iksimkd
ШшшШшшШ...
- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 5.000
- Поени од реакции
- 2.184
Хашкиот трибунал ја потврди пресудата со која Јохан Тарчуловски е осуден на 12-годишната затворска казна, а обвинителството ја отфрли жалбата за ослободителната пресуда за поранешниот министер за внaтрешни работи Љубе Бошкoски за случајот „Љуботен“, по што Бошковски останува на слобода.
Пресудите по жалбите се конечни.
Одбраната на Тарчуловски побара тој да биде ослободен од сите обвиненија, бидејќи не е одговорен за полициската акција во Љуботен, зашто таа била легитимна и според меѓународното право не може да се смета за воено злосторство, но ова не беше доволна причина за судот да го ослободи Тарчуловски.
Тарчуловски и Бошкоски се единствените македонски државјани кои беа процесуирани во Судот во Хаг, по конфликтот од 2001.
Судскиот совет на 12-ти јули 2008 го ослободи Бошкоски од обвиненијата за извршените злосторства во скопското село Љуботен, а Тарчуловски го осуди на казна затвор од 12 години.
На објавувањето на пресудата по жалбата на Тарчуловски присуствуваа повеќе од 130 негови пријатели, поддржувачи, градоначалници, пратеници, меѓу кои и 30 новинари од Македонија, кои со чартер лет обезбеден од Здружението за поддршка на Јохан, рано изутрината од Скопје заминаа за Хаг.
Јохан Тарчуловски е во затворот во Шевенинген од 16 март 2005 година кога по барање на Хашкиот трибунал беше екстрадиран од Македонија во Холандија.
Извор: Сител ТВ
No Comment!