуваме на интуицијата.
Можеби мажите и не се толку сложени колку што си мислиме.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Мажите сакаат предизвик и обожаваат да се во улогата на ловци
-Не сакам.

Мажите се како големи деца
-Понекогаш.

Мажите радо би ве изневериле
-На каков говнар ти личам?

Машката верзија за романтика е поразлична од женската
-Жити се?

Сите мажи сакаат порно
-Не гледам скоро ич.

Мажите обожаваат орален секс
-У принципу нејќам.

Мажите сакаат директна комуникација.
-Да, исто ми се фаќа ако изглеаш ко да ти умрел хрчакот. lolwat?!
 
R

Rockstar90

Гостин
Да знае да почитува девојка, да има манири, да не омаловажува, да знае да каже Те сакам и да нема толку големо его како повеќето мажи. Да знае да се извини кога е свесен дека згрешил, да биде верен. Да знае да направи изненадување или да ти купи букет без причина. Да ти се јавува само за да ти посака добра ноќ, ти да си му најбитна. Да те гушка кога ти е тешко, да знае да те сослуша кога ти треба совет. И знам дека многу ќе речат дека такво машко не постои и може се ретки да, но сепак ги има. Блазе си им на тие жени кои ги имаат и знаат да го ценат тоа.
 
B

Borg_Drone

Гостин
За жал поретки се оние кој што знаат што сакаат прво од себе си во животот, потоа од партнерката, што сигурно газат на земја, заработуваат со своја глава, гледаат во иднината, имаат свое јас, не потпаѓаат под туѓи влијанија, балканот во себе го убиле, имаат разбирање, почит, нежност и слушаат што им се зборува. Сепак на крај две глави се попаметни од една. И ќе заборавев, никогаш не ги почнуваат речениците со „ЈАС“.
Тоа е затоа што жените ( не ти лично али повеќето) се лепат на такви лигуши на кои им е се‘ обезбедено од мама и од тато во животот (размазени копилиња).Овие кои работат и самите си ги плаќаат студиите на факултет и имаат разбирање и ред други работи (да не набројувам понатаму) секогаш биле најмалку ценети од „понежниот“ пол.
Да им пријде некој скромен дечко, кој самиот си придонесува за себе и се грижи за себе, и си пегла дома алишта итн. ќе гледаат на него со одвратност и они пак ќе го изберат најголемиот лигуш и копук што вози некоја бесна кола итн.
И после се јавуваат секакви форми на садо-мазохистички жени кои биле измамени од нивните Schätzen (богатства, срценца) и почнуваат и они да изговараат фрази од типот на „Јас сум женско али тепам како машко“ и одат во поход против сите мажи ( и против оние кои не треба) од омраза..........И ги слушаш како велат „Мојот дечко во минатото ме изневери и затоа јас сум сега надрнкана до даска и одам против сите мажи во поход.Power to the Feminism“ ..... Епа што очекуваше бе мила кога си се залепила за таков????

Конечен одговор на вечното прашање поставувано од страна на жените??
Идиот, ова е таа карактеристика која денеска скоро секоја жена бара да ја поседуваат мажите. Овие што се самостојни да не ги замарате воопшто, а и баш е убаво така барем како исчезнат вид ќе влезат во некоја книга со историски профил - барем ќе добијат на слава.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Романтикава ви забега во патетика, да биде ваков онаков...

Незнам зошто се плашат некои девојки да признаат дека сакаат некогаш да се испонаша како идиот, да биде некогаш арогантен, и да знае да каже ДОСТА кога ќе претерате? Што е страшно во тоа да биде идиот некогаш, као одма ќе го оставите, ма уште повеќе трчате кога тоа ќе направи :)

Прочитав и букет да купувал, алооо едно асално цвеќе е 80-90 денари, а не па букет.

И кога ќе прекинат да читаат девојките воопшто женскиот пол статии како онаа погоре, вакви такви мажи, феминизирани текстови, коментарите од истите девојки ќе бидат поинакви.

Да не се лажеме, кога ќе ви влезе под кожа типот, и кога ќе се рашират нозете, секоја пуста романтична желба е залудна, или ќе биде маж разгалено богато дете, иста таква комбинација но со одреден вкус на работите, или маж кој ќе ви овозможи да бидете сакани и почитувани на вистински начин без купување на скапи букети.

Добар да бил спрема сите... мај ес! Таков човек ќе остане голтар засекогаш, а нема да биде успешниот човек со кој сакате да бидете.

Барем кај нас маживе е искрено, да знае да се секса, да биде курва во кревет и да знае да почитува, без просто проширени желби. А и да не е таква, тој ќе си верува дека тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom