Сама, ама си кенкам и по мама!
Скопски, студентски живот!
Ајвар во фрижидер, нешто замрзнато шо ќе прати мама и тоа ќе го заборавиш па ќе се расипе, после ќе се чудиш од кај смрди цел стан!
Се успиваш за на факултет зошто си мамурен од претходната ноќ и не го слушаш алармот, а ја нема мама да подвикне! Газ преку глава се спремаш и плус пакуваш торбица со еден куп валкани алишта(машина за перење е луксуз) з'ш вовчето ти е одма после предавања! Бараш по џебови и сите возможни и невозможни места каде што оставаш пари, да провериш буџет и сваќаш дека ти фалат уште 20 ден. за карта! Успеваш во хаосот и пусул да оставиш за цимерите да донираат кој колку има, ако имаат, за да не се срамиш по возовине
Притоа го лепнуваш пусулот на видно место, кај нас огледалото во ходник што ни ги извитоперува фаците!
Се бапкаш у лифт и таму се средуваш зашто станското огледало не си ја врши функцијата а цимерот кења у wc и не можеш ни заби асално да се измиеш а не па нешто више, а женско си пусто!
Е покрај ова, учиш како да толерираш различни карактери, како да живееш во заедница и да почитуваш и имаш приватност! Делиш соба, делиш wc, ќутиш когa цимерката има за учење а ти не, колективно се прејадуваш, колективно се опиваш, спонтано претрчуваш до Кастро з'ш ти е преку улица, се шлаеш низ град кога не ти се учи!
Титкаш на цимери кога си кај Лисиче да те пречекаат на желеничка зошто тежат теглите, ти титкаат да им ставиш кафе кога се враќаат од испит! Каниш на гости други цимерства од околните згради и не спиеш цела ноќ, дремеш у кујна над палачинките наместо слатко да сонуваш!
Учиш многу работи за другите и за себе, ама мама и тато сепак сеуште ги плаќаат сметките па и киријата! Е за пивата ќе стегнеш г'з и ќе најдеш време да изработиш некое хонорарно проектче! Ит филс гуд ако ништо друго!
Јабанџиски, самостоен живот е друга приказна!
Сам си ја режираш! Можеш да бидеш заспана убавица која чека принцот да ја разбуди, очајна домаќинка, самодеструктивен зависник, непоправлив носталгичар, амбициозен робот во служба на општеството или само копија на еден од разгалените, богати ликови на Беверли Хилс!
Или....само едноставен, хаотичен, авантуристички настроен слободен дух...жител на светот!
It's up to you:smir:
На крај, секогаш ќе те чека мама во Недела наутро со тазе баничка и топло кафе!