Последен гледан филм со кратка рецензија

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.622
Поени од реакции
12.433
Buried ( 2010 )

Со исклучок на Рајан Рејнолдс,се во врска со филмов се анонимци, од продукција ( шпанска ) до режисер (шпанец).

Кратка рецензија стварно не знам да направам за филмов. Да кажам нешто повеќе од „човек се разбудува жив закопан во ковчег “ , премногу ќе изсполјовам :). Буквално секоја сцена треба да се доживее хронолошки.
Бокс офис и критички успех. Учесник на Санденс, со позитивни реакции. Оцена на ИМДБ е 7, ја би повеќе накај 8 ради тие последните сцени во филмот

. Предобар трилер, иако подобро е да речам НЕНОРМАЛНО добра глума на Рејнолдс, со оглед дека сам го носи целиот филм, и во 90 минути успева да ја предизвика секоја емоција што поимот трилер ја носи, бес, тага, страв итн итн.






П.С: Дај и некој друг нека се вмеша на темава :D 3 филма во 5 дена од мене...срамота :D
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.481
My Cousin Vinny

Леле се чудам како досега не сум го гледал филмот една од најдобрите комедии што некогаш е снимена.
Двајца другари се обвинети за убиство на продавач во која тие погрешка ќе украдат една конзерва од 33 центи. единствениот спас е нивниот роднина кој наводно е адвокат со 6 месечно искуство , а ова му е прв случај во судница. Целиот судски процес и сите неволји што ќе ги поминат едноставно треба да се видат . 9/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.481
The Whole Nine Yards

Замислете си вашиот нов сосед е платен убиец кој само што излегол од затвор. Вие сте во долгови , а вашата жена доаѓа до генијална идеа да се убие соседот чија глава најверојатно е уценета. Имено вака поставена приказна си мислев дека знам што ќе гледам ама филмов е неизвесен до последната минута. Погледнете ги сплетките на наивниот забар и суровиот убиец и очекувајте го неочекуваното 10.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Everybody's Fine

Everybodys-Fine.jpg
Френк е вдовец кој по смртта на неговата жена ги собира децата на ручек. Сите му откажуваат но тој и покрај здравствените проблеми се решава да ги посети. Така дознава некои работи за децата кои неговата жена ги криела. Сите ги кријат лошите само да не создадат болка кај најблиските.

7/10

The Reader

p_26783.jpg
Мајкл започнува врска со Хана, жена која е два пати постара од него и сака кога некој и ги чита омилените книги.
Хана еден ден мистериозно исчезнува, а Мајкл останува сам. Осум години подоцна, додека Мајкл е студент на правен факултет и ги следи судењата за воен криминал на нацистите, тој ја среќава Хана но овој пат како обвинета во случајот. Додека нејзиното минато се открива, Мајкл дознава за една голема тајна која ќе го промени животот на двајцата.

8/10

 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.481


Ransom
Филм со игра на нерви. Приказна Том е познта личност и неговиот син е киднапиран. Киднаперот бара 2 милиони долари вистинската забава почнува кога Том ќе реши да понуди награда за киднаперот на неговото дете жив или мртов. Има неколку недостатоци ама ок филмче е 7/10.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
The Art of the Steal (2013)

The_Art_of_the_Steal_poster.jpg

Стварно фантастичен филм во режија на Џонатан Собол, со Курт Расел и Мет Дилон во главна улога. Станува збор за организирана банда на крадци на уметнички дела, но во последниот грабеж постои и нешто друго-одмазда. Поради што и на кој начин ќе биди истата изведена, треба да го погледнете филмот. Мислам дека нема да зажалите.

Оценка 10/10
Закон филмче! (y)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.644
Поени од реакции
81.681
Во последно време (додека бев баниран), гледав филмови правени според делата на Стивен Кинг... да се разбереме, не ги гледав оние познатите што успеале на филмското платно од типот на The Shining, The Green Mile, The Shawshank Redemption итн да не набројувам, туку оние што се правени со мал буџет, и што не се прославиле низ кината... затоа ќе ги издвојам овие и ќе направам кратка рецензија за сите филмови.

Филм со Емилио Естевез... Во 1987 година Комета прелетува блиску до земјата. Дејството се одвива вооглавно во едно кафуле на еден од автопатите низ Америка. И како секој нормален ден, работите си течат нормално, се додека машините не почнат да ги напаѓаат луѓето. Стивен Кинг изјави дека ова е најглупиот филм снимен според неговите дела. Оценката на ИМДБ е нереална, од мене има 3,3. Премногу предвидлив филм (n)

Добро, овој е прилично познат филм... филм кој има многу продолженија во подоцнежните години. Ама ај кратко и за него една рецензија.
Главните улоги ги толкуваат Питер Нортон и Линда Хамилтон. Во едно помало градче децата извршуваат масакр врз своите родители, и основаат своја секта која централното место и е во нивите во Пченките. Секое од децата што ќе наполни 18 години, ќе мора да умре, таков им е култот. Еден ден на еден од водачите, му се сонува сон, каде што неговиот Бог му кажува дека ќе го стави нивното верување во него на испит. Во градчето ќе дојдат двајца "неверници", маж и жена кои ќе треба да ги убијат. Тоа и се случува... Нортон и Хамилтон поминуваат низ тоа градче...
Оценката на ИМДБ е 5.6, јас би му дал 6.0 оценка

И овој е прилично предвидлив хорор филм, го имаат давано на Сител 3. Во првите пет минути ќе разберете за што се работи. Чарлс и неговата мајка Мери се Sleepwalkers, некакви си стари антички мачки-врколаци, ако може така да ги опишам, и се последните од нивниот вид. Тие често се селат од градче во градче, барајќи потенцијална жртва за да можат да се нахранат од нивната крв. Нивната следна дестинација е едно помало градче во Индијана. Барајќи ја следната жртва, Чарлс се заљубува во Тања, студентка со која учат во исти клас. Оценката на ИМДБ според мене е реална

Овој најмногу ми се допадна од гореспоменатите филмови. Били е дебел, самобендисан адвокат кој работи во локалното градче, и се обидува да држи диета заради преголемата тежина. Една ден во градчето доаѓа цигански карневал, со цел да ги забавува локалните жители, и да соберат некоја пара. Истата ноќ, додека Били се вози со својата жена, оваа му понудува да му го испуши Мини Ми :icon_lol:. И така додека женава орално го задоволува, адвокатот прегазува постара жена... испаѓа дека жената е член на циганскиот карневал. И нормално Били е адвокат, па со помош на судијата и "сведокот", неговиот личен пријател полицаецот ја избегнува казната, и не завршува позади решетки.Случајот е окарактизиран како несреќен случај. На излагање од судницата, го пресретнува најстариот и најавторитетниот циган од циркусот. Циганот со раката го помилува Били за лицето, и му фрла циганска клетва... По неколку денови дебелиот адвокат почнува постојано да слабее, слабее, слабее и слабее без престан. Оценката на ИМДБ е 5.6, јас би му дал најмалку 6.6 пред се заради интересниот крај.

Толку :icon_mrgr:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Окупирана сум со оскаровските филмови периодов...Ќе напишам на кратко...

Blue Jasmine (2013)




Стилот и харизмата на Вуди Ален ги чувствував во секоја секвенца од филмов...Прекрасна драма, оригинално сценарио и одлична глума на Cate Blanchett...Крајот исто така типичен за Вуди Ален - остава гледачот да си го дешифрира и да си ја извлече пораката...Се на се, добар филм и лесен за гледање, можеби не толку моќен ама квалитетен е барем според мене...

Philomena (2013)



Уште една преубава драма со јак емотивен набој...Иако ова е веќе видена приказна (жена во поодминати години после повеќе обиди неуспешни се разбира, повторно го бара својот вонбрачен син којшто е даден на посвојување пред неколку децении од страна на калуѓерките во сиропиталиштето во кое е згрижена...), овој филм за мене има два моќни моменти- како што кажав јаките емоции што ни ги пренесува и моментот кога го вади на виделина прљавиот веш на закоравените католички свештени лица и калуѓерки некаде пред 5 децении во Ирска и и општо на католицизмот...Филмот задира во некои прашања, кои според мене католичките верници нема никогаш да успеат да им ги одговорат на атеистите, а кои прашања - погледнете го филмот најдобро...:)


Captain Phillips (2013)




Огромен американски карго брод натоварен со контејнери хуманитарна помош е нападнат од сомалиски пирати на сред Индиски Океан...Филмов е направен според вистинска приказна и во главна улога е Том Хенкс, така да неможе да е лош ама мене некои случувања ми беа многу нелогични, како на пример фактот што цела американска морнарица е запознаена со нападите на пиратите врз амерички бродови , но сепак истите тргнуваат на пат без никакво обезбедување и оружје, едноставно екипажот е тотално без механизам за одбрана, освен ако не ги рачунаме огромните црева за прскање на вода...Филмот не е досаден за гледање, има многу возбудливи моменти...
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.481
The Whole Ten Yards
Типично кога се прави продолжение некој филм дека може да се зезне. Проделжените авантури на забарот и платениот убиец не беа толку фанцинантни како во првиот The whole nine yards . Се дознава дека Џони е жив и се игра игра на нерви мислам дека има реална оценка од 6! Добар за тепање време ама не е солиден како првиот дел.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.481
Ruthless People
Заглавив со некој постари филмови :) Замислетеси го следното вие сте славна личност ви ја киднапират жената и ви наложуваат ако повикате полиција или тв таа ќе умре и вие го правите токму тоа :pos:. Имате љубовница но и таа кова заговор против вас , а тука е и полицијата која мисли дека вие сте киднаперот. Одличен филм незнам како досега не сум гледал ваква врвна комедија 10.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Twin Peaks- Fire Walk with Me

Конечно, откао ја излгедав предн некој ден серијата Twin Peaks, време беше и за истимениот филм, воедно и последниот долгометражен филм од Линч кој не ми беше гледан.

Најважно е да напоменам, овој филм не треба да го гледаат оние кои не ја гледале серијата. Прво, затоа што оние кои не ја гледале ниту планираат да ја гледаат нема да разберат ништо од филмот и ќе им биде еден чуден, нејасен и бизарен филм (типично за Линч). А оние пак кои мислат да ја гледат серијата, ако го изгледаат прво филомот ќе видат еден куп спојлери и целосно ќе си го уништат филиногот за серијата.

Е сега за филмот. Филмот, снимен една година по завршувањето на серијата го сместува дејството пред настаните од серијата и е поделен на два дела. Првиот воведен дел каде двајца ФБИ агенти- кои ги играат Крис Азјак и Кифер Сатерленд ( смешно ми беше каква улога има во филмот Сатарленд, нешто сосем различно од што иначе сме навикнале да го гледаме) го истражуваат убиство во друг град кое претходи на легендарното убиство во Твин Пикс по кое се популаризира серијата. Вториот дел ни ги дава последните денови од животот на Лора Палмер, при што ни се разјаснуваат некои работи, а некои работи уште повеќе се заплеткуваат. Во филмот се појавуваат одреден дел од актерите во серијата, но со помали улоги, фокусот е ставен на Лора Палмер и нејзината приказна. А нормално, присутен во филмот е и безвременскиот свет на алтернативната реалност- попознат во серијата и филмот како Black Lodge.

Кога излегол овој филм, далечната 1992 година, дочекан е на нож, со многу негативни критики и негодувања. Но, мое мислење, а читајќи и еден куп рецензии на други фанови на IMDB е дека како старее овој филм станува подобар. Сепак, во тоа време, филмот, ваков каков што е бил премногу за американските критирчари, а веројатно и за еден дел од фановите на серијата, поради промената од онаа идлилична атмосфера на малото градче во серијата, во брутално-бизарно искуство во филмот. Сепак, серијата не беше целосно дело на Линч, а овде тоа не е случај.

Филмот е типичен Линчовски, овде, за разлика од серијата, Линч ги нема стегите и ограничувањата на ТВ форматот, па во филмот има многу насилство, голотија, секс, бизарности и нереални светотови. Огромена причина зошто мене ми се допаѓа филмот е и ненадминливиот саундтрак, дело на долгогодишната соработка на Линч и Анџело Бадаламенти.
Има сцени во филмот кои длабоко допираат до гледачот. ја сфаќаме и доживуваме целата болка на Лора Палмер, причината за нејзиниот живот и уште поважно, причините за нејзината смрт.

Не очекував, но овој филм за мене е на самиот врв на Линч, рамо до рамо со Mulholland, Blue Velvet, Lost Highway. Несфатен и неприфатен од многумина, пред се од причина што филмот е врзан за ТВ-серија, сепак е вистинско ремек-дело на Линч, сцените, целата атмосфера, музиката, глумата- перфекција. Мислам дека е еден вид предвесник на другите одлични филмови кои следуваат после.

Од мене, филмот добива една голема деветка- 9/10.

А ова подолу е out of the world experience:
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Ragnarok (2013)

ragnarok-movie-poster-2013.jpg

Одличен филм за сите оние кои сакаат мистерија и Нордиска историја и митологија. Во филмот е прикажан судирот помеѓу античкиот и соверемениот свет, кога еден археолог ќе се обиде да го дознае значењето на руните пронајдени на дракарот на викингот Осберг.

Го препорачувам да се гледа. Според мене, фали малку повеќе акција и крвопролевање, но и вака не е лош.

Оценка 8/10 :)
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Don Jon

Се работи за дечко кој живее во Њу Џерси и го интересираат само семејството, пријателите, вежбањето, излегувањето, црквата и порно филмовите. Откако ќе сретне девојка за која ќе се заинтересира, пробува да се откаже од зависноста (т.е. порно филмовите) :D
Можеби не звучи многу интересно, ама филмот е многу различен од се што сум видела и крајот е одличен. Не е онаа типична романтична комедија.
ИМДБ има оценка 6.8, јас му давам 9ка :)
 
B

BooBojan

Гостин
I, Frankenstein - Јас Франкенштајн


Филмов на ИМДБ има 5,4. Според мене може да има барем +1 оцена.
Искрено после гледањево на филмов, пријатно сум изненаден од комплетно целиот филм. Мене ми се допадна, филмот, со приказна за Франкенштајн која држи вода, но оние пресметки помегу ангелите и демоните(па згора на се и останале незабележани од луѓето) ми се нереални, и можеби можело да биде подобра приказната.

Приказната мене лично ми е добра, и може да помине, актерската екипа солидна, ефектите добри.
Можеби режисерот можел филмов да го изрежира со повеќе пресврти и нешто подетално навлегување во приказната...
Од мене филмов има 7ка.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.481
Black Sheep (1996)
Класика опуштена комедија црна овца ја има во секое семејство нели ? :) Кога Ал ќе се кандидира за гувернер неговиот брат Мајк е единствениот кој може да ги расипе плановите. Се што може да се каже дека неволјата го привлекува Мајкал или е личност во погрешно време на погрешно место. Посебно Дејвид Спејси му дава дополнителен шмек на филмов . 8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom