Последен гледан филм со кратка рецензија

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Revenge of the Nerds
Филмов има 4 дела јас издржав 2 другите два ги премотав само. Накратко бубалици на колеџ и нивното задевање од страна на посилните. Одмаздата се состои од многу мало ниво на користење на нивен мозок искрено очекував подобар филм ама тоа е. за тепање време првите два се добри.
The Heat
Филмов е што знам онака реална е оценката на Имдб 6. Приказна ФБИ агент е пратен на задача во Бостон за фаќање на криминалец. Во работата ќе се вмеша локалниот цајкан кој не ни личи на тоа повеќе е ко криминалец, а целата операција е следена од ДЕА. Кавги , пукотници и пијанчење. Ако сакате филмови со Сандра Булок гледајте.
Porky's
Мислам дека филмов е урнек за Американска пита бар мене така ми делуваше. Група момци желни за да ја изгубат невиноста одат во место каде е дозволена проституцијата , но место секс добиват ќотек. Тие се решават за реванш со газдата попатно има доста лудории во школото. 6/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
European Vacation
Семејството Гризволд во еден квиз ќе освои патување низ европа. Пат во Британија и заглавување во кружен тек. Во Германија Октобер фест и погрешна куќа за престој. Опуштена комедија ја би додал уште некој подобри заплети ама тоа е. 7/10
Porky's II: The Next Day
Авантурите на другарите продолжуваат , а сега е на ред да се спаси представата. Тие ќе сторат се за да се игра Шекспир и ќе се борат со сите средства против другите. 7/10
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Frozen

Елса има супермоќи со кои може да создава снег и мраз и после една незгода со сестра и` Ана, решаваат дека најдобро е да избришат се` поврзано со моќите од меморијата на Ана и никогаш да не и` ја кажат вистината. Нивните родители умираат во несреќа со брод, а Ана и Елса не се гледаат воопшто се до денот на крунисувањето, кога се дознава вистината. Супер е филмчево. Има доста смешни моменти и онака релаксирачко е. Читав критики на интернет, и наводно има луѓе што мислат дека има некоја геј агенда :pos: Мене ми е мило што не доаѓа „принцот на бел коњ“ да ги спаси. Конечно почнаа со малку понапредни приказни :D
IMDB оценка 8, од мене исто.

Gravity

Рајан, медицински инженер, и Мет, астронаут, работат заедно да преживеат откако поради несреќа ќе останат заглавени во вселена. Искрено, очекував малку поинтензивно да биде, а всушност имаше неколку сцени само. Мислам дека премногу очекував :( Супер приказна, ама не влезе во мојата листа на омилени филмови.
IMDB оценка 8.2, јас би дала 7.5

Her

Теодор се заљубува во неговиот оперативен систем. Исто очекував повеќе од филмов. Трае предолго и на моменти е досаден. И знам дека немаме појма што ќе можат компјутерите еден ден, ама дека ќе можат да чувстуваат, некако неможам да замислам. IMDB оценка 8.3 o_O, од мене 6ка

G.B.F

Нешто во стилот на Mean Girls, само што 3 различни „лидерки“ се тепаат за геј тип зашто е „ин“ да имаш геј бест френд. Ништо посебно. Главниот актер го имам видено во друга серија, и ко да заборавил да глуми. IMDB оценка 6.1, од мене 4.5
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Tommy Boy
Не неправат вакви комедии повеќе дефинитивно. Томи џуниор е син каков што татко му не очекува колеџот ќе го заврши по 7 години и малку делува ретардирано. Сплетките започнуваат кога неговиот татко решава повторно да се жени , а тој добива и брат :) . Сепак таткото умира на денот на свадбата , а компанијата треба да ја спаси Томи. Погледнете ги сите негови неволји. 8/10
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.481
Поени од реакции
7.960
Need for Speed



Нид фор Спид, филмот :) Прича која поише одговара за видео игра, доста сцени со возење, цуце со убаво муце и бритиш акцент, нешо како оној му ја скрши кичмата на братму па овој се навежба и отиде да му ја крша кичмата на брат му...

Ако сте фан на видео играта, топло ви го препорачувам филмот. Ако не сте фан на играта, топло ви препорачувам да го прескокнете, ќе заштедите едно 2 саати од својот живот.

Јас... ако го начекам у 3Д, има да го гледам пак, на обично кино... шо знам :) Уствари ќе го гледам пак бре, само нека помине малку време, носето на Имоген Путс може да се гледа пак и пак и пак...
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Captain Ron
Филмот е што знам онака за тепање време има некој смешни моменти. Авантурите започнуваат кога Мартин добива телеграма дека неговиот вујко во наследство му остава брод чија проценета вредност е 250000 долари. Тој решава да го земат бродот и да го донесат во Флорида за да го продадат. Најпрво жена му ќе се противи , но кога нивната ќерка ќе рече дека се верила тие тргнуваат на пат. Од сите морнари тие ќе го наимат Рон кој по се изгледа не знае многу за бродови... 6/10
My Fellow Americans
Филм со политичка содржина и онаа заднинска игра посебно местењето на атентати за да се добие претседателското место. Токму тоа ќе ги спои политичките лути ривали кои мора да се борат заедно ако сакаат да останат живи. Онака опуштена комедија коаја збори и за местење на избори со поткупување на гласови 7/10
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Dinner rush (2000)



Се работи за Џиџи кој е сопственик нa италијански ресторан во Џу Јорк. Неговите двајца синови работат како кувари во ресторанот. И двајцата се одлични кувари, но едниот од нив е зависник од коцкање и ќе стане должен на мафијата. Одлична драма-крими приказна, кој гледа ваков жанр го препорачувам.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.489
Поени од реакции
87.367
"I have come here to chew bubblegum and kick ass...and I'm all out of bubblegum." :cool:

Еден од полегендарните филмови на Џон Карпентер. Жанрот му иде нешто накај СФ, Хорор и Комедија. Џон Нада е еден типичен набилдан дечко со ужасна џигерица, кој својата среќа ја бара во Лос Анџелес. Таму наоѓа работа на едно градилиште, и набрзо се спријателува со Френк, кој истотака е набилдан црн ќелав дечко. Бидејќи Џон е нов во градот, нема свое место на живеење, па затоа живее во една дива населба блиску до една црква. Една ноќ полицијата упаѓа во населбата и ги растерува локалните жители... Џон утрото се враќа на местото, и влага во црквичето да види што останало од предходната ноќ. Таму тој наоѓа кутија полна со очила за сонце. Тој решава да го фрли цел пакет во ѓубре, и задржува само еден пар очила... одкако ќе ги стави на своите очи, забележува дека тие не се само едни обични очила за сонце...

Оценката на ИМДБ му е 7.3, што е и реално до негде. Тие што планираат да го гледаат филмов, нетреба да имаат преголеми очекувања, дека сепак се работи за ефтино филмче од 80-те, кое се стекна култен статус во пошироката јавност
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Don't Tell Mom the Babysitter's Dead
мислам дека насловот ја укажува поентата на филмот. Бејбиситерката ќе умре а децата ќе треба да се грижат сами за себе додека нивната мајка е на пат. Проблемот е што тие ќе ја остават бејбиситерката пред погребалното без да знаат дека кај неа се парите... Што знам 7/10
Chaos Theory
Сте се запрашале ли што ќе се случи ако задоцнев еден час колку ќе ми се смени животот? Токму тоа се случува во филмот само еден испуштен траект главниот лик ќе го вооведе до флерт и можен распад на бракот. 6/10
Foolproof
Крими филм не ми беше нешто посебно ама за тепање време е добар. Приказната стандардна невозможна кражба по нарачка на шефот на мафијата. Како ќе се одвиват работите погледнете не ме воодушеви сепак. 6/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
The In-Laws
Филмов е закон онака крими комедија . На кратко Марк сака да се жени и време е неговиот татко Стив да ги запознае родиотелите на невестата. Но Стив го следи ФБИ и има некоја работа со мафијата, а во целата таа авантура ќе го воовлече и Џери таткото на невестата човек со многу фобии.... 8/10
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Blue Jasmin (2013)

Точно е дека овој е многу подобар од филмовите за Лондон и за Париз.
Ама жал ми е што потрошив 2 саати на филмот. Глумата е претенциозна, приказната е безвезна, едноставно Вуди АЛен треба да се пензионира.
Ова повеќе личи на дипломска работа, отколку како на филм на Вуди Ален.
Пред некое време ги гледав неговите стари филмови и разликата е огромна.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.481
Поени од реакции
7.960
MUPPETS - Most Wanted



Како америте праат втор дел од популарен филм? Ја префрлаат приказната преку големата бара :)

Филмчево ќе им се допадне на сите фанови на мапетите. А ќе им е допадне и на сите деца. Приказната е горе-доле предвидлива но пак е забавна за следење. Изненадувања се познатите фаци кои се појавуваат на неколку секунди во различни делови од филмот. Пред да го гледам знаев дека ќе ги има пуно, но одлично беа распоредени во различни делови од филмот. Единствено ми е криво што излегов од киното некаде на средина на ендинг кредитс, затоа што Фази се појавува на ептен на крајот на филмот. Изгледа ова е нов тренд во филмовите на Дизни.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Saving the private Ryan

Филмот е нешто сличен односно е дел од калиброт филмови слични на Титаник, што се однесува до креирањето на приказната, значи, војник во Втората светска војна ја објаснува Инвазијата на Нормандија, а Спилберг го прави филмот. Во почетокот на филмот се зборува како обединетата Американска, Канадска и Британска војска со транспортни бродови (Од периодот на 2СВ) ја инвадираат Нормандија и однесуваат пирова победа, се рушува сонот на Хитлер и се срамнува со земја авангардниот проект на нацистичка Германија, Атлантскиот зид. Подоцна во филмот дејствието се пренесува во спасување на Евреи,Руси,Американци,Британци на територијата на Нормандија. И на крајот следува битката во град во Нормандија (Мислам дека се зборуваше за Авр). Сојузниците ја носат победата. Длабоко се отвора Западниот фронт, започнува пропаста на Третиот рајх. Филмот е еден од моите омилени, строго го препорачувам!
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
The Forgotten

На една мајка и` кажуваат дека син и` никогаш не постоел и дека се` си има измислено.
Многу добар филм. На моменти се прашуваш кој е во право. Непредвидлив е и тоа многу ми се свиѓа.
ИМДБ има 5.8. Јас би му дала 8.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.806
Поени од реакции
11.421
Anchorman 2: The Legend Continues (2013)


Продолежение на легендарниот кец.
Овој пат Рон почнува од нула, стигнува до врвот каде се плеска на земја опасно. И после камбекот е опасен. Башка Вил Ферел....чао пријатно. Не ме бива за објаснување, симнете го и смејте се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom