Почина академик Гане Тодоровски

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Господ

Гостин
Во Скопје синоќа на 81 година почина академик Гане Тодоровски, соопштија денеска Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Академик Гане Тодоровски е роден во Скопје, на 11 мај 1929 година. Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што бил дологодишен професор.
Тодоровски беше првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1997 година и беше член на ДПМ.
Тој е автор на импозантно литературно дело во две магистрални насоки: автентично литературно писмо, кое се остварува во доменот на поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката. Академик Тодоровски е автор на 12 книги поезија, кои секогаш значеле настан во мигот на појавувањето и, истовремено, оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература.
Неговите први стихови датираат од времето на Втората светска војна и во нив се огледа тематскиот и стилски печат на една епоха во која се прават првите чекори кон македонската самостојност и слобода. Понатаму, овој исклучително плоден поет учествуваше во сите творечки периоди низ кои минуваше македонската поезија, давајќи богат придонес кон нејзиниот развој.
Академик Гане Тодоровски е истакнат преведувач на модерната светска поезија на македонски јазик. Неговата дејност на ова поле е ориентирана кон руската поетска школа, англосаксонската, германската, француската, полската и чешката, а кон тоа треба да се додадат и огромен број препеви од литературите на балканскиот книжевен круг.
Еден дел од активностите на поетот литературниот критичар и есеист Тодоровски е сврзан и со историјата. Академик Тодоровски беше пасиониран истражувач на македонскиот 19 век, книжевно-историска област кон која тој целиот свој творечки век беше доследно приврзан. Тој ги толкува делата на нашите претходници не само како документи и сведоштва за минатото, туку и како активни фактори и моделатори на нашиот современ литературен израз и на состојбата на нашата современа национална свест.
Постигнатите научни резултати во областа на македонистиката го вбројуваат академик Гане Тодоровски помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.
Академик Тодоровски е добитник на повеќе признанија и награди: „11 Октомври“, „23 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“ - Струшки вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ - ДПМ, „Димитар Митрев“ - ДПМ, „Кирил Пејчинович“ за преведувачки опус, Книжевно жезло и на голем број пофалници во земјава и во странство.
Заедничката комеморативна седница ќе се одржи во МАНУ во 10:30 на 26 мај.





Извор:www.sitel.com.mk




Зелени клепки несон.
Зелена, нема разбранетост.
Таа е лична средполка,
сред поле сон прегладнета.

:cuc:
 
Лесна му земја
 
На овој мал (и студен) век,
Му бевме загрејувачи,
Го топлевме со благорек,
Му бевме одгледувачи ...

НА ОВОЈ МАЛ И СТУДЕН ВЕК
 
Иако ми требаа децении за да ги сфатам тие негови неологизми, сепак од тоа уметничко перо излегоа многу томови што го изедначија македонскиот со светскиот писател. Почивајте во мир!
 
ПЕСНИ ЗА ЖЕНАТА

1.

Жената е... жената е ...
Бело маче годиначе,
речна слатка тресопатка,
вита ива миризлива,
мека трева што подгрева,
боцкав венец крај кладенец,
мрава, сешто што преправа,
кревко птице назимниче,
тивка соба во злодоба,
прва љуба до прељуба,
свила што се распостила,
лето в сенка засолнето,
глина полна сончевина,
утро в сина виделина...

2.

Жената е... жената е ...
гиздавица, жегавица, кивавица,
лизгавица, лигавица, ждригавица,
брадавица, државица, ракавица,
секавица, плусквица, букавица,
кукавица, валавица, палавица,
рскавица, витлавица, капавица.
брблавица, наздравица, и — лавица!

3.

Жената е... жената е ...
Мома грда немаЖЕНА,
мома лична премаЖЕНА,
мома вредна трижмаЖЕНА,
млада вдова натаЖЕНА
пресна плуска раздраЖЕНА,
прва љубов разнеЖЕНА,
доцна вечер поснеЖЕНА,
златна лира обжеЖЕНА,
злост трижклета наеЖЕНА,
жед в сто грла намноЖЕНА,
ѕвезда в дланки доблиЖЕНА,
младост в жили раздвиЖЕНА,
мајка кутра загриЖЕНА,
сказна долга најслоЖЕНА,
жар во искри разлоЖЕНА,
желба в живот продолЖЕНА,
немаштина задолЖЕНА,
моќ со занес воруЖЕНА,
нејаснина опкруЖЕНА,
таа ЖЕНА ... ЖЕНА ... ЖЕНА!

4.

Жената те... жената те ...
загледува, подгледува, надгледува,
завабува, забавува, заграбува,
преграбува, заслабува, доабува.
настрвува, зацрвува, оветвува,
расчувствува, блаженствува, тиранствува,
поседува, последува, проследува,
прославува, исправува, претставува,
прејадува, појадува, дојарува,
подгребува, прегребува, погребува,
досадува, засладува, подмладува,
зацедува, прецедува, доцедува,
у-ва, а-ва, и-ва,„
да е жива! да е жива!
 
нека почива во мир
 
Гане урагане нека ти е лесна земја.
 
Неко му е лесна земјата. Беше еден од најдобрите писатели што Македонија воопшто ги имала!

И еден стих од неговата ’биографија’
“ Ќе умрам
Само како доказ дека навистина сум живеел“


* На А1 пишуваше дека е роден во 1925...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom