B
Borg_Drone
Гостин
Па, па паштета.Се зголемува бројот на „промотери“ (односно партиски плакатолепачи) во администрацијата.Но инвестициите се’ се помали во државата, споредено со 2008 година.Паштета!! Како и да е „генерал штаба“ ги брани промотерите, со некои си „колку да се каже дека сме направиле нешто“ договорчиња од кои се исперени зилиони евра.Пола милион во џебот на 18 мочковци кој ги шетаме низ плажите на Шпанија.Насмејте се сега да ве сликам со проективе и инвестициите во земјата кој ги донесоа.А ако некој се дрзне да рече дека потоа ќе дојдат и неможе преку 365+365+365 ноќи нека пресмета уште колку илјадници ќе заминат пред да се расонат промотерите.
Повеќе туристи ќе има оваа година на Ибица од Македонија, со македонски биометрички партиски пасоши.Ако ништо друго, на обичниот граѓанин ќе му останат доволно пари за да си купи една паштета на ден.Кој е како нас, леб и толчена сол и терај.......
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=74C6056B1CED894B9BF8D62B62373A0CЕкономските промотори стануваат се' поскапи
Агенцијата за странски инвестиции до крајот на наредната година ќе потроши 100.000 евра за изработка на стратегија, а за нејзиното спроведување ќе бидат потребни уште два милиона евра
Агенцијата за странски инвестиции до крајот на наредната година ќе потроши дополнителни 2,1 милиона евра од првично планираниот буџет за годинава за промовирање на домашните извозни продукти и компании во странство. Тоа е речиси третина од предвидените пари за годинава, кои изнесуваат околу 6,8 милиони евра.
Потребата од уште пари од државниот буџет произлегува од новиот закон за основањето агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, кој е во собраниска процедура, а треба да стапи во сила од 1 јули.
За да се спроведе предлог-законот, Владата треба да обезбеди дополнителни 2,1 милиона евра од буџетот. Од нив, 100.000 евра ќе се потрошат за изработка на стратегија, а за нејзиното спроведување до крајот на 2011 година ќе бидат потребни уште два милиона евра.
Од Министерството за економија објаснуваат дека новиот закон се носи бидејќи се проширува дејноста на досегашната Агенција за странски инвестиции. Имено, освен активностите за привлекување компании и вложувачи од странство, таа ќе го промовира и извозот од земјава. Скратениот назив на новата агенција во меѓународни рамки ќе биде „Инвест Маседониа“.
Освен проширување на дејноста на агенцијата, со новото законско решение се именува и заменик на директорот на институцијата, функција што досега не постоеше. Се предлага и нов состав на седумчлениот управен одбор, со оглед на промената на дејностите. Новата агенција ќе ги промовира инвестициските можности и извозот на земјава преку давање високо професионални услуги на инвеститорите и на извозниците, промовирање на регионите во земјава, доделување државна помош на странските инвеститори.
Државниот завод за ревизија неодамна утврди дека нема информации за работата на економските промотори, чиј број наскоро ќе се зголеми за уште осум лица. Ревизорите констатираа дека за ангажирањето на 18 економски промотори во 2008 година, Агенцијата потрошила повеќе од половина милион евра. Но, ревизијата не можеше да утврди дали нивното ангажирање има ефект, како и дали парите се наменски искористени. Единствената информација за работата на промоторите што беше објавена во јавноста е дека од јануари 2008 до август лани тие контактирале со 11.245 компании во светот, од кои директно се сретнале со 4.160, а во земјава дошле претставници на 118 компании.
Раководството на сегашната Агенција за странски инвестиции не ги прифаќа критиките и објаснува дека како резултат на досегашната работа на промоторите повеќе од 100 компании за нецели две години ја посетиле земјава, при што се почнати активности за инвестирање. Како директна заслуга на економските промотори се припишуваат две активности. Првата е меморандумот за соработка со кинеската компанија „Тривју“, која заедно со фирмата „Хајер“ најави отворање фабрика за производство на ЛЦД-телевизори и компјутери во економската зона Бунарџик. Втора е усната најава за инвестиција на италијанската компанија „Орланди“, која беше одложена поради кризата.
Податоците од Народната банка покажуваат дека минатата година во земјава влегле двојно помалку странски инвестиции отколку во 2008. Така, до декември лани регистрирани се 163 милиони евра странски директни инвестиции, од кои само 81 милион биле акционерски капитал, што се смета за нова инвестиција влезена во земјава. Остатокот во најголем процент се кредити, кои странските компании што веќе работат тука ги позајмиле од фирмите-мајки.
Даница Тунтевска