Почина Киро Глигоров

Статус
Затворена за нови мислења.

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Многу лицемерни сте бе луѓе...

Напаѓајте ме после овој пост до утре ако сакате,ама тој човек ја запечати судбината на Македонија да не може да просперира и да не може да излезе од сивилото наречено ФИРОМ 20 години.
Да имаше малце муда и сопствен мозок,до сега ќе се викавме Македонија и немаше кој стигне да не подјебава како му душа сака !!

Така да престанете со лицемерието.

Ајде почнете да ме напаѓате.:pipi:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Нека почива во мир.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
imase dobri i losi potezi vo negiovoto upravuvanje so drzavava,
ali sepak ni go dade najpotrebnoto svoja Drzava napravena bez kapka covecka krv,( ako trgneme od samata deklaracija na nezavisnosta na Sad kade jasno pise, a i vo realnost e taka sekoj drzava se sozdava od covecka krv, vo nasiov slucaj toa za srejka ne bese taka ) za razlika od ludiloto koe vladeese na Balkanot kaj bratskite ni narodi.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Нека почива во мир :(
Го почитував и сакав како да ми е некој близок роднина, и оваа вест тешко ми падна. Заслужува достоинствен погреб, и се надевам дека одлуката да биде во кругот на најтесното семејство е нивна желба. Јас сметам дека треба да биде испратен на убав и достоинствен начин, онака како што заслужува секој голем човек и Претседател.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Дечки, читајте малку историја сепак... Кирца и компанија можеле да кажат „Нејќеме ФИРОМ“, но мислите дека би биле суверена и независна држава тогаш !?

Работата била - Сакате држава, мирно осамостојување, без етнички истребувања ко у Босна и Хрватска !? - Викајте се ФИРОМ! - Сакате ова првово, викајте се како сакате!

Тие меѓуетнички проблеми сепак не не’ надминаа и нас, не нападнаа 10 години покасно. Дали за тоа делумно се криви и пионерите на државава - не знам.

Знам дека е лицемерие до вчера да зборуваш едно за еден човек, сега сосема друго. Затоа си пишав пост со лош црн хумор прееска, како што се пишуваа и додека беше жив Кирца... кој како сака нека го сфати тоа, но далеку е од лицемерието кое се покажува од полтрониве...

Знам и дека е глупост да не му оддадеш никаква почит на поранешен претседател на Македонија. Каков и да бил. Не бил Васлав Хавел ама не бил ни Милошевиќ. Не бил масовен убиец па да немаш посебна програма за комеморација...

Сеа дали бил лицемерен ко многумина овде, таму и онаму... незнам ни тоа. За тоа знаат оние кои имале работа со него.

Жал ми е за Киро колку што ми беше жал за Борис и колку што нема да ми биде жал (недај_Боже) за Бранко и Ѓорѓе.
Уште еднаш, вечна ти слава претседателе!
малку офтопик:

Почекајте со Хорхе. Каков е, таков е, почекајте. И Борис сите го плукаа па после видоја колку добар претседател бил. Правете шеги на негова сметка, ок, но за вакви работи дека нема да ви е жал, почекајте... :)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
нека почива во мир и вечна му слава
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Лесна му земја и мислам дека заслужи барем еден ден жалост.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.654
Поени од реакции
4.282
Бог да го прости.
Еден од ликовите во поновата македонска историја со многу контроврезни потези.На АСНОМ може бил иницијатор за формирање на независна држава ама очигледно потоа се отргнал од тој став и добро се испазарил со удбашите за политичка и економска благосостојба- тие што останале на својот почетен став знаеме како завршиле.
За тоа дека спречил војна со Србија-тој е еден од многуте кои допринесоа за тоа, сите знаеме каква партија беше ВМРО во 91,мислите дека му било тешко на Љубчо да најде некој недоквакан лик да фрли молотов на повлекувањето на ЈНА и потоа да ни се случи босанско сценарио???
За ФИРОМ можете колку сакате да мрчите ама да не го прифатеше тоа име денес немаше да бидеме ниту во една светска организација што ќе ни се удреше од глава најмногу во 2001.
Тоа за словените му е грешка, али најголемата грешка која ја плативме,ја плаќаме,а и во иднина ќе ја плаќаме се пасошите на косоварите за да победи на изборите 1994 со што „браќата“ од 17% на попис 1991 излегоа 21% на повторениот попис 1994 и ја добија можноста за барање на секакви права кои на нив ќе им паднат за ум
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Aбе Киро се изненадив човече.Мислев ќе одиш до стотка и ќе не има во гинесова книга на рекорди,ама ништо.За малку ни избега.:)

Како и да е лесна ти земја.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Лесна му земја.

Каков, таков, историска личност е за Македонија, не дочека да си ја види восочната фигура во Музејот на рев.борба. За мене е во главно позитивна личност, многу денеска кажуваат како требало, ама во ситуацијата на балканот од 1990-1999 година не требало многу да се направи фатална грешка и не требало многу Македонија да заврши како краткотрајните сецесионистички републики во хрватска и босна.

Сега овие денови ќе има неколк дебати, во наредните години по некој објект именувам по него, улица можеби и евентуално некој споменик некаде, и тоа е тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom