До сега најтешка вест која сум морал да ја објавам на сајтот... Светската музика загуби многу, посебно кога се подготвуваше досега невидена светска турнеја на Мајкл Џексон во О2 арената, над 200 000 влезници беа распродадени за големиот камбек.
Помалку судете за човекот, затоа што никогаш нема да знаеме што се случувало, единствено што со сигурност ќе знаеме е дека го прогонуваа и уништуваа таблоиди, магазини, медиуми, крвопијци кои живеат од несреќата на другите, а кога ја нема ја создаваат.
Она што треба да го запаметиме е музичкиот гениј на Мајкл Џексон, феномен кој жареше и палеше, ретко повторлива појава која можеби нема да ја видиме повторно во нашиот животен век. Во споредба со него, денешните музички ѕвезди се како мали деца кои залутале пред камера.
R.I.P. Michael.