џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.391
- Поени од реакции
- 25.192
Од вакви членови нема ни да добијаш исцрпен одговор. Знаеш зошто? Затоа што си билдаат овде постови затоа што не им се бројат во играчница. Дај стварно, кажете барем две реченици. Реков и на минатата страна, немора да се истепате да рецензирате, но барем кажете за каков вкус е адекватен филмов. Дали е посериозен или понесериозен, дали да очекуваме многу или не?Многу исцрпно.
Дај напишете некој збор, добар е филмот, да го гледаме или да не губиме време, кратко мислење...
P.S. Кој Бетмен?
Да не бидам многу оф - топик, последен гледан филм ми е Wall -E.
Не памтам од кога сум гледал последно анимиран филм, беше некаде пред година кога го пуштив Over the Hedge. Многу интересен филм, уште на самиот почеток некако се забележува дека иако без некој цврст дијалог креаторот може преку едно машинче во запустен свет да долови некои особини и намери. Добра приказна за љубовта пред се. Интересен заклучок беше - дури и вакви оригинални за прв пат креирани суштества, далеку надвор од луѓето од физички гледан аспект, можат да се сакаат. На моменти имитацијата на гласот на Wall E ме натера да направам тажна фацка, а сепак онаа на Eve да ме расположи. Поуспешен филм оваа година. Заедно со Over The Hedge, Robots и Ice Age ми влегува во најдобрите анимирани филмови.