Ајде совети, секој е добредојден.
Сакам да земам мобилен телефон.
Гледам дека у АМЦ ги има Нокиа Х за 8000 денара. Првиот андроид на Нокиа. Демек требаше да бидат ефтини андроид телефони. Некој дали има било какво искуство со телефонов дали вреди за парите. Сретнав некаде демек малце батерија држел. Тоа ми е некако, прв пик пред се заради тоа што сакам да го имам Нексус 6ката и овој да го користам додека излезе Нексусот во продажба.
Е сега.Втората варијанта ми е интересна. Да си земам од Т-Мобиле со Селект промо 650. Ако земам телефон на оваа претплата ќе земам нешто меѓу најдобрите на пазарот, или Нексус 5 или ХТЦ Оне. Ама колку се доплаќа и колку е изводливо, бидејќи ако и за двата се доплаќа над 10К и не е толку добар дил со оглед на тоа дека во Мобилекс ги има за отприлика 20К.
Дилемата ми е ептен голема, и ме боле глава од неа веќе три-четири денови.