Потребни ми се прозорци со максимална изолација на звук - ве молам за совет

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Имам неколку прашања: 1. Какви прозорци ми требаат да го сведам на поднослив звукот на фудбалот кој постојано се игра во нашиот двор помеѓу зградите иако таму има клупи за седење, а не е игралиште? 2. Како да го намалам звукот трчањето и играњето топка над нас? Знам дека не може да се елиминира, но дали и на колку може да се сведе? 3. Како да изведам звучна изолација во својот стан да може да се свири на инструмент, а да не се слуша повеќе. Знам дека имам право на свирење во одредени часови, ама јас живеам во зграда во која свирењето на инструмент од типот на обоа, виолина, клавир е третиран многу полошо од постојано играње фудбал под прозорот и над глава. А и сакам спокојно да се вежба и свири кога е потребно, а не кога нема да им пречам на фудбалерите и да не пречам...
1. Скоро сите квалитетно изработени прозори од поновите генерации на прозори (читај ПВЦ, повеќе коморни, со повеќе стакла, со изолациско стакло...) нудат добра звучна изолација.

2. Можеш звукот од тропање со топка кој потекнува од спратот над тебе да го изолираш/пригушиш на тој начин што ќе ставиш изолација на таванот од камена волна.

3. Изолацијата на просторијата која ќе сакаш да ја направиш студио за пеење, свирење, снимање или што и да е можеш да ја изолираш со камена волна со силна звучна изолација или со некој вид на акустичен дифузер.

И секако кажи им на комшиите помалку да тропаат:D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VMP

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14

Fala za site soveti.
 
Член од
7 август 2017
Мислења
11
Поени од реакции
9
Здраво, јас сум нов на форумот меѓутоа ќе се одстрамам и ќе прашам нешто кое е во врска со темата. Сакам да правам дрвени прозори, меѓутоа незнам од каде да набавам квалитетен оков. Препорака?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Здраво, јас сум нов на форумот меѓутоа ќе се одстрамам и ќе прашам нешто кое е во врска со темата. Сакам да правам дрвени прозори, меѓутоа незнам од каде да набавам квалитетен оков. Препорака?
Нема зошто да се срамиш. тука сме за да си помагаме и да дискутираме. Иначе добри дрвени прозори можеш да најдеш во Промонт, а конкретно за оков можеш да видиш во Rollplast и во Бане Сомбор. Според мене, а и најголемиот дел од пазарот, Maco е најдобриот оков:)
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
516
Поени од реакции
261
po mene drvenite prozorci se promasuvanje. Podobro kupi si PVC. Ili Aluminijumski, ako imash pogolem budzet
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
735
Поени од реакции
660
po mene drvenite prozorci se promasuvanje. Podobro kupi si PVC. Ili Aluminijumski, ako imash pogolem budzet
Дрвените поскапо ќе ги плати а освен естетски Момент нема ништо да добие. Има пвц со профил во вид на дрво се чека малку повеќе да се изработат и чинат некаде 30% плус од бели.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
po mene drvenite prozorci se promasuvanje. Podobro kupi si PVC. Ili Aluminijumski, ako imash pogolem budzet
Дрвените поскапо ќе ги плати а освен естетски Момент нема ништо да добие. Има пвц со профил во вид на дрво се чека малку повеќе да се изработат и чинат некаде 30% плус од бели.
@VapeS членовиве имаат право. Дрвото дава топлина и пријатно е како за прозор, така и за око, но со текот на годините и со промена на климата тоа доживува ширење и собирање, а со самото тоа и нарушување на конструкцијата на прозорот. После одреден број на години нема да дихтува онака како што дихтувал на почетокот, а често ќе знае да пројави и влага помеѓу стаклата.

Според мене најдобро ти е ПВЦ прозори. Е сега веќе ако сакаш дрво имаш како што кажа @Итар Пејо, ПВЦ прозори со боја и ,,принт" на дрво, но има и прозори кои од надвор се од дрво, а од внатре ПВЦ и обратно, само што цената им е многу повисока.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
516
Поени од реакции
261
ako imaš ušte poveke pari možeš da kupiš drvo-aluminjum, vnatre se drvo a nadvor aluminijum. Najdobra kombinacija, ama i najskapa
 
Член од
7 август 2017
Мислења
11
Поени од реакции
9
@Sungerot Bob мојот татко дипломирал во дрвна индустрија пред 40 години, 30 години има работно искуство на неговата професија, од кои 10 како технички директор на „Современ Дом“ - Прилеп (фирма од 1200 враб. во Југословенско доба). Го зборувам ова како теза дека уште 100 форумџии да ме убедуваат дека ПВЦ или Алуминиум е подобро од дрвен прозор нема да ме разубедат. Меѓутоа сепак огромен дел е и вкус во прашање па затоа нема да дискутирам по однос на мојот избор. Моето прашање за оковот се однесува на оков за дрвен прозор кој заедно ќе го правиме во домашна работилница, па се надевав на совет бидејќи последните 10 години не сме во тек со новитетите на оковот.

Во прилог е слика од мојот термопан прозор изработен од татко ми пред 35 години, последно лакиран пред 7-8 години кој сега ќе го менувам, не заради што е оштетен, не заради што нема да издржи уште 20 год, туку заради естетски причини.

IMG_20170809_220052.jpg
За дихтување на дрвото, за животен век на дрвен прозор, за појава на влага од дрвен прозор само допринесоа „мајсторчина“ кои ќе се пазарат да направат најефтин прозор а да земат најмногу добивка. Доколку тоа го направи вистински мајстор, ниту еднаш не е случај. Сликата и моето искуство е доказ.
Јас стварно немам против ПВЦ и Алуминиум не ме разбирајте грешно, но според мене дрвото има предност.
 
Прегледај го приврзокот 175487

Вака, добро е познато дека дрвото е поздраво и поубаво од ПВЦ и од алуминиумот, исто како што каменот и циглата се поубави и подобри од гипскартонот и од ОСБ плочата, но тоа е општо познато - се што е природно е поубаво и поздраво од она што е вештачки создадено.

Но годините поминуваат, времето се менува, а со самото тоа се менуваат и потребите. Конкретно за дрвото.........., тоа е природен материјал, има своја еластичност, своја трајност, но не и долгогодишна стабилност во однос на временските услови. Словенските дрвени прозори се најдоброто и најквалитетното нешто, но и тие после некои 30 години ќе почнат да не дихтуваат добро, да се шират, собираат, а со самото тоа и разлабавуваат. Тоа ќе допридонесе до лошо дихтување и појавување на влага помеѓу прозорите. Доаѓа зима, а ти на прозорот ќе имаш ,,планини" направени од влага, па ќе треба да го бришеш прозорот и за 5 минути повторно ќе се појави влага. За разлика од нив, ПВЦ прозорите нудат постојана стабилност, секако ако се изработени од квалитетна фирма, а не од мајстор што во подрум ги составувал. Но сепак дали е дрво или дали е ПВЦ, се зависи од квалитетот и од карактеристиките, а и од вкусот. Се надевам дека правилно ќе одбереш, а што се однесува до оковот ти пишав погоре каде да побараш. Maco е најдобар оков.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
516
Поени од реакции
261
da ne zaboravime edna rabota, drvoto bara odrzuvanje, PVC ednash vo nekolku godini, a toa za nas mrzlivite e presudno
 
Kajgana Shop

На врв Bottom