Малку (море повеќе) станавте досадни со тоа кечињата. Можиме и ние Македонците да почнеме да носиме капи со пердуви, па по 50-60 год. да викаме дека сите Индијанци од Америка се Македонци и да бараме тапија на Америка. А може и на Англија, затоа што и Робин Худ имал пердув на капата.
Тоа што немате ни своја засебна култура ни јазик ни посебни национални обележја (затоа грчевито сте се фатиле за кечето и орелот кои и не се баш исклучиво ваши обележја) ве тера да ги омаловажувате припадниците на една од најстарите нации на светот (покрај Египетската и Кинеската), кои во континуитет ги зачувале името јазикот, националните обележја (од кога орелот е национално обележје на Албанците, ај нека биде и на Илирите?) и скоро целосниот културен идентитет се до денес. Македонското писмо (кирилицата) е само адаптација на постарото Македонско писмо, а не на грчкото. И самите Грци во антиката признавале дека писмото го презеле од Венетите односно од староседелците.
А Венети подоцна станале Словенети ...
И да знаете, еднаш за секогаш, ние сме Венети, ние сме Словени, ние сме Илири, ние сме Пејонци (и итар Пејо), ние сме Тракијци, ние сме Ханзи и Калеши, ние сме Македонци, сега, отсекогаш, засекогаш и за вечни времиња, амин. И тоа никој не може да го промени, а понајмалку некој како вас, кој што “лаат“ по форумиве како кучиња по нечиј туѓ диктат : -Словени сте та Словени! И што? Ние сме сето тоа. Мариовците се викаат Мариовци и не се ли тие Македонци? (или Словени ако баш така милувате да не викате). Дури ние сме и Албанци, па колку ви звучело тоа лудо или националистички. Македонците живееле на просторите на Албанија (исто како и Мариовците на просторите на Мариово) и се нарекувале според територијата на која живеат како Албанци... Кога ги споменав Мариовците и споредбата со кечињата, да споменам дека на МТВ -2 пред 7-8 год. во програмата на албански јазик, Албанки ја играа типичната изведба на орото “Мариовска тресеница“. Исто како што преку кечето, кое го носеле бројни народи од најстари времиња до денес, сите тие народи ги правите припадници на денешната (современа) Албанска популација, не би ме зачудило преку ова оро сите Мариовци да ги прикажете како Албанци :uvo:.
Се обидував во претходните дискусии да бидам потолерантен и помалку исклучив (на крај на краиштата, не е битно дали сте дошле од Кавказ, од Мала Азија, дали сте тукашни или не, вие сте сега тука и мора да најдеме заеднички јазик и начин заедно да живееме и соработуваме како и порано - пред да замешаат прсти овие од надвор), ама бре брате ја претеравте! Какви се не глупости се изначитав, ц-ц-ц. Нас не навредувате и омаловажувате, а себе си се правите смешни.