Cloverfield, (2008), филмче кое ќе ве држи на работ на столицата од почеток (или поточно после првите 15-тина минути кои се малку досадни) па се до крајот. Секоја 1-2 минути се случува нешто возбудливо и страшно. Филмот е сниман во форма на документарец, со подвижни камери и мобилни телефони, така да одвреме-навреме може да ви се сврти во главата, постојано трчаат со камерите. Најдобар филм со огромно чудовиште што сум го гледал, по нивото на адреналин што го создава ги надминува и King Kong и Godzila.