Последици од Ковид-19 врз спортот

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.345
Абе, а за куповите никој ништо не збори...
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Абе, а за куповите никој ништо не збори...
Куповите пропаѓаат сигурно, нема ваљда на ждрепка да го бират освојувачот. :D Освен таму до финале кај што се стигнати, тоа ваљда може да го изведат некако во текот на летото.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Не мислев на реакцијата од другите, туку тебе какво ќе ти биде чувството доколку од некој новинар на твитер треба да дознаеш дали титулата му е доделена на Ливерпул, каква ќе биде среќата во тој момент, кога ќе дознаеш дека се шампиони. Затоа што е ептен уникатна ситуација која никој друг не ја искусил до сега, затоа озбилно ме интересира. Исто и за сега какво е чувството затоа што сигурно веќе не е исто од тоа што беше пред да се случи ова. Дури и со играње пак нема да биде исто како тоа што ни е познато на нас кои сме прославувале титули, нема да има парада, нема да има собири (не верувам да нема собири на навивачи, ама официјално). Ама за тоа секако кога официјално ќе знаеме што ќе прават затоа што сега секако не знаеш како да се осеќаш :D
Ние навивачите на Интер веќе го искусивме ова чуство лето господово 2006 :D
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.946
Не е фер кон ПСЖ и Ливерпул да не им ја дадат титулата, дури и да биде прекинато првенството. Светлосни години се понапред од другите, мора да се земе предвид тоа.
Не мора бе. Титула е резултат на толку и толку одиграни кола. Тоа е титула у првенство. Се играат толку и толку кола и после кој има највише поени е победник. А не, се играат единаес или шеснаесе кола, него прецизно - толку и толку (во зависност од лигата). После егзактли толку кола изиграни, глеаме поени и тој што има највише е победник.

Еве, би им дал и без тоа, али барем да ја имаа обезбедено, да не може никој да ги стигне ни теоретски.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.143
Поени од реакции
16.658
Не вервам ни Бундеслигата да почни за брзо, нема логика.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
УЕФА може да ја ублажи целата ситуација во моментов за да не се случи голем хаос на оштетени тимови како во Франција и Холандија. Еве конкретно за ПЛ разликата за ЛШ од 2ро до 7мо место е 14 поени или од 4то до 7мо само 5 поени. За ЛЕ разликата до 13то место е 8 поени. Возможна е оваа разлика за достигнување. Значи заради настанатава ситуација може УЕФА да направи исклучок за следна сезона и да ги прошири и ЛШ и ЛЕ со тимови за лигите со поголеми коефициенти и резултатот ќе биде неколку групи повеќе и 1 елиминациона фаза повеќе во нокаут рундата. На тој начин ќе има помалку оштетени за тимовите што се борат за пласман во Европа. Од друга страна ќе има и повеќе натпревари и поголема понуда за ТВ права.
Конкренто за ПЛ, за осптанок е уште поделикатна ситуацијата.Конкретно од 13то до 19то место разликата е 10 поени и исто така е достижна разликата. Да не продолжувам за Чемпионшип итн.

Настрана Ливерпул што има длабока предност, вака да се заклучи сезоната и да му биде доделена титулата на овој начин нема да има можеби директно оштетен тим за титулата, но ќе има сериозно оштетени тимови како во битката за пласман во Европа, како и за опстанок.

Од друга страна и продолжување на сезоната ќе носи неправди затоа што имаше тимови кои имаа нагорен тренд во формата и надолен тренд на формата. Тотенхем на пример беше осакатен со повреди, резултатска криза и доколку продолжеше тогаш сезоната сигурно не забележеше посериозен пласман. Сега им се вратија од повреди Кејн и Сисоко и жртва на тоа може да бидат Шефилд или Вулвс кои до тој момент беа константни, па и Челзи и ние кои бевме некое ниво подобри од Спарси.

Затоа викам дека УЕФА мора да преземе нешто настрана од само коментарот дека крајниот резултат и пласманот во Европа да биде по спортски пат, а не по одлука. Со прекин на првенството и моделите на Холандија и Франција се пример дека се баш далеку од спортски пат зошто објективно имаше тимови кои доколку немаше прекин би се избориле за таков пласман, или да се поништи сезоната и да се смета ланскиот пласман за релевантен.
 
Следна сезона ќе биде напикана ептен, ќе откажуваат рунди од купови, ама УЕФА да проширува :D
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Следна сезона ќе биде напикана ептен, ќе откажуваат рунди од купови, ама УЕФА да проширува :D
Не споредувај купови со УЕФА натпреварувања. 100% од клубовите би се откажале од куповите за натпреварите под УЕФА.

Иако за следна сезона нема никакви блиски до официјални најави за куповите. За Англија единствено Карбао Купот го дискутираат и тоа е оставено на дискусија.

По моето горенаведено мислење, еден клуб кој би стигнал до финале во ЛШ би имал 2 натпревари повеќе. Ако почне сезоната во редовен термин тоа нема да биде проблем.

И сам знаеш колкави финансиски загуби ќе има еден клуб ако пропушти ЛШ или ЛЕ ради ваква неспортска одлука. Лион е чисти доказ за тоа.
Е сега замисли ако сезоната се поништи и се земе во предвид ланскиот пласман која спортска неправда би била за Шефилд и Лестер да им отстапат место на Арсенал и Тотенхем во ЛШ и ЛЕ, и колкава финансиска загуба би имале, или ако се заклучи тековната сезона со тековниот пласман која спортска и финансиска неправда би била према Јунајтед, Шефилд и Вулверхемптон во битката за 3то и 4-то место на пр. бидејќи бодовната разлика е достижна, да не продолжувам за битката за опстанок..
 
Нема логика и нема да се случи. Загуби веќе има, и секако нема смисла да се бара сценарио во кое никој не би изгубил затоа што не постои нешто такво. Ок, таква е ситуацијата ама секако дел од спортот е за еден бод или па за гол разлика да губат милиони, не е тоа ништо ново.
Ако следиш, знаеш дека нема шанси за целосно поништување на резултатите од оваа сезона. Доколку сезоната не може да се заврши, се одлучува според просек на освоени бодови по натпревар, по моменталната табела, или според табелата од половина сезона. Ниедно не е идеално, ама не постои идеално решение.
 
УЕФА е единствен фактор кој може да ги хармонизира одлуките во сите првенства и да влијае на ублажување на спортските неправди. Во моментов секоја лига тера како сака и на тој начин веќе се создаваат неправедни губитници и неправедни добитници и тоа далеку ќе биде од спортскиот карактер за кој УЕФА се бори.

Факт е дека со одлука се создаваат неспортски губитници, а од друга страна има и неспортски добитници кои се комотни и гајле им е.

Има смисла да се бара сценарио во кое ќе се ублажат загубите поради неспортска одлука. Ситуација по завршено првенство во кое за 1 бод или за 1 гол разлика кое влијае за полош пласман по кој се губат милиони е од спортски карактер и таа е фактичка состојба на крај на првенство. Спортски е значи за 1 гол разлика или за 1 бод на КРАЈ на сезона да завршиш со полош пласман.
Ситуација на НЕЗАВРШЕНО првенство по кое со одлука се крои како ќе изгледа пласманот: дали со заклучување на тековната состојба на табелата, дали со поништување на сезоната...на кој и да е начин клубовите кои биле во отворена трка за одреден повисок пласман го губат тоа право и тоа е неспортски, туку по пат на одлука.

Ситуацијата ако се крои по просечен број на бодови по натпревар ќе води до табела идентична на моменталната (единствено Арсенал и Тотенхем ќе си ги променат местата кои и онака ништо не значат), по моменталната табела или според табела од половина сезона исто така е неспортска одлука која ќе создаде неправедни добитници и губитници.

Јасно е дека нема да има идеално решение, но факт е дека треба да се бара решение во кое ќе се ублажат и да се сведат на минимум неправдите кои секако дека ќе ги има. Поентата ми е ако има неспортски губитници, тие да бидат со минимални штети...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom