Последен гледан филм со кратка рецензија

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
Femme Fatale
Онака крими филм со доста еротика во него. Планот за грабеж на дијамантски фустан ќе тргне наопаку кога Лори ќе реши да го земе за себе целиот плен и да избега со него. Потоа приказната продолжува 7 години подоцна кога нејзините партнери ќе излезат од затвор и ќе тргнат по неа. Понатаму подобро погледнете солиден филм за тепање време 7/10.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
The Hangover 2009


Долго време ми беше симнат во пц, ама никако не се најде време да го изгледам. Го изгледав, и добар е, се исплати. Интересен филм, комедија. 4 пријатели се, одат во Вегас, го губат едниот, кој има венчавка и неможат да се сетат што се случувало изминатата вечер за да го најдат. Во филмот се појавува и Мајк Тајсон, а и неговото милениче :D Кој го нема гледано, нека го гледа, супер филм за пополнување време. Деновиве ќе ги гледам и другите 2 дела :)
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
Stolen
Јак филм иако има неколку претерани сцени генерално ми се допадна. Грабеж на банка ќе тргне наопаку кога полицијата ќе ја пресретне бандата , а еден од крадците ќе биде оставен додека се враќа по пленот во рацете на полицијата. Но парите нема да бидат во торбата па приказната продолжува 7 години подоцна кога сите очекуваат да ги извади парите кои наводно се сокриени , а поранешниот партнер ќе ја киднапира ќерка му за да ги добие парите. Одлично 8/10
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
The Hangover II & The Hangover III



Откако го изгледав првиот дел, решив одеднаш да ги гледам и вториот и третиот. Првиот дел е според мене подобар од преостанатите два, бидејќи тоа е тоа типичното „мамурлак„ и интересни сцени, идеи, случувања. Вториот дел некако ми беше како копија, имаше и он интересни моменти, ама не беше тоа тоа. Третиот дел па некако не е баш ко првиве два, нема тука магично губење на пријателот, туку има видливо киднапирање :D. Тапа работа ми е некако околу филмов што овој Даг се некако од сенка доаѓа во сите три дела, прво него го бараа, после тој демек преку телефон комуницираше само, и третиот дел него го киднапираа, очекував и он да бара бар еднаш :(. Ален во третиот дел е лудило, многу кул лик :pos:Ликовите во трите дела се исти, тоа ми се допаѓа кај филмови со продолженија. Ако случајно има некој залутан ко мене што ги нема гледано, нека ги гледа. Филмовите не се нешто за 10 или за оставување длабок впечаток, ама се супер за пополнување време, интересни се :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Fighter (2010)



Вистинска приказна за Мики Вoрд (Марк Волберг) боксер кој менаџиран од страна на неговата мајка Елис Ворд (Мелиса Лео) и трениран од неговиот полу-брат, екс боксер Дики Еклунд (Кристијан Бејл) и нема баш успешна кариера.
Дики е поранешен боксер чиј најголем успех е нокаутот над Шугар Реј Леонард, зависник од крек и ситен криминалец. HBO снима емисија за него, тој мисли дека е за неговиот кам-бек на 40 годишна возраст но всушност во емисијата е прикажан неговиот наркомански живот.
Кариерата на Мики е водена од страна на неговата мајка, по еден неуспешен меч Мики сфаќа дека нема простор за напредок и одлучува да ја прекине кариерата.
Дики оди во затвор од каде ќе излезе како нов човек, во меѓувреме Мики чекори кон врвот во својата боксерска кариера.

Интересна спортска драма, Кристијан Бејл повторно за потребите на филмот драстично ја намалува својата телесна тежина. Класа глумец нема што.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
Pretty woman
Со Ричард Гир и Џулија Робертс и моето прашање зашто бе значи зашто филмов трае 2 часа и нешто ситно ? Филм со ваква тематика заслужи подобра еротика и требало да се плати за Џулија да ги прикаже градите мислам нема смисла. За приказната Едмон е заколнат ерген кој се занимава со берзански шпекулации , Вивијан е проститука која сака да живее побогато. Случајноста ќе ги спои двајцата и Едмон ќе ја изнајми за да биде со него цела една недела во луксузен хотел. Типична романса со малку хумор 6/10.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.650
Поени од реакции
81.700
Филм со Хју Џекмен (останатите не се битни :D ). Ден на Благодарноста, Келер Довер (Џекмен) со својата фамилија оди до кај соседите (Фамилијата Бирч) заедно да го прослават празникот. Додека траат подготовките за вечерата, Келер и Френклин ги пуштаат своите девојчиња да играат надвор. По некое време сваќаат дека децата ги нема, и почнуваат со потрагата за нивно најдување. Целата полиција во градот се заангажирува да ги најдат девојчињата, а главен осомничен е еден ментално заостанат човек.
Можеби дејството на филмот трае пребавно, нема специјални ефекти, и на моменти ќе ве фати дремка, ама доброто во овие 2 ипол часа колку што трае филмот е што до крајот не се знае кој ги киднапирал децата.

ИМДБ оценка - 8.1/10
Моја оценка - 7.0/10 пред се заради бавното дејство на филмот

Морам да напоменам дека има интересен крај (y)
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
Sea of love
Филмов има пред знак 18+:pos:. Незнам кој одлучува за предзнациве ама ја би го ставил во 12+ преку сила. За приказната Френк кој го глуми Ал Пачино е полициски детектив кој е веќе 20 години во службата и токму тогаш се случуваат сериски убиства на мажи кои преку оглас бараат жени. За да го фатат убиецот тој ќе објави оглас со специфично селектирани жени. Токму таму ќе ја запознае Хелен единствената на која нема да и земе отпечаточи. Филм солиден за тепање време 6/10.
Blow Out
Џек е тон мајстор и задолжен за специјални ефекти во филмовите. Една вечер снимајќи звук на ветер ќе сними и собраќајна несреќа на гувернер . Во колата ќе биде и Сали која Џек ќе ја спаси. Во болницата ќе добие инструкции да заботрави се што видел и слушнал таа вечер, но тој и понатаму ќе го следи инстиктот дека тоа е всушност убиство. 8/10
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
136

Alien
Еден од моите омилени sci-fi/horror филмови. По неодамнешната вест за смртта на H.R. Giger направив мал маратон со Alien и Aliens во чест на овој голем артист. Обично ги прегледувам на 2-3 години и никогаш е ми биле досадни.
Режијата е на Ридли Скот, одлично завршена работа. Глумците исто така, Сигурни Вивер како Елен Рипли е еден од најпрепознатливите женски хероини и тоа со причина. Дизајнот на Ностромо е клаустрофобичен и одговара прекрасно на атмосферата, вонземскиот брод и неговата внатрешност е еден од прекрасните дизајни на Гајгер заедно со xenomorph-oт (вонземјанинот) кој е едно од најчудните, извртени, гнасни, страшни а сепак толку прекрасни дизајни заедно со facehugger-от i chestburster-от, срањава се извадени од најлошите ноќни мори и се неповторливи.
10/10 would bang, глејте го филмов ако не сте го изгледале никогаш до сега, ремек дело.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
Gone baby gone!
Мислам филмов е со страшен крај незамислив буквална мистерија. Патрик е приватен детектив кој ќе биде ангажиран да пронајде киднапирано девојче. На случајот работи и славниот детектив Џек кој ќе назначи уште двајца полицајци за да се најде девојчето. Изјавите се чудни , а Патрик ќе дојде до одредена предност пред полицијата , но ќе се соочи и со корупција во полицијата. Што ќе се случи погледенте 10/10.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.650
Поени од реакции
81.700

Филмчево го препорачувам за опуштање, и на момент да се тргнете од дневните срања што ни се дешаваат во земјава.

Филм со Фримен, Де Ниро, Даглас и Клајн. Приказната е прилично лесна, еден од другарите на стари години решава да се жени, и ги кани преостанатите тројца да му се придружат во Лас Вегас на 2-3 дена пред свадбата. Мора да споменам дека покрај дедовциве во филмов, исто така ќе се изнагледате и добри фуфици :))))))))). Филмчето е лесно за гледање и тотално ќе ве орасположи, пред се заради старците кои си прават шега на сопствена сметка (нешто слично како Сталоне и Шварци кога се зезаат меѓусебе по филмовите :icon_lol: )

ИМДБ оценка: 6.7/10
Моја оценка: 8/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
Mr. Brooks
Па да Ерал Брукс е еден угледен граѓанин со страшна тајна тој е зависник од убивање на непознати двојки со специфичен потпис. Полицијата него го нарекува убиец со отисоци токму заради неговиот потпис при вршењето на убиствата се оди добро додека една ноќ не го слика господинот Смит како убива една двојка. Дечкото има страшен предлог да го земе и него за следното убиство. Според мене добар крими филм со доста болно сценари и целата битка во неговиот ум што се одвива е за почит претставена 9/10.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
The Ugly Truth
Жарн комедија/ романса дали има неочекуван крај не би рекол у принцип е добро позната приказна крајот ама сепак филмот е добар. Аби е тв продуцент која се мачи да ја подигне гледанота на нејзините емисии. Една вечер на некоја локална тв станица ќе ја начека емисијата Грозната вистина која ја води Мајк експерт за тоа што мажите сакаат од идеалната жена. Таа ќе се јави во емисијата и нејзиното јавување ќе го направи ѕвезда заради што директорот ќе го вработи во тв станицата , а Аби ќе мора да ја работи продукцијата. Опуштено филмче со солиден хумор 7/10.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Winter's Tale http://www.imdb.com/title/tt1837709/
Жанр / драма, фантазија, мистерија ... главни улоги колин фарел, расел кроу, вил смит, џенифер конли ... приказна за борбата на доброто со злото борба помеѓу демони и ангели борба за љубов . Колин Фарел го толкува ликот на Питер Лејк кој напуштен од своите родители е посвоен од демонот Перли ( Расел Кроу ) и обучен во еден од највештите крадци во Њујорк се додека еден ден не ја сретне црвенокосата Беверли која е на прагот од својата смрт во која се вљубува. Демонот Перли разочаран од тоа што Питер Лејк се обидува да го напушти и да оди по сопствениот пат пробува да го убие но не успева заради фактот што мисијата на Питер Лејк како ангел чувар е да ја спаси црвенокосата девојка но не неговата вистинска љубов туку девојче од иднината . Иако претепан и фрлен во река да се удави, Питер Лејк е исфрлен на копно но 100 години подоцна каде повторно се сретнува со Демонот Перли кој под заклетва на Луцифер ( Вил Смит ) ја губи бесмртноста за да го убие Питер Лејк ( Колин Фарел ). Тука повторно се сретнува со девојче кое е болно од рак кое подоцна сваќа дека е таа неговата цел заради кој тој преживува цели 100 години.
Не сум по бајки и фантазии но поради глумците се одлучив да го погледнам. Емоционален филм со фантастична приказна со прекрасна фотографија ... филм кој заслужува да биде погледнат а зашто не и да добие некој оскар . Оценка од мене 9.5/10 само заради тоа што е ептен емоционален на моменти па ве тера дури и да заплачете.
 
Последно уредено:

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Elite Squad (2007)
Ретко добар филм, одлична тема, уште подобар наратор, одработено во голем стил.
особено што е на повидок светското во бразил, па би било фино да се добие некаква престава за тоа со какви се проблеми се соочуваат бразилците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom