Потрошени пари за џабе

M

marsovka

Гостин
365 ноќи + 365 ноќи = 730 ноќи.
Имаш идеја кога ќе бидат ефектите од рекламиве?

п.с. првиот пост е од 22.02.2007,значи плус 365 дена :)
Khm жено во 2007 само милионче и нешто се потрошени

Колку до сеа се потрошени ?:треп:
:bdsm:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Е сега да се вратам на темата: дали овие се за џабе потрошени пари?
Мнооогу!!!!!
Постојат саеми, постојат денови на промоции, постојат денови за странски соработки во самите амбасади.
Јас не ја потценувам магијата на рекламирањето но во конкретниот случај верувам дека е комлетно промашено како идеја.
Зошто некој би бил инспириран од реклама да вложи миниони таму некаде кај што се тепаат од време на време? Не е издржано размислувањето.
За ваква работа треба сериозна презентација потпомогната од странски експерти со сериозно реноме за да успеш само да заинригираш некого да го прочита материјалот!
Се друго се приказни за мали деца!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Khm жено во 2007 само милионче и нешто се потрошени

Колку до сеа се потрошени ?:треп:
:bdsm:
Бидејќи ме мразат подржувачите на власта,ќе им ги препуштам информациите ним,за да не испадне дека им додаваме или одземаме:патлиџани:
Кога беа другите,исто ми беше,се навикнав:лудача:

santelli напиша:
За ваква работа треба сериозна презентација потпомогната од странски експерти со сериозно реноме за да успеш само да заинригираш некого да го прочита материјалот!
Имавме еден таков од Германија,кошташе колку еден економски промотер...го избркаа :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Имавме еден таков од Германија,кошташе колку еден економски промотер...го избркаа :)
Па постои пазар, ќе се ценкаш... :wink:
Како да дојдат црни тие, за што? Нека направат онлине административно средување, скратена постапка за отворање на странски фирми со депонирање на средства во банка како гаранција. Не можат со години да добијат градежна дозвола освен ако не се во гетоизирани индустриски зони.
Пред да почнеш да се рекламираш треба да направиш дистинкција што нудиш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Не доаѓаат ради ова, доаѓаат ако има гага, ако се договориле со овдешните да се дрпне фабрика (Свидмилк) или да се камшикува населението ако не работи (грчките погони) во 2 смени одеднаш.
Инаку ради реклами странци не идат пари да дадат. А ниту наши, кој е будала да даде пари ако нема мрсен ќар, право на живот врз работниците и евентуално неплаќање даноци и бегање со милионските суми? Странците обожаваат феудални (и други) односи во вакви земји.
За понормални вложувања имаат посалам држави со подобри услови во секој поглед.
Која е улогата на амбасадите?

Башка на Миле у џеб, на Цаци у џеб...
 
Кога сме до ова онлајн средување,има ли некоја страна која што функционира нормално и нормално праќаме меил и добиваме одговор?:)
Интересна ми се виде страната на УЈП,колку пати да се уклучиш,толку пати ти досаѓа да гласаш како комуницираш со УЈП.Еднаш гласав,ами на секое ли да гласам :)))И така ќе испаднат во јавност и ќе речат 1 милион луѓе комуницираат со УЈП преку интернет,алал да му е на министерството за информатика! А јас 500 000 пати сум кликнала :pos2:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Не доаѓаат ради ова, доаѓаат ако има гага, ако се договориле со овдешните да се дрпне фабрика (Свидмилк) или да се камшикува населението ако не работи (грчките погони) во 2 смени одеднаш.
Инаку ради реклами странци не идат пари да дадат. А ниту наши, кој е будала да даде пари ако нема мрсен ќар, право на живот врз работниците и евентуално неплаќање даноци и бегање со милионските суми? Странците обожаваат феудални (и други) односи во вакви земји.
За понормални вложувања имаат посалам држави со подобри услови во секој поглед.
Која е улогата на амбасадите?

Башка на Миле у џеб, на Цаци у џеб...
Од кај ги знаеш Миле и Цаци? Ти во Тафталиџе да не живееш?:wink:
Не се сложувам дека нема зошто да доаѓаат...
Работна рака е смешно ниска (барем за производство), градба на објект исто така... Мала повластица да им се даде во врска со даноците и олеснувања за царинење, сигурна сум дека ќе има многу заинтересирани.
Индустриската зона Бунарџик има еден куп слободни парцели, но пред кратко време се среди проблемот со струјата.
Значи, извесни се нивните добивки, нека банкарскиот систем направи посебна класа за нивно работење, нека имаат рачун и тука да ги чуваат парите.
Можности има, добронамерноста не ни е насочена.
Кај нас не се размислува во обратна насока туку исклучиво еднонасочно и ограничено.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Не се вознемирувај и во врвовите на Владата имаат вакво пацерски поедноставено мислење за проблемот , така да твојов пацерај е вообичаена ендемска бољештиња на овие простори..за да не се потресуваш... ..:)
...имав голема чест да го запознаам промотерот за Канада........, ако некој таков можел да биде именуван за нешто такво, тогаш именувачите се или големи душмани на Македонија или невидени глупандери...што нас во крајна консеквенца исто ни се фача...:)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
40 милиони евра,проект:Комјутер за секое дете.
Насловот тера на смеење,овој бетер од децата е :pos2:
Тодоров не верува дека компјутерите се користат за забава

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120260

Само на кајгана колку се логирани од школо,а не па на фб...

Пример од форумов:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3344130&postcount=1190
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
40 милиони евра,проект:Комјутер за секое дете.
Насловот тера на смеење,овој бетер од децата е :pos2:
Тодоров не верува дека компјутерите се користат за забава

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120260
Во иднина кога ќе прават споменик скопски шмизл по негов лик ќе го прават :icon_lol:.
Јас не знам од кај го најдоа овај човек за министер по оглас да го бараа немаше да го најдат :icon_lol:.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во иднина кога ќе прават споменик скопски шмизл по негов лик ќе го прават :icon_lol:.
Јас не знам од кај го најдоа овај човек за министер по оглас да го бараа немаше да го најдат :icon_lol:.
Овој ти е нешто невидено.Оди на јавни дебати и молчи :pos2:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom