Sungerot Bob
Живеј го животот
1. Скоро сите квалитетно изработени прозори од поновите генерации на прозори (читај ПВЦ, повеќе коморни, со повеќе стакла, со изолациско стакло...) нудат добра звучна изолација.Имам неколку прашања: 1. Какви прозорци ми требаат да го сведам на поднослив звукот на фудбалот кој постојано се игра во нашиот двор помеѓу зградите иако таму има клупи за седење, а не е игралиште? 2. Како да го намалам звукот трчањето и играњето топка над нас? Знам дека не може да се елиминира, но дали и на колку може да се сведе? 3. Како да изведам звучна изолација во својот стан да може да се свири на инструмент, а да не се слуша повеќе. Знам дека имам право на свирење во одредени часови, ама јас живеам во зграда во која свирењето на инструмент од типот на обоа, виолина, клавир е третиран многу полошо од постојано играње фудбал под прозорот и над глава. А и сакам спокојно да се вежба и свири кога е потребно, а не кога нема да им пречам на фудбалерите и да не пречам...
2. Можеш звукот од тропање со топка кој потекнува од спратот над тебе да го изолираш/пригушиш на тој начин што ќе ставиш изолација на таванот од камена волна.
3. Изолацијата на просторијата која ќе сакаш да ја направиш студио за пеење, свирење, снимање или што и да е можеш да ја изолираш со камена волна со силна звучна изолација или со некој вид на акустичен дифузер.
И секако кажи им на комшиите помалку да тропаат
