Потона брод во Охридско езеро

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.331
Поени од реакции
84.513
-Откога се испоздрвија со скутери и глисери, решија да го спроведуваат законот за тaa работа поопстојно (мада пак тие што си се VIP си возат како сакаат).
-Сега откога потона бродов и луѓе испозагинаа, веројатно ќе почнат да ги проверуваат пловилата.
-Откога избегаа рибите во Албанија (плашици и сл.), веројатно ќе почнат да го ограничуваат бројот на пловилата, како што тоа се прави на езерата во ЕУ (ко што спомна некој)
-Дали треба некоја колера да избие, па ѓубрено по риввиерата да почнат да го складираат во контејнери. (Без заебанции, дај да собираме пари за контејнери за ѓубре за охридска ривиера, бидејќи по местата на брегот ѓубрето го складираат до бандера, па стојат купишта секаков отпад до секоја бандера во Пештани и другите места по брегов).
-Летово како никогаш по површината на езерото имаше слој нафта (или бензин е, не знам). Требаше да пробам да го запалам. Не сум некој научник, ќе гори ли? Наместо тоа луѓето се капеа.
-На жителите им е многу по битно да го искористат секој сантиметар за додатна шупа со кревет, отколку да размислуваат за некакви си работи што не ги засегаат, како на пример тоа што колекторот не си ја врши работата веќе, заради пренатрупаност на санитарните јазли. Па гомцата unchecked одат в енѕеро.

Долга е листата заради која УНЕСКО ќе си оди од Охрид.

Тоа се причините заради кои треба да се бојкотира охридскиот туризам, а не некакви повредени ега на Скопјани.
Тоа се вистинските проблеми, а не дали продавачот ме погледал попреко и сл.

Ќе има, за жал уште вакви трагедии, се додека личните интереси на Номче се побитни од самото езеро
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.852
Поени од реакции
5.676
море мршојадци, хиени едни, едвај чекате нешо да се деси па охриѓани вакви охриѓани такви ц ц ц не ми се верува...

иначе сите ние одговорност гледаме во капетанот на бродот кој што дозволил да се качат повеќе луѓе отколку што е дозволено што е до некаде и нормално...

епа сеа друга работа шо не треба да ја заборавиме е дека сите знаеме како идат тие туристички тури и дека секогаш се групи од по 50-60 луѓе и многу јасно сите сакаат ЗАЕДНО да крстосуваат по езерото... е сеа Илинден е регистриран за 43 патници како што прочитав погоре, а што ќе прават останатите 10 - 15 луѓе? ќе идат на друг брод?? значи можно е и тие самите да имаат инсистирано да се качат сите на бродот.. можно е и да го имаат изнајмено бродот за денес (газдата рече дека за 250 евра го изнајмува бродот за цел ден, значи тоа беше во шпицот на сезоната сеа сигурно ја има спуштено цената). а големите бродови како Александрија за да ги изнајмиш треба да го одврзеш ќесетоо многу повеќе... и да не продолжувам со муабетот, значи можеме триста сценарија да правиме... вака било онака било.. додека не излезе МВР со официјално соопштенија и додека не заврши истрагата за голем дел од ВАС криви се охриѓани и нивната лакомост :tapp::tapp:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.510
Македонската влада,
нема што да изразува жалење.
Мора да побара оставка од :
-Министерот за Транспорт и Врски
-Надлежниот за организиран превоз во рамките на Охродското езеро од локалната власт
-Шефот на капетанијата Охрид
а у затвор да го стрпа капетанот на бродот (ако е жив) и сопственикот на бродот.

Последните двајца ги товари за убиство од немарност,
претходните си ја губат работата заради неисполнување на работните задачи и немарност.
Потона патнички брод во Охридско езеро, бројот на загинатите постојано се зголемува. Според полициските информации на А1 Телевизија спасувачките екипи се уште работат на извлекување на жртвите и засега јавуваат за извлечени 17 тела, а десетина се спасени.


Според инфорациите на А1, 12 тела се најдени мртви, а 5 се сметаат за исчезнати. Во бродот имало група од 62. туристи од Бугарија кои сакале да патуваат до „Св. Наум“.


Станува збор за туристичкиот брод „Илинден“ кој се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“.


Полицијата реагирала на повик од граѓани од охридската плажа Лагадин. Повикот, кој е примен утрото, е лоциран од ресторанот „Два Бисера“.


Министерот за транспорт Миле Јанакиевски си понесе оставна од морални причини.


Десетина лица се извлечени живи по хаваријата на бродот „Илинден“. Освен претрпениот шок тие се наоѓаат во добра здрвавстевна состојба и се привремено сместени во хотелот „Метропол“ во Охрид. Едно лице е хоспитализирано и по пружената реанимацита е ставено под специјална медицинска нега.
МВР во моментов ги разгледува снимките донесени од „Еулекс“ за да се утврди бројот на патниците и дали сите се регистрирани.
Од причина што патниците на бродот не носеле патни исправи со себе МВР не ја отфрла можноста да има странски државјани но, сеуште работи на утврдување на нивниот идентитет.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Македонската влада,
нема што да изразува жалење.
Мора да побара оставка од :
-Министерот за Транспорт и Врски
-Надлежниот за организиран превоз во рамките на Охродското езеро од локалната власт
-Шефот на капетанијата Охрид
а у затвор да го стрпа капетанот на бродот (ако е жив) и сопственикот на бродот.

Последните двајца ги товари за убиство од немарност,
претходните си ја губат работата заради неисполнување на работните задачи и немарност.
Не се согласувам. Македонската влада, треба отсега па понатаму, да ги ангажира горенаведените во вистинско вршење на нивните функции. Оваа трагедија треба да послужи како ментален притисок врз инволвираните во било каков своевидно ,,ризичен" туризам, да ги извршат потребните морални и технички должности.
 
V

Viktoranius

Гостин
Жално, што и да се каже, кој и да се обвинува, излишно е. Сочуство до роднините на загинатите. Нека почиват во мир.:(
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Жално трагедија. Место да се криви кој е виновен подобро е да се открие идентитетот на луѓето и побрзо носење дома.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
А за што да се вреѓаат,се што е напишано точно е!
Да точно е, преку к.. ми сте дојдени со тие генерализации. Ако вас не ви се погодило ништо ојте Албанија кај шо има многу убава арома,кај шо ќе се разбираш со мимики или Грција со 2000 заболени од свински грип. Никој со сила не ве тера да идате Охрид,а од рекла-казала муабети ја претеравте.
И разберите дека не е вина на Охриѓани,туку на капетанот. Од страна убо е да мрчиш цело време..
Бродот потона зошто на капетанот му фаќало окото за 2000 денари појќе,како и на секој Македонец и си има речено,ај нема галје за 10 луѓе плус.. ама не е така се како шо изгледа..
И мислам дека причината била само преоптовареност, друго нишо. Пошо да има 30 луѓе на бродон и 50 не е исто. Поготово не на онаков брод шо кога и да го видев помислував дека во секој момент можи да се отпреврти од шо е многу стабилен.
 
Член од
2 септември 2008
Мислења
997
Поени од реакции
22
Автобус'т на туристите в Охрид е бил с пловдивска регистрација

Софија. Кораб'т „Илинден” е пот'нал срешту хотел „Метрополит'н” на около 200 метра нав'тре в'в водата. Д'лбочината е била 7 метра, а кораб'т е бил претоварен. Това с'обшти за Агенција „Фокус” председателјат на БЧК Христо Григоров. Автобус'т, којто е превозил б'лгарските туристи, е на пловдивска фирма. С'гласно п'рвоначалната информација са загинали 17 души. 41 членове на Б'лгарскијат Червен Кр'ст, които са били на обучителен курс в Струга, и целијат екип п'тува к'м мјастото. Екип'т вклјучва лекари и обучени специалисти по оказване на психологична помошт.
Грета ПЕТРОВА

Мама му стара сега остава и познати или близки да е имало на лрода.Трагедија
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Охрид: Пукната сaјла најверојатно причина за трагедијата

Охрид: 17 загинати – по најмалку 5 патници се трага
Ден на жалост в недела
Бугарија испраќа владин авион поради несреќата во Охрид
Очевидец – бродот потона за една минута


Охрид / 5.09.09 / 14:06
Пукање на сајла со која се одржува балансот на бродот е најверојатно причина за трагедијата што се случи претпаднето на Охридското езеро.

Ова како што јавува Макфакс е оценка на стручните екипи кои пристигнаа на местото каде што претпладнето потона бродот „Илинден“ со кој се превезуваа најмалку 45 туристи од Бугарија.

Бродот „Илинден“, кој е произведен пред околу седум децении, балансот го одржувал со помош на метални сајли.
Се претпоставува дека едната од салите пукнала по што, според изјави на очевидци, бродот се преполовил и веднаш потонал. / крај/ д/р

Макфакс
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.360
Поени од реакции
30.754
Македонскиот Титаник
Штета многу ми е жал
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.895
Поени од реакции
22.975
Жално,нека почиваат во мир загинатите..
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.510
е сеа Илинден е регистриран за 43 патници како што прочитав погоре, а што ќе прават останатите 10 - 15 луѓе? ќе идат на друг брод??
Да! Ќе одат на друг брод!
Или може да отидат порано таму кај што не треба. За жал, тоа и се случи.

Капетанот е закон. Он одлучува. Нема да го претепаат затоа што заради безбедносни причини не им дозволил да се качат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom