Постои ли тајно сценарио на власта?

  • Креатор на темата ITK
  • Време на започнување

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
ПОСТОИ ЛИ ТАЈНО СЦЕНАРИО НА ВЛАСТА?

Експертска влада ќе лечи политички страв
Политичка криза во власта, која наесен би довела до формирање влада на широка коалиција, или експертска влада, што ќе ја преземе одговорноста да го реши спорот со Грција. Вака изгледа дел од сценариото, кое веќе подолго време се готви во високи политички кругови на власта, дознава „Време“. Според нашите информации, целта на едно вакво сценарио би била сите партии да ја споделат одговорноста за евентуалното прифаќање решение за името, и со тоа да се амортизира падот на рејтингот што би го доживеал премиерот Никола Груевски, доколку сам би прифатил компромисно име. По неколкумесечното владеење на експертската влада, таа би морала да распише парламентарни избори, на кои би се очекувало повторно победа на ВМРО-ДПМНЕ, како партија со најголем рејтинг. Официјално, високи владини функционери енергично ги демантираат ваквите информации тврдејќи дека оваа власт ќе го тера до крај мандатот што го доби на претходните избори. Сепак, веќе подолго време во политичките кругови се шпекулира дека постои таен план како да се сочува власта, а во исто време да се реши проблемот со името. Целото сценарио, како што дознаваме, односно кризата во власта би почнала уште летово, кога владата би се нашла под силен притисок од јавноста, на меѓународната заедница и на опозицијата да постигне решение за името за да се отворат повторно вратите за НАТО и за ЕУ. Но, притисокот би бил и на меѓуетничко поле, односно од страна на партијата на Ахмети. ДУИ би ја напуштила власта од повеќе причини, предизвикувајќи владина криза, која би станала подлабока откако Љубе Бошковски би формирал мала пратеничка група одземајќи неколкумина пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Груевски, соочен со ваквата ситуација, по притисок на меѓународната заедница би прифатил формирање експертска влада или влада на широка коалиција, но тој не би останала на местото премиер. Ваквата влада на широка коалиција би седнала на сериозни преговори со Атина и најдоцна до крајот на октомври би постигнала компромис за решавање на спорот за името. Бидејќи би станувало збор на експертска влада, а не влада на ВМРО-ДПМНЕ, договорот со Грција би влегол веднаш во сила, односно без да се одржи референдум. За сето време, Груевски би се држел подалеку од целата ситуација, чекајќи погоден момент да се врати на сцена. Веднаш по решавањето на спорот експресно би се отвориле вратите на НАТО, би се добил датум за преговори со ЕУ и целосна визна либерализација. Експертската влада тогаш би се зафатила со решавање на уште неколку проблеми, како што е прочистување на избирачкиот список и би се зафатила со организирање предвремени парламентарни избори. Доколку се остварат очекувањата, на овие избори повторно би победиле ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, кои се уште би имале најголем рејтинг. Проблемот со ваквото сценарио е што опозициската СДСМ сега со Бранко Црвенковски на чело не би прифатила да игра улога на спореден резервен играч и би можела со сите сили да се спротивстави на едно вакво сценарио. Тоа СДСМ јасно го стави до знаење уште минатата недела кога партијата енергично ги демантираше шпекулациите во јавноста за предвремени парламентарни избори.

Дали Груевски нема храброст да го реши спорот со името па сега сака друг да ја понесе одговорноста?

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1725&ArticleID=115280
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Оставај линк во иднина.

Не му одговара на Груевски широка коалиција, со тоа дефакто ќе ја изгуби власта.

Повеќе му одговара брза смена на името, па да се обидува да го поправи расположението во наредните 2 години преку некои економски мерки и да си го одржи рејтингот, отколку да ја предаде власта без борба.

И онака сите останати партии се за бескомпромисен компромис :helou: така да ја има нивната “поддршка“ во предавството.

Многу плиток е текстов на Време.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035

Е, кај ви оди умот....:smir:

Не се такви, па наши се...
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Фала му на господ што немаше храброст.
Кај нас владее систем на извртени вредности.
Кај нас треба да имаш храброст да смениш име.
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
:pos: :pos: :pos:

Поглупав новинарски текст одамна не сум прочитал.
Груевски да направи широка коалиција? Зошто му треба било кој уште во влада? Да се реши проблемот со името - се е тоа во ред, но како Груевски би се држел на страна ако има широка коалиција во која и тој учествува? И потоа лагано да излезе на избори?

Има уште многу небулозни тези, ама мака ми е да го читам уште еднаш текстот.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Целото сценарио, како што дознаваме, односно кризата во власта би почнала уште летово, кога владата би се нашла под силен притисок од јавноста, на меѓународната заедница и на опозицијата да постигне решение за името за да се отворат повторно вратите за НАТО и за ЕУ.
Но, притисокот би бил и на меѓуетничко поле, односно од страна на партијата на Ахмети.
1.ДУИ би ја напуштила власта од повеќе причини, предизвикувајќи владина криза, која би станала подлабока откако 2. Љубе Бошковски би формирал мала пратеничка група одземајќи неколкумина пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски, соочен со ваквата ситуација, по притисок на меѓународната заедница би прифатил формирање експертска влада или влада на широка коалиција, но тој не би останала на местото премиер.
:helou:

Моља ви се, авторот на “сценариово“ кое е итекако посакувано останал анонимен, штета.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Гладна кокошка просо сонила. :pos2:

Што вика нашата кратка историја во повеќепартискиот систем, за „експертските“ влади на широка коалиција?

  1. Во 1990 победи ВМРО-ДПМНЕ со 40 пратеници, ама не успеа да формира влада, па се формираше влада на широка коалиција, после која при крајот на 1992 година на власт дојде СДСх со Б.Ц.
  2. Предавникот-лопов-бугарин почна да паѓа од власт кога Б.Ц. го доведе до позиција да формира „експертска“ влада на широка коалиција. После тоа дојде Б.Ц. на власт.
Значи сега Б.Ц. сака пак прво „експертска влада“, па да му го начука и на Грујо а и на сите нас и пак да дојде на власт.

ГЛАДНА КОКОШКА ПРОСО СОНИЛА!
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
228
Поени од реакции
26
da bese (frckovski)precedarel on do sega ke go resese sporot so imeto i toa sam0 ne znam duri togas dali ke imase i referendum da se prasa narodot .
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
da bese (frckovski)precedarel on do sega ke go resese sporot so imeto i toa sam0 ne znam duri togas dali ke imase i referendum da se prasa narodot .
:pos2:

А да ни беше претседател Обама, сега ќе пиевме кафе во Атина со македонското знаме над нас...
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Леле не ми се верува дека по исто си го тераме... :(
Абре каква храброст какво именување.
МАКЕДОНИЈА!!!
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
:pos2:

А да ни беше претседател Обама, сега ќе пиевме кафе во Атина со македонското знаме над нас...
А Зорбас ќе ви играше сиртаки за да ве забавува,како “уличен свирач“.:pos2:
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
А Зорбас ќе ви играше сиртаки за да ве забавува,како “уличен свирач“.:pos2:
:pos2:

А пред нас грци во фустанела и со оние туфните на нозе ќе ја пееја земјо македонска...
 
Член од
17 мај 2009
Мислења
349
Поени од реакции
16
да ти ебам новиварите и после не биле предавници.
а онаа курвата велија мора да го јаде, УЈП нека му направи упад па после нека драпаат по весници, телевизии, форуми битно една гнида помалку а и во идризово ќе биде поинтересно: 100 крави по 20 литри млеко....

Мојте непријатели

Не можам а да не ги посочам, со тоа би си го повредил сопственото достоинство, би ги амнестирал од одговорност и би им го признал монополот над вистината. Тие, мојте непријатели, претендираат токму на тоа да воспостават монопол на вистината преку контрола на информациите и каналите на комуникација.
Таа дружина на разочарани “ соцреалисти” финансирани од либерални капиталисти ја шират вистината за мене, истовремено проповедајки ми ја мене вистината [ за мене ] , на моето семејство, на мојте пријатели.
Тие тврдат дека интернет не е за секого, образованието скраја да е, универзитети не треба да се отвараат, тие тврдат дека градот мора да биде грд, дека грев е дрвја да се садат, децата да се смеат, мајките да се грижат...
Тие не веруваат, немаат политики, идеали, пријатели, тие не љубат тие се интелектуалци – тие не се во потрага по вистината ним вистиината им е дадена.
....
креираат скика
ја креираат сликата што ја имаме ние за другите, прават конструкции наместо да поставуваат прашања, шират пропагандни памфлети продуцирани од корпорациски think tank – ови.
Тие се соучесници во етноцидот на мојот народ и убиството на мојот јазик, тие се мојте непријатели, НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА !!!
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Оставај линк во иднина.

Не му одговара на Груевски широка коалиција, со тоа дефакто ќе ја изгуби власта.

Повеќе му одговара брза смена на името, па да се обидува да го поправи расположението во наредните 2 години преку некои економски мерки и да си го одржи рејтингот, отколку да ја предаде власта без борба.

И онака сите останати партии се за бескомпромисен компромис :helou: така да ја има нивната “поддршка“ во предавството.

Многу плиток е текстов на Време.
Овој модел на широка коалиција веќе беше пробан за време на конфликтот и не би било изненадувачки да се обидат повторно да го сторат истото. Сепак никој денес не вели дека рамковниот договор е последица од владеењето на ВМРО:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Човекот се потрудил и ни ги изнесе сите планови.Незнам само од каде тајно сценариово кога се се знае.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom