- Член од
- 10 октомври 2008
- Мислења
- 1.107
- Поени од реакции
- 51
ПОСТОИ ЛИ ТАЈНО СЦЕНАРИО НА ВЛАСТА?
Експертска влада ќе лечи политички страв
Политичка криза во власта, која наесен би довела до формирање влада на широка коалиција, или експертска влада, што ќе ја преземе одговорноста да го реши спорот со Грција. Вака изгледа дел од сценариото, кое веќе подолго време се готви во високи политички кругови на власта, дознава „Време“. Според нашите информации, целта на едно вакво сценарио би била сите партии да ја споделат одговорноста за евентуалното прифаќање решение за името, и со тоа да се амортизира падот на рејтингот што би го доживеал премиерот Никола Груевски, доколку сам би прифатил компромисно име. По неколкумесечното владеење на експертската влада, таа би морала да распише парламентарни избори, на кои би се очекувало повторно победа на ВМРО-ДПМНЕ, како партија со најголем рејтинг. Официјално, високи владини функционери енергично ги демантираат ваквите информации тврдејќи дека оваа власт ќе го тера до крај мандатот што го доби на претходните избори. Сепак, веќе подолго време во политичките кругови се шпекулира дека постои таен план како да се сочува власта, а во исто време да се реши проблемот со името. Целото сценарио, како што дознаваме, односно кризата во власта би почнала уште летово, кога владата би се нашла под силен притисок од јавноста, на меѓународната заедница и на опозицијата да постигне решение за името за да се отворат повторно вратите за НАТО и за ЕУ. Но, притисокот би бил и на меѓуетничко поле, односно од страна на партијата на Ахмети. ДУИ би ја напуштила власта од повеќе причини, предизвикувајќи владина криза, која би станала подлабока откако Љубе Бошковски би формирал мала пратеничка група одземајќи неколкумина пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Груевски, соочен со ваквата ситуација, по притисок на меѓународната заедница би прифатил формирање експертска влада или влада на широка коалиција, но тој не би останала на местото премиер. Ваквата влада на широка коалиција би седнала на сериозни преговори со Атина и најдоцна до крајот на октомври би постигнала компромис за решавање на спорот за името. Бидејќи би станувало збор на експертска влада, а не влада на ВМРО-ДПМНЕ, договорот со Грција би влегол веднаш во сила, односно без да се одржи референдум. За сето време, Груевски би се држел подалеку од целата ситуација, чекајќи погоден момент да се врати на сцена. Веднаш по решавањето на спорот експресно би се отвориле вратите на НАТО, би се добил датум за преговори со ЕУ и целосна визна либерализација. Експертската влада тогаш би се зафатила со решавање на уште неколку проблеми, како што е прочистување на избирачкиот список и би се зафатила со организирање предвремени парламентарни избори. Доколку се остварат очекувањата, на овие избори повторно би победиле ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, кои се уште би имале најголем рејтинг. Проблемот со ваквото сценарио е што опозициската СДСМ сега со Бранко Црвенковски на чело не би прифатила да игра улога на спореден резервен играч и би можела со сите сили да се спротивстави на едно вакво сценарио. Тоа СДСМ јасно го стави до знаење уште минатата недела кога партијата енергично ги демантираше шпекулациите во јавноста за предвремени парламентарни избори.
Дали Груевски нема храброст да го реши спорот со името па сега сака друг да ја понесе одговорноста?
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1725&ArticleID=115280