Последен гледан филм

Статус
Затворена за нови мислења.

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34

9/10

Обавезно да го гледате :).
So kakow kvalitet go gledase filmow.
inace go gledaw ovoj film na premierata vo skopje vo kino ramstor edvaj cekam DVDRiP-ot na aXXo da izleze pa pak da go inagledam so kejf

Од почеток интересен филм, но некаде после средината на филмов доаѓаат многу нелогичности. Глупаво е што тежината од главната фаца Џејсон Стетхем се префрла на Рајан Филип. Можеби ќе ти се свиѓа. Многу лошо изведен "пресврт" направиле. Да не ти откривам што како повеќе. Не очекувај премногу за да не ставиш лоша критика.
Типичен Џејсон филм. Све нешто слично се вртат неговите тематики.

Ве молам, дај напишете барем една до две реченици за филмот што сте го гледале. Некако глупаво е само слика да се постира или да се каже насловот на филмот. Немора вашата критика сите да ја прифатиме, ама отприлика да си имаме слика за каков вид на филм станува збор и на каков вид публика би им се свиѓал истоимениот.
e mn fala najdow torrent na demonoid ali neam bandwith treba da cekam 1.1.
do togas ke gi iznagledam filmowite koji gi dL oviee denowi
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Збогум на дваесетиот век - по втор пат го гледам филмов, првиот пат се сеќавам некаде околу 5-6 години и ми беше подзаборавен.
Ремек дело што го произвела македонската индустрија. За првпат после декада мтв 1 ме натерала да и' обрнам внимание.
Штета што неможам да го најдам овој филм во двд издание. Уште овој и македонската колекција филмови ќе ми биде пополната.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Си го гледав за потсетување завчера A man apart. Ми останало во сеќавање само дека е одличен филм, во што си се уверив уште еднаш. 10/10

Вчера се решив конечно да го гледам Transporter 3. Првиот дел дефинитивно најмногу ме воодушеви. За третиов слушав дека бил подобар од вториот, ама не! Не ми се допадна мене, незнам зошто. Има повеќе претерани сцени кои навистина не можам да ги сварам. А и со другите филмови во меѓу време со Џејсон, почнувам да мислам дека човеков не е добар актер, освен кога треба да глуми јако шофериште или да се тепа со сто билдери. Не знам, нешто му недостасува ... а и главната женска улога ми е тапа. Грда е, недооформена актерка и сл.
А за филмов би рекла 6/10.:toe:


И за да се релаксирам од така не толку добар филм, си го гледав Legally blonde 2. Имав заборавено дека е со кученцата, па додатно се расположив. И да, можеби лесен филм или шмизлински или каков и да е, ама толку многу пораки има и е добар, што секое наредно гледање се повеќе го сакам. Едноставно те тера да си ги смириш нервите од се` и да се смееш, барем додека трае. 10/10 :vozbud:
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
The Other Boleyn Girl...

Ме воодушеви филмов :pipi:
Знаев дека ќе ми се допадне и пред да го гледам :)
Историското во него можеби си го направи своето, а и приказната за двете жени во него, едната мила и покорна, другата дива и нескротлива... И двете оставаат траги во историјата, повеќе или помалку, на овој или оној начин, приметливо или пркриено...
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
vcera eden film na alfa so vremenski agenti da ne go gledal nekoj pa da mi kaze ime???
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
K

kaiser soze

Гостин
Вчера го гледав филмот Желките може да летаат(2004),иако сум го гледал и пред тоа.Траги-комична приказна за деца бегалци во Ирак,кои живеат во близина на ирачко-турската граница.Глумата на малиот Как Сателит е брилијантна,а тој е и главниот карактер во филмот.Одлично филмско дело кое заслужува да се погледне.
http://www.imdb.com/title/tt0424227/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom