Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Молитва
Боже, зарем ќе оставиш да бидам неразбран
Од современиците мои – што ги мунѕосував ко џган!
Зарем ќе оставиш да останам во уплав збран
И да си заминам од веков – од мунѕосаните мунѕосан?
Придај им на моите сотатковинци додатен ум,
За да ме доразберат, и да ме следат молчешкум;
Не ги прекорувај престрого, не кревај ненужен шум,
Поучи ги, кога зборувам, да стојат отпростум!
За да се знае, конечно еднаш, КОЈ е КОЈ?
За да не понесам вина, дека, дури бев жив
Малцина надзборев а трижтолкумина не победив!
Господе, дај искористи го авторитетот свој,
Па, додека е време, застани на моја страна,
За да поверувам дека ѝ бев на вистината бранач!
( Гане Тодоровски, во Москва, декември 1994 год.)
Почивај во Мир голем човеку! Наше е да не го заборавиме твоето дело!