Почина таткото на Мартин Нешкоски

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Б

Бат Елохим

Гостин
Штета што човеков не нашол друга надеж за да живее. Тешко им на оние кои не можат да продолжат да ја свират симфонијата на животот откако една жица ќе им се скине.
Чорбаџи, муабетот не ти е на место.
Имаш деца?
Ако немаш, откако ќе си добиеш напиши го истото!!!

Една жица? Дете да ти убијат? Безобразно дрзок муабет, се надевам дека го пишуваш од желба да го прославиш Господ.

Не дај боже да се случи тоа, да видам дали така ќе збориш.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Cе си мислам дека братчето на мартин ке си земи во свои раце ,,се'' т.е ке го лиши од живот убиецот на брат му и татко му и потоа цела фамилија негова,не знам зошто така мислам,можеби дека јас би го направил истото.....нека почиваат во мир!!!!
Ме потсетуваш на одредена група луѓе, но не ќе да си од нив. Ти не мешаш машки со женски род. Не ќе да си од нив. И немој да бидеш. Се надевам дека ова го пиша во моментална бес и дека сега не размислуваш така.

Еве една интересна книга која се молам да дојде до рацете на Александар:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Нека почива во мир!

и аман не мрсете политика сега...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџи, муабетот не ти е на место.
Имаш деца?
Ако немаш, откако ќе си добиеш напиши го истото!!!

Една жица? Дете да ти убијат? Безобразно дрзок муабет, се надевам дека го пишуваш од желба да го прославиш Господ.

Не дај боже да се случи тоа, да видам дали така ќе збориш.
Немам деца, но имам починат брат, кој исто така почина млад и чија смрт ги погоди моите родители, а и мене. Не знам како е да ти почине дете, но сум искусил нешто слично.
Илустрацијата сепак мислам дека е на место. Доколку познаваш некој виолинист, прашај го дали е лесно да се отсвири некоја композиција без една жица. Ќе ти одговори дека е многу тешко, дека никогаш нема да биде истата песна како и онаа со таа жица. Затоа многу виолинисти би прекинале со свирењето доколку им се скине жица. Неодамна слушнав за еден маестро кој на сред концерт му се скинала жицата и не застанал, туку продолжил да свири и ја досвирил композицијата. Не ми текнува како се викаше, но можам да се распрашам.

Не ми беше поентата да го осудам таткото на Александар, ни на крај памет. Тоа е огромна болка и многу ми е жал што такво бил исходот.
Поентата ми беше да поттикнам размислување кај нас читателите тука. Што ако еден ден и нам ни се случи нешто слично и ни загине некој многу близок и мил? Ќе посегнеме ли и ние по нашиот живот? Постои ли начин да се подготвиме ние за таков несреќен настан што никому не го посакуваме?
Јас верувам дека добра подготовка е доколку човек ја положи својата вера во Бог и редовно си ја одржува.

„Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.“
(1 Коринтјаните 13:13, Библијата)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
^ А што е поентата на животот ако изгубиш некој што ти е најбитен? Зошто толку му придаваш значење на човечкиот живот? Зошто мора да се продолжи кога веќе ништо понатаму нема сврха? Не мора, едноставно.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.338
Поени од реакции
5.437
^ А што е поентата на животот ако изгубиш некој што ти е најбитен? Зошто толку му придаваш значење на човечкиот живот? Зошто мора да се продолжи кога веќе ништо понатаму нема сврха? Не мора, едноставно.
Не е животот црно бел, како нема сврха, човекот има уште еден син, има жена. Тоа што го направил е многу себично. Многу е полесно да се убиеш, него да живееш со фактот дека синот ти е убиен, да немал друга најблиска фамилија јас би го сфатил али вака......
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
може да китиме со глупи муабети до утре !
никој не може да предвиди како би реагирал после ваква несреќа ...нека почива во мир
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Нека почива во мир...Сите луѓе не се справуваат исто со притисокот и со загубата, па затоа нема да си дозволам да го судам, посебно не на овој ден и после се' што се случи. Сепак, многу(меѓу кои и јас) би се сетиле на другиот син, ако не на жената, и би продолжиле со животот со размислување за промена на подобро.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Може не е ни време ни место да прашам но не беше татко му на Мартин со психички проблеми? Барем летоска така кажа брат му :(
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Добро бе, не ти е срам на темава да ја шириш твојата пропаганда? Имај барам малку почит.
Која црна пропаганда те изела бе/ма? Се пишувам он-топик и прецизно на темата. Ако ти пречат моите христијански погледи кон смислата на животот, самоубиството, смртта итн. пресели се на некој атеистички форум каде што само атеистите смеат да пишуваат.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Која црна пропаганда те изела бе/ма? Се пишувам он-топик и прецизно на темата. Ако ти пречат моите христијански погледи кон смислата на животот, самоубиството, смртта итн. пресели се на некој атеистички форум каде што само атеистите смеат да пишуваат.
Твојата. Црна. Пропаганда.
Од твојата. Платеничка. Малодушна. Кауза.
За да промовираш литература од твојата "црква" и на беден начин да манипулираш со луѓето да ја читаат.
Како можеш да шириш пропаганда на вакви теми? Нели е срамота? Ти треба да се преселиш во подфорум религија. Таму те знаат барем, не ти минат вакви манипулации.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Може не е ни време ни место да прашам но не беше татко му на Мартин со психички проблеми? Барем летоска така кажа брат му :(
Не знам дали бил со психички проблеми, но сигурно беше во депресија. Тој живее блиску до еден мој пријател и пријателот ми кажа дека тој често пати натажен со свенато лице се шетал сам низ Козле. :(
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
553
Поени од реакции
305
neka mu e lesna zemjata......ne mu bese lesno na covekot......ama kukavicki e da posegnes po zivotot......ostavas nekogo zad tebe vo uste pogolema agonija...........sin drug imase bre coveku........
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom