Почина таткото на Мартин Нешкоски

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
H

Hip.Hop_MKD

Гостин

Почина таткото на Мартин Нешкоски

Утрово во четири часот и петнаесет минути по полноќ, почина таткото на покојниот Мартин Нешкоски, откако пред два дена во обид да си го одземе животот испил неколку голтки солна киселина.
Животот на Драган Нешкоски со часови го одржуваа апарати, но тој раноутрово ја загубил битката на одделот за интензивно лекување.
Извори од семејството тврдат дека се сомневаат околу лекарската грижа, бидејќи тајмингот на хируршкото отворање, не бил логичен. Иако донесен во болница завчера претпладне, цел ден Драган Нешкоски бил шетан и му биле правени снимки, а дури вечерта телото било отворено, но и веднаш затворено откако се констатирало дека повеќето органи се изгорени, тврдат извори од семејството кои во овие околности инсистираат да останат анонимни.
Телото ќе биде предадено на обдукција на судска медицина. М.С.
Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/42705/Pochina-tatkoto-na-Martin-Neshkoski
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=70041

Не знам што да кажам повеќе...:place::place::place:
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Извори од семејството тврдат дека се сомневаат околу лекарската грижа, бидејќи тајмингот на хируршкото отворање, не бил логичен. Иако донесен во болница завчера претпладне, цел ден Драган Нешкоски бил шетан и му биле правени снимки, а дури вечерта телото било отворено, но и веднаш затворено откако се констатирало дека повеќето органи се изгорени, тврдат извори од семејството кои во овие околности инсистираат да останат анонимни.
Нека почива во мир.
Не се на место коментарите за докторите.
Братот на Мартин, Александар Нешкоски веднаш го однел татка си во амбуланта, откако претходно се обидувал самиот да го одржи во живот давајќи му да испие два литри млеко.
Докторите не се семоќни ниту виновни за сѐ. Солната киселина веднаш гори, и да го отвореле веднаш не можело ништо да се направи, требало веднаш да го однесат во болница.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
оф .. баш вчера ми кажуваше едно другарче од радишани дека таткото на едно од децата што ги утепаа ептен бил безживотен неможел да се оправи.
ти ебам животот на ваквите семејства.. жално
 
K

kalimer0

Гостин
Еве пример како еден мрсул (убиецот на Мартин) може да растури семејство...
Жално за мајката и братот секој ден ќе им минува во тага и празнина. Се надевам ќе бидат силни а треба и државата да им излезе во пресрет.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.741
Поени од реакции
82.860
:place: R.I.P, навистина жално :/
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Лесна му земја стварно жалосно
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Познавам неколку семејства со слична судбина, и навистина е жално. Ако се сеќавате пред 5 години загинаа 4 момчиња во сообраќајна незгода во Тетово, две од нив лично ги познавав. Родителите и после толку време се сеуште истите. Делуваат безживотно, како роботи.

Не би посакал такво нешто ни на душманот.

Нека почива во мир. :(
 
Дај Боже мајката еден ден да се израдува на внук/а од Александар тоа би можело да ја намали болката и да ја утеши па да почувстува среќа и ова семејство.
 
Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
За греота, нека почива во мир:(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom