Знам дека нема да се убиеш:smir: и знам дека си потполно во право. И јас би се претворила во пчелка (матица по можност) од што ми се згрозуваат тие со кои го делам видот.
Од друга страна, зар не е токму тоа одличен мотив да се продолжи да се живее и да се работи? Да го пробудиш најдоброто и најплеменитото во некого, барем во својата непосредна околина, барем кај еден човек.
Не, кога тогаш ќе сфатиш дека и ти си само човек. Дека поседуваш омраза, љубомора, завист, злоба, желба за убав живот, дека си гладна и дека треба некому да му го земеш оброкот, дека си жедна....
На крајот, дека треба да се откажеш од се`... да бидеш трошка која ќе го даде животот залудно за нечие добро. И да успееш тој некој ќе биде благодарен само за миг, а потоа ќе исчезне и нема ни да доаѓа на твојот гроб откако ќе умреш.
Мајка ми ме убедуваше цел живот(со цел да направи добар човек од мене) дека човекот првенствено е добар длабоко во себе, јас тврдев дека е злобен. Злобен е по природа, а оние кои изгледаат добри само успеваат да одглумат за да ги придобијат нашите срца... Не сме различни ни ти ни јас.
Им завидувам... признавам. На сите оние кои немаат трошка време внимание и желба да помислат на сите проблеми кои луѓето во светот ги имаат.