Дечки, читајте малку историја сепак... Кирца и компанија можеле да кажат „Нејќеме ФИРОМ“, но мислите дека би биле суверена и независна држава тогаш !?
Работата била - Сакате држава, мирно осамостојување, без етнички истребувања ко у Босна и Хрватска !? - Викајте се ФИРОМ! - Сакате ова првово, викајте се како сакате!
Тие меѓуетнички проблеми сепак не не’ надминаа и нас, не нападнаа 10 години покасно. Дали за тоа делумно се криви и пионерите на државава - не знам.
Знам дека е лицемерие до вчера да зборуваш едно за еден човек, сега сосема друго. Затоа си пишав пост со лош црн хумор прееска, како што се пишуваа и додека беше жив Кирца... кој како сака нека го сфати тоа, но далеку е од лицемерието кое се покажува од полтрониве...
Знам и дека е глупост да не му оддадеш никаква почит на поранешен претседател на Македонија. Каков и да бил. Не бил Васлав Хавел ама не бил ни Милошевиќ. Не бил масовен убиец па да немаш посебна програма за комеморација...
Сеа дали бил лицемерен ко многумина овде, таму и онаму... незнам ни тоа. За тоа знаат оние кои имале работа со него.
Жал ми е за Киро колку што ми беше жал за Борис и колку што нема да ми биде жал (недај_Боже) за Бранко и Ѓорѓе.
Уште еднаш, вечна ти слава претседателе!
малку офтопик:
Почекајте со Хорхе. Каков е, таков е, почекајте. И Борис сите го плукаа па после видоја колку добар претседател бил. Правете шеги на негова сметка, ок, но за вакви работи дека нема да ви е жал, почекајте...