Ќе парафразирам една посветена постхумна песна за Гане: Умре, зошто не му беше местото тука, зошто местото му е со Прличев, Жинзифов, Миладиновци, Мисирков, Рацин, Андреевски, Јаневски, Поповски... Гане е несомнено великан во нашата поезија, во нашата литература, неговото шестдецениско творештво е показател за неговата вонсериска работа во афирмирањето на македонскиот поетски збор, во помакедончувањето (како што тој сакаше да се изрази) на зборовите, во збогатувањето на македонскиот јазик со неговите преубави неологизми. Почит за големиот Гане! Да сум на местото на премиерот/претседателот ќе направам три работи во најбрз рок:
- улица со името на Гане Тодоровски;
- постхумно признание за заслужен граѓанин на Република Македонија;
- организирање на идна поетска манифестација во чест на Гане Тодорвски (на која би се изведувале претежно родољубиви песни).