Чорбаџи, муабетот не ти е на место.
Имаш деца?
Ако немаш, откако ќе си добиеш напиши го истото!!!
Една жица? Дете да ти убијат? Безобразно дрзок муабет, се надевам дека го пишуваш од желба да го прославиш Господ.
Не дај боже да се случи тоа, да видам дали така ќе збориш.
Немам деца, но имам починат брат, кој исто така почина млад и чија смрт ги погоди моите родители, а и мене. Не знам како е да ти почине дете, но сум искусил нешто слично.
Илустрацијата сепак мислам дека е на место. Доколку познаваш некој виолинист, прашај го дали е лесно да се отсвири некоја композиција без една жица. Ќе ти одговори дека е многу тешко, дека никогаш нема да биде истата песна како и онаа со таа жица. Затоа многу виолинисти би прекинале со свирењето доколку им се скине жица. Неодамна слушнав за еден маестро кој на сред концерт му се скинала жицата и не застанал, туку продолжил да свири и ја досвирил композицијата. Не ми текнува како се викаше, но можам да се распрашам.
Не ми беше поентата да го осудам таткото на Александар, ни на крај памет. Тоа е огромна болка и многу ми е жал што такво бил исходот.
Поентата ми беше да поттикнам размислување кај нас читателите тука. Што ако еден ден и нам ни се случи нешто слично и ни загине некој многу близок и мил? Ќе посегнеме ли и ние по нашиот живот? Постои ли начин да се подготвиме ние за таков несреќен настан што никому не го посакуваме?
Јас верувам дека добра подготовка е доколку човек ја положи својата вера во Бог и редовно си ја одржува.
„Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.“
(
1 Коринтјаните 13:13, Библијата)