Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641


Да беше малку подобар ќе беше срање

Штета трејлерот мислев дека филмов ќе гори као шумски пожар у австралија наместо тоа ладен туш
како логор у германија Прекрасна актерска екипа и добиваш срање производ последната сцена бале со пушката и Тишината која го долува кадарот не го сметаме слепиот отпозади шо се дереше

7-10
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Memento (2000)

Го имав ставено на watch later веќе подолго време и конечно се решив да го пуштам. Расположена бев за нешто вакво.

Човек, кој страда од губење на меморијата по смртта на неговата жена, користи белешки (т.е. фотографии од луѓето со кои зборува и на секоја од нив запишува што знае и открива за таа личност) и се тетовира по цело тело со цел да го најде убиецот на жена му.

Дејството се одвива ретроспективно, што многу ми се допадна. Цело време мораш да ги поврзуваш работите за да сфатиш што е што.
Филмиште!
Цел филм бев убедена дека убиецот е Теди, ама после последниот дијалог меѓу Теди и Леонард некако конфузно ми стана и морав да изгуглам. Значиии Леонард ја предозирал својата жена со инсулин. Уствари приказната за Семи е паралелна со оваа на Леонард.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.575
8 Heads in a Duffel Bag
Некоја сложена тематика нема филмов така што да се пишува некоја подолга рецензија нема да ви биде интересно. Томи треба да однесе во Сан Франциско 8 глави кај шефот на мафијта. Во авионот ќе се запознае со Чарли и на слетување ќе си ги сменат торбите. И цел филм се врти околу тоа 6/10 за тепање време солиден.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
Carrie (2013)
Едноставно морав да ја погледнам и оваа верзија. Океј, морам да признаам дека за некоја нијанса е подобар. Поускладено е се'. Дури и не е толку страшен. Подобри глумци има. Приказната е потполно иста, со сосем мали измени. Вчера го гледав и толку ми трае помнењето мене. :D Ама морам да признаам, дека не го долгедав до крај. Башка беше накај два саатот ноќеска, си викам, Таблето, поарно ти е да си легнеш. :icon_lol: Кога видов дека наидуваат пострашни сцени, толку беше. И денес изгледав уште нешто, ама не потполно до крај. Па си погледнав behind the scenes и полесно ми е. :D
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Човекот кој садеше дрвја ( The Man Who Planted Trees ) е анимиран филм кој трае 30 минути и е добитник на наградата Оскар за најдобар краткометражен цртан филм во 1987 година
http://en.wikipedia.org/wiki/The_Man_Who_Planted_Trees_(film)
Текстот го чита Кристофер Пламер, во англиската верзија, и Филип Нуаре во француската верзија. Режисер е Фредерик Бек
Филмот е снимен по истоимениот расказ, од 1953 година,
на Жан Гионо.
Во филмот се раскажува за овчарот Елзеар Бифие, кој живее осамен во еден оголен дел на Алпите. Тој пасејќи го своето стадо секој ден засадувал по сто семки од даб ( желати ). На тој начин, за неколку децении, засадил огромна шума. Насадувањето на оваа шума повторно го враќа животот во овој дел на Алпите.
Се работи за прекрасен филм, кој го гледале огромен број луѓе и кој е посебно омилен кај љубителите на природата и екологистите. Го има на Јутуб во верзиите и на Англиски и Француски јазик ( L'homme qui plantait des arbres ). Еве англиска верзија со титлуван превод на Српскохрватски

http://www.youtube.com/watch?v=Dw_7zbf1AZI
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
The Boy in the Striped Pajamas

The Boy In The Striped Pyjamas.jpg
Многу тежок и емоционален филм останав без зборови.
Другарство помеѓу две невини деца. Бруно син на командир на логорот го запознава Шмул кој пак е сместен во логорот. Тој не знае што се случува и каков е животот позади таа жица.

Hachi: A Dog's Tale

Hachi_poster.jpg
Не верувам дека некој го нема гледано филмот. Го гледам по 100ти пат. :D
Кучето е најдобриот пријател на човекот кој никогаш нема да те напушти. Приказна за еден професор и куче кое го наоѓа на железничка станица.
Philomena

philomena.jpg
Британска драма снимена според книгата Изгубеното дете на Филомина Ли.
Филомина непланирано има син но нејзиниот татко ја праќа да живее во манастир за да се покае за направениот грев, а детето е продадено. По 50 години таа тргнува во потрага по изгубениот син, а во тоа и помага Мартин.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
The Girl with the Dragon Tattoo 2011



Пред четириесет години, Harriet Vanger исчезнува од еден семеен собир. Нејзиното тело никогаш не било пронајдено, но нејзиниот чичко е убеден дека тоа е убиство и дека убиецот е член на својето дисфункционално семејство. Тој вработува новинар Michael Blomkvist , безмилосен компјутерски хакер Lisbeth Salander да истржат се што тој се сомнева.

Ептен убаво филмче(убава приказна).. има две верзии, оргиналот е Шведски но овој Америчкиот е по добро направен..пре ви би го препорачал..

ИМДБ 7.9
ЈАС ЛИЧНО 8+

Уживајте*
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
A Hard day's Night (1964)



Лејдиес енд Џентлменс, Д битлс. Далеку од последен, но да помине без рецензија не е фер стварно.

Као голем обожавател на Битлси, знаев дека има филм за нив, но никогаш го немав гледано, па решив да му седнам, да видам што е како е. Филмов е чиста перфекција, топло го препорачува, да го гледате со слушалки на глас 100ка на врнежливо време, така е најдобро, а плус ако сте обожаватели на Битлси, плус уште повеќе ќе ви се допадне.

Животот, патишествието на популарната група Битлси прикажан во 90 минути. Стварно ми го исполни срцето, толку е многу добар и го сметам за еден од најдобрите музички филмови на сите времиња. Нема што повеќе да се пишувам, изгледајте го, вреди.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Патот до кенгурите



Анета заедно со музичката група Молика се бават со свирење по свадби и слични веселби. Нивниот менаџер им наоѓа работа да свират во селото Клепач на свадба, но тие не се задоволни со тоа, бидејќи сакаат тој да им најде работа во Австралија. Тие се решаваат да му кажат дека повеќе не сaкааат тој да им биде менаџер, но се се променува кога ќе добијат покана за свирка во Австралија, благодарение на нивниот менаџер. За свирка во Австралија ги повикува еден од гостите на свадбата во Клепач.



Дефинитивно најинтересен филм кој го имам гледано во последниве неколку години :)
 
Последно уредено:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.575
Dirty Rotten Scoundrels
Сигурно сум го гледал филмов незнам некаде на последни 15 мин си реков леле го знам :) Двајца измамници случајно ќе се запознат во воз и по некој сплет на околности двајцата ќе се најдат на исто место каде што ќе оперираат. Затоа што за двајцата нема место на островот ќе се обложат за измама на една девојка и кој ќе и ги земе парите е победник... Одличен филм 10/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.575
Throw Momma from the Train
Не губете време со филмов по насловот и трајлерот изгледа одлично но е многу лош филм. Еден разведен писател на курсот кој го држи ќе се запознае со Лари кој има проблем со мајка му која не ја поднесува , па ќе му предложи тој да ја убие жената на писателот , а тој за возврат да ја убие мајка му. 2/10 Тапа
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Обично повеќе време поминувам одбирајќи филм отколку гледајќи го, но затоа ретко грешам :)

Главен батка е Mr. Walt Kowalski (Clint Eastwood), воен ветеран и човек огорчен од начинот на кој живеат луѓето денес, особено младите. One badass grandpa.
Филмот почнува со срмтта на неговата сопруга, по што останува да живее сам во својот дом.

Не ме бива за рецензии. Од мене цврста 9ка. Препорачувам.

А, и саундтракот е :cuc:.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.135
Поени од реакции
13.261
Hachi: A Dog's Tale



Прекрасен филм во кој е опишана љубовта која човек може да ја има кон куче и куче која може да ја има кон човек, повеќе ова второво. Со Ричард Гир во главната улога. Филм направен според вистински настан во Јапонија. Сите кои се љубители на филмови со кученца и на емотивни филмови обавезно да го гледаат, ако го немат :)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Her (2013)

гуглам Her за да најдам постер и ми дава слики од херпес...фала гугл

Филм за маж што се заљубува во својот оперативен систем.

Ќе почнам од приказната. Иако иднината е обработена во многу филмови, тука е прикажана на пореален начин. Во оваа иднина нема летачки коли, роботите (ОС) не го освојуваат светот, луѓето не се дебели и со испрани мозоци. Но најверојатно е така зашто филмот е научна фантастика која се концетрира на приказната наместо ефектите и акцијата. Ова ми се допадна многу. Доста ми беше од истите футуристички филмови, време е за нешто различно.
Ако навлегуваме од технички аспект во приказната, не ми се верува дека во блиска иднина, во наредните 100тина години, ќе имаме толку добар voice recognition софтвер што ќе може да нѐ разбира со зарипнат, тивок, емоционален глас. Нема ни да бидат толку напредни роботите/ОС за да имаат интуиција или нешто блиску до Саманта. Но веќе се развиени технологии за користење допир и „проектирање“ на тастатури. Но не е ни битно ова.
нема пукање тука, цело време само филозофираат и дрдорат
а стварно има такви тастатури, читав пред некое време на точка дека во Русија веќе имаат таква техологија ама ја кријат од Американците
Има доста многу сцени со close ups каде што им се гледа целото лице. Позитивната страна на ова е што многу подобро можеш да му ги видиш емоциите што ги проектира актерот со неговото лице. Затоа и можеш полесно да се поврзеш со ликовите. Ама па можеш да видиш и доста непотребни детали, а не можеш да ја видиш атмосферата околу него. Мене би ми се допаднало either way.
Сниман е филмов на убави места што се многу пријатни за гледање. Дури и канцелариите ми се допаѓаа. Eye candy си е од тој аспект.
Има и убава музика.
абе кој кур, акнале овие x100 зум у фаца и можам влакната на брковите да му ги бројам.
арно шо го глеав од замунда, ами ако го глеав на кино и клетките ќе можев да му ги видам
и шо толку снимаат плажи и градови, ако сакав да глеам такво нешто ќе си симнев позадини
Добра глума од Joaquin. Се докажа и заслужени му се сите награди и номинации. Со таква обработка на ликот, со толку многу screen time и close ups тој успеа реално да ги долови емоциите и на ликот и ни дозволи многу лесно да се поврземе и размислиме за ситуациите во кој тој се наоѓа.
кој е па вој сеа?? прв пат го гледам
и зошто не дадоа повеќе голи жени со цицки, ми скурчи од него цело време
само плаче, пичка невидена
Ликовите се навистина добро и длабоко обработени. Ми се допаѓа кога споредните ликови не се само фрлени и оставени во филмот колку да ги има. Во овој филм тие имаат влијание врз приказната, затоа филмот, како и главните ликови не би биле истите да ги немало споредните. Обично добрите ликови ги препознавам по тоа дека може да се направи драстична промена во приказната ако се извадат само неколку реплики од тој лик. А со ова се докажува дека се добро разработени и се внимава на детали. Исто така, репликите (линиите, може?) од филмов не би одговарале во други ситуации или во други филмови. Оригинално сценарио...
Оперативниот систем Саманта е прикажана само преку глас. Овде физичкиот изглед на ликот нема никаква улога, па затоа и мора сценаристот да даде повеќе внимание на дијалозите. Кога некој лик не може да претстави емоција или состојба преку физички изглед, тоа мора да се направи преку зборови.
зошто не се појави Скарлет бе? таман ќе и ги видев цицките
срање
Ова можеби требаше да го ставам во делот за приказната, но мислам дека заслужува посебен параграф. Ми се допаѓа што филмов ги тера гледачите да размислуваат. Не е mindless тинејџерска комедија со забава и цицки, па затоа е добра. Нели хипстери?
Како е да немаш физичко тело, туку само мисли? Дали ти би направил нешто вакво со ОС/робот? Дали би ги осудувал луѓето што ова го прават? Ги оправдуваш постапките на ликовите? Поставува и други прашања во врска со љубовта и животот, но овие беа тие што бар малку се разликуваа од други филмови.
Јас моментално не би го направил ова, зашто сепак мислам дека е есенцијално луѓето да имаат физички контакт меѓу себе, па дури и во врски што не се романтични. Но ништо не се знае за иднината. Никогаш и никој не би осудувал за нешто што прави, ниту во сегашноста ако некој го прави ова. Сѐ додека не им наштетува на други и тој се чуствува убаво, за мене е во ред...се заборавив, не е ова тема за Хомосексуалност :)
забегани брат, оти цело време седат по дома и не искачаат и затоа се такви
нема да видат пичка со око
да можеа ќе почнеа и со роботи да се ебат
Сигурно изоставив многу работи да спомнам за филмов, но така е кога не знам да пишувам рецензии. Не сакам да пишувам работи што би одговарале и за друг филм, затоа и пробувам поспецифично да коментирам само за овој филм.

Преводот не спојлер. Го направив за рецензијава да биде од стил: За сите, од 7 до Аnco 77 години. :D

tl;dr арно филмче со гикови и арно е прикажана иднината, малку паметно и малку мејнстрим, па ќе им одговара и на хипстери и на нормални луѓе и арни дијалози - таман цитати за на фејсбук

Немам оценка. Добар е филмот...
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.492
Поени од реакции
87.397
Можам да кажам дека ова е уште едно срање произлезено од Холивуд во немање на идеи. Незнам зошто упорно секогаш ги гледам римејковите на познатите филмови, само си го расипувам впечатокот од гледаното.
Кратка Содржина
- Специјални Ефекти
- Специјални Ефекти
- Патриотот Семјуел Л. Џексон
- Специјални Ефекти
- Специјални Ефекти
- Патриотот Семјуел Л. Џексон

И така цело време уште 3-4 пати. Приказната катастрофа, РобоКап може да трча, и да прескокнува четириметарски ѕидови. А крајот... е тоа мора да го искусите ако го гледате, толку "интересен крај" не сум видел на нитуеден филм што сум го гледал. Се на се уште еден филм од типот на Трансформери, Авенџерс, Ајрон-мен итн... каде што главен акцент се става на ефектите, а не на приказната на филмот. Позитивното во филмот е што го задржале оргиналниот фонт на букви, исто како во оној во 80-те, и добро познатото интро што е заштитен знак за РобоКап

ИМДБ оценка 6.6 :facepalm:
Моја оценка 3.0 преку сила
 

Kajgana Shop

На врв Bottom